TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

Крег е еден од оние театарски апостоли (како споредбеност со верата), кои оставиле траги на “мајката сцена” (Мајката Божица како споредба) со своите ставови и сфаќања за театарот, за феноменот на театарот. Се разбира нам ни е полезен, за да се повикаме на театарското траење и прилагодување на распетието меѓу елитноста и масовноста. Во суштината и двата театра, стариот – античкиот и новиот – верскиот ја имаат појдовната кота на елитна посветеност, а секако и крајната цел на масовноста, за да се прикаже или покаже моќта, силата, даденоста за владеење на владетелите. За да се слави Бог и владетелот, секако. За да се држи во покорност народот. Да му се покаже, одигра, прикаже кој е владетелот и кого народот треба да го почитува заедно со Господ Бог. Ако ги анализираме мотивите за свеченостите и процесиите во театарот и црквата организирани и спонзорорани од владетелите ќе дојдеме до мотивите за нивното одржување. На некој начин се работи и за елементи на поучност, за одредена кота на образување и образование. Секако, и покажување на одредена власт, правила, кодекс на однесување во славата-процесијата-таинството и во самиот живот и мотив, активно учество да земат народот и гледачите во процесиите на сцената и театарот и во верските храмови, да се почувствуваат важни, живи, дека и тие се битни за Бог и владетелот, а елитната култура да премине во масовна. Учество во стилот на палење свеќи, кажување, молитви, крстење, пеење свештени химни, дарување предмети на иконите и олтарите, степен на верба и сл.

Во современиот градски театар, пак, учеството на народот, односно на гледачите е со емпатија, чувствата на актерите и приказната на сцената ја доживуваат како своја. На некој начин со нивното воведување во играта, приказната, дејството на сцената имаме премин од елитност кон масовност. Се случува обнародување на сценската уметност, патека од елитната кон масовната култура.

МОНОКЛ

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

2, Унковски и Ќирилов

Искусниот Слободан Унковски ќе рече: “Логиката на новата форма е поинаква од логиката на составните делови и тој микс отвора нов поглед во сфаќањето на театарската игра, а можно е и на театарската форма. На пробата, на моето работно место, сî можам да направам и од ништо не се срамам, ниту плашам. На цивилизацијата, која полека потонува во неизесност и со тоа нî прави очајни, и онака не можам да í помогнам…“

Додека пак, еден од двајцата главни “виновници“ за Битеф (заедно со Мира Траиловиќ), Јован Ќирилов кој на извесен начин е синоним за Битеф, зашто е селектор од основањето на Фестивалот, во врска со новите театарски форми подвлекува: “Уметноста е секогаш индивидуална кога е голема.  Нема вистинска уметност која не е и напредок кон некоја нова форма, со тоа што ништо, се разбира, не може да биде апсолутно ново. Во секој случај, нешто ново се раѓа. Немам сî уште способност за вистинска синтеза, но чувствувам дека тоа се случува. Уметниците, посебно поетите, први го воочуваат чувството кое живее во луѓето, ја насетуваат новата чувствителност, тие тоа први го изразуваат, први пеат за тоа, а читателите го препознаваат. Не знам што ќе се случи со уметноста, тука дури не ми помага ни онаа лулашка помеѓу романтичното и реалистичното, помеѓу ирационалното и рационалното. Не сум сигурен дека овој сегашен ирационален код ќе биде заменет со реалистичен. Може да се случи, но не мора. Луѓето постојано го бараат новото, но ми се чини дека не се занимаваат доволно со она што останува зад нас, што опстанува во стварноста и уметноста.  Така и во уметноста сî што е зоздадено – тоа и понатаму постои. И колку “Битеф“ и да се труди, како и некои други фестивали, да го покаже она што е поинакво и ново, што е многу добро за една конзервативна средина како што е нашата – а која е таква затоа што и школата нí е конзервативна, зашто не се предаваат новите техники – мораме да бидеме свесни дека и најконзервативните форми сред овој нов свет  постојат и понатаму, мјузикл, оперета, кабаре, бел балет, сето тоа и понатаму има своја публика. Сето она што е еднаш создадено – човештвото не го испушта од рацете“.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

3. ТЕАТАРОТ КАКО РЕЛИГИЈА

Но, да се вратиме на театарот и светилиштето. Нив ги поврзуваат неколку елементи. Свештенодејствија, дарување, обраќање кон Бога, хор, поучен дијалог и приказна (верска), свечен процес, градба која наликува со споредување една на друга, олтар во храмот и античка сценографија како изграден ѕид на антички театар, посветени учесници, верници – актери и други елементи. Секако и места зад олтарот и зад сцената. И накрај поаѓање од елитност и посветеност до масовност и религија за сиот народ (покрстување во храмот или театарска премиера во театарот). Верата поаѓа од неколкумина избраници и понатаму се доаѓа до масовност. Исто така и театарот се подготвува од неколкумина вереници, за да дојде до јавност и масовност со премиерата, односно соочувањето на претставата со гледачите. Несомнено базичните принципи на создавањето се слични, да не речам идентични. Тоа ни покажува дека почеток на обете институции бил од едно било, русло, извориште. Од потребата за духовно изразување. Или можеби како потреба на средба со Бога.

 

Секако, на почетокот за двете институции црквата и театарот е потребен чин на вера. Вера во процесот на создавањето. Во себе. Во самиот живот. Верба во Бога. “Нејсе”. Или верба дека создаваме нешто што има смисла како театарската творба. Верба. Религија. Посветеност. Предаденост.

ТЕАТАР ГАВЕЛА

 

· Драмски театар Загреб до 1970 година, а потоа – Гавела

НА 29 мај 1953 година во Загреб е основан Драмски театар Загреб (ZDК). Сегашното име му е познатиот Драмски театар “Гавела” од 1970 година, а подоцна се додава “градски”.

Основањето на театарот е иницирана на 29 мај 1953 година група млади актери, а за прв директор на новоформираниот театар е назначен Перо Будак, хрватскиот драматург, поет и раскажувач. Поради обновување на просторот и реновирање на зграда во Франкопанска (според дизајнот Божидар Рашич ) првото шоу (Во кампот и Голгота на М. Крлежа) се настапило на турнејата во Суботица, додека театарот за гледачите ги отвори своите врати на 30 октомври, 1954 година, со перформанс ‘‘ Голгота ‘‘ на Мирослав Крлежа , во режија на Бранко Гавела. 

Основната интенција на основачите е да се воспостави нов театар кој, со, можноста за поинаков театар, па репертоар и стил, во опозиција, од традиционализмот на народниот театар, (ХНК) ќе го утврдат директорите Бранко Гавела, Младен Шкиљан, Коста Спасиќ, Дино Радојевиќ, Георгиј Паро, Божидар Виолич, Паоло Маџели, Желимир Месариќ, Мирослав Meѓиморец, Петар Вечек како и плејада позати актери на хрватското глумиште.

Бранко Гавела во пролетта 1959 година ја напушта ЗДК за завршувањето на последните две претстави, “Затворени простории” од Греам Грин и Држиќевата ” Тирена”. Три години по напуштањето на својот театар, Гавела го напушта овој свет.

Еден цитат најдобро го опишува значењето на Бранко Гавела за хрватскиот театар, а е запишана многу подоцна, по неговата смрт: “Со неговото раѓање на 28 јули 1885 година, светот доби необично дете, а неговата смрт на 8 април, 1962 година донесе непоправлива загуба на гениј.”

Во чест и спомен на театарот Гавела од 1973 година, се одржуваат “Гавелини вечери” ( до 1991 година се одржаа 19 пати, по што згаснаа, а во голема мера тоа се должи на војната во Хрватска). По четиринаесет години пауза, во октомври 2005 година се одржаа ревитализирани, јубилејни 20. “Гавелини вечери”, како почеток на нов живот на овој фестивал. Од 2013 година и 28 нивното издание на “Гавелини вечери” станаа национален фестивал, па така, гледачите се во можност да ги видат најдобрите изведби на јавните национални и градски театри во Хрватска. Селекторите на “Гавелини вечери” се сменуваа секоја година, а Наградата,секско е именувана по основачот на театарот на Франкопанскa, д-р. Бранко Гавела.

Театарот Франкопанска улица во Загреб, со преку 330 премиер прерасна во една од најпознатите и ценети театарски институции во Загреб и Хрватска. Театарот го негува принципот на “колективно дело”, оставено наследство од Бранко Гавела.

Како и секоја институција, особено во театарот Гавела во чиј рамки се случува толку многу театар, многу настани го одбележаа патот развојот -пристигнувања и заминувања на актери, сеќавања на “подобро минатото ” и вознемиреност од ” неизвесна иднина “, одлика на вистинска заедница со големи остварувања, но и конфликти и кризи.

Но, Гавела секако ги оправда годините на своето постоење нема отстапување од основниот принцип театарот, ” уметничкиот оптимизам ‘‘.

ГРАВЧЕВСКИ ВЛАДИМИР (1936 – 1978)– актер

 

Гравчевски, Владимир (1936 – 1978),
актер со огромна љубов кон театарот, кој покрај својата актерска дејност, несебично ја ширеше љубовта кон театарот кај младите. Несебично пренесувајќи го своето големо познавање на законитоста на театарот врз аматерите – членови на Младинската сцена, истата стана расадник на нови
кадри за битолското глумиште, а воедно и за македонското. Режирајќи претстави на Младинската сцена, со својата студиозна работа со секој актер, ја всади љубовта кон театарот кај овие млади луѓе, кои животниот пат по завршувањето на Академијата за драмски уметности го продолжија како зрели актери на сцената на битолскиот театар.
Роден е во Велес, во 1936 година.
Основното и средното образование го завршува во својот роден град. По неколку сезони настапување во велешкиот театар, во 1961 година доаѓа во Битола и се приклучува кон колективот на Народниот театар. Прераната смрт во 1978 година ја прекинува неговата животна развојна линија.
Во историјата на битолскиот театар остана како актер со огромна љубов и волја кон театарот и како самопрегорен деец.
Во периодот во кој работи остава солиден опус на креирани ликови: ликот на Голуб во „Вук Бубало“ од Бранко Ќопиќ (1962), Томче во Чорбаџи Теодос од Васил Иљоски (1962), Кулин во „Бура“ од Н. Островски (1963), Колин Тарбет во „Светлиот пламен“ од С. Мом (1964), Родриго во „Отело“ од Вилијам Шекспир (1970), Мимискит во „Нечиста крв“ од Б. Станковиќ (1971), Џим Скат во „Нашето бебе“ од Н. Мајо (1972), Пера Калиниќ во
„Госпоѓа министерка“ од Б. Нушиќ (1973), Херман Милер во „Две кристални чаши“ од И. Раос (1974), Пијаниот граѓанин во „Изгубеното писмо“ од Јон Лука Караџале (1975), Матичарот во „Свадбата на Мара“ од В. Костов (1976), Јаблан во „Фамилијата Бло“ од Љубинка Бобиќ (1976) и др. Негова последна ролја беше ликот на Темелко во „Време за пеење“ од Петре М. Андреевски (1977). Како режисер потпишан е на претставите „Незакопани мртовци“ од Ж. П. Сартр (1969), „Кој ќе го спаси орачот“ од Ф. Гилрој (1971), „На отворено море“ од Славомир Мрожек (1972), „Две кристални чаши“ од И. Раос (1974), „Четворка“ од Славомир Мрожек (1976) и др.

Замина Сем Шeпард, ( 1943 – 2017 )

 

 Aктер и драмски писател

01.08.2017

Роден е Самуел Шепард Роџерс III    5 ноември 1943 година
Форт Шеридан, Илиноис, САД
Починал 27 јули 2017 (на возраст од 73 години)
Мидвеј, Кентаки, САД

Неговото последно појавување на екран беше во Нетфликс серијата „Бладлајн“, а критиката последен пат високо ја оцени неговата театарска глума во оф-Бродвеј продукцијата на „Број“ на Карил Черчил од 2004

Сем Шепард, актер и еден од најважните и највлијателлните драмски писатели на театарското движење „Оф Бродвеј“ почина во 73. година од животот и зад себе остави повеќе од 40 драми, 70 улоги на филм и во телевизиски серии, есеи, мемоари, романи.

Тој во своите текстови се занимаваше со темната страна на животот на американското семејство. Го сметаа за еден од најоригинлните гласови на својата генерација.

Како актер, Шепард настапи во десетици филмови, а во 1983 година беше и номиниран за Оскар за споредна машка улога во филмот „Пат во вселената“.

Шепард во својата кариера напиша и 44 драмски дела и поголем број романи, мемоари и куси раскази. Во 1979 година тој ја доби и Пулицировата награда.

Како дете кое пораснало на ранч во Калифорнија, Шепард во своите дела најчесто пишуваше за теми поврзани со експлозивните семејни состојби и со машката доминација на американскиот Запад.

Како актер, тој оствари повеќе од 70 улоги на филм и на телевизија. Играше во фимовите „Бејби бум“, „Челични магнолии“, „Досие Пеликан“, „Слеп хоризонт“, „Френсис“, „Париз, Тексас“, „Кукавичкото убиство на Џеси Џејмс“…

Глумеше и во театар за што добиваше одлични критики.

Беше познат и како автор на кратки приказни, есеи и мемоари.

Доби Пулицерова награда за „Закопаното дете“ во 1979, а уште две негови драми беа номинирани за истата награда и беа прикажувани на Бродвеј

Неговото последно појавување на екран беше во Нетфликс серијата „Бладлајн“, а критиката последен пат високо ја оцени неговата театарска глума во оф-Бродвеј продукцијата на „Број“ на Карил Черчил од 2004.