Џорџ Орвел ( 1903 – 1950 )

 

Џорџ Орвел (англ. George Orwell) е псевдоним на британскиот писател Ерик Артур Блер (25 јуни 1903 – 21 јануари 1950). Познат како политички и културен коментатор, Орвел е еден од најпочитуваните англиски есеисти од 20. век, иако тој е најпознат по двата романи што ги пишува во доцните 1940-ти, политичката алегорија „Животинска фарма“ и „1984“. Втората книга опишува тоталитаристичка дистопија толку живо, што поимот „орвелизам“ денес често се користи во описот на различните видови контрола на мислата.

Учествуваше во Шпанската граѓанска војна во редовите на ПОУМ (Работничка партија за марксистичко единство). Гледајќи ја во практика дволичната политика на комунистите, Орвел се враќа од Шпанија како убеден антисталинист и антикомунист, но и покрај тоа остана левичар, или поконкретно, демократски социјалист. Како резултат на своето искуство во Шпанската граѓанска војна, Орвел го напиша својот мемоарски спис – „Во знак на почит на Каталонија“

Литературно творештво

Романи

Есеи

Поезија

‘‘ Животинска фарма ‘‘ TДМ Скопје ( работена 2015 )

 режија Александра Кардалевск

Претставата е работена според истоимениот роман на Џорџ Орвел, а по драматизацијата на Гај Мастерсон.Оваа претстава зборува за вечната тема, како се распаѓаат системите кои што се изградени и зачнати со чисти идеи, за моќта и опиеноста од истата, за манипилациите и измамите и за тоа како револуциите на крајот ги јадат сопствените деца. Орвел на  саркастичен начин дава совршено прецизна слика за системите кои што цилкично се менуваат низ историјата и секогаш го имаат истиот тек и секогаш завршуваат на истиот начин, дали очигледно или скриено под илуизиите за среќно општество во кое што сите се среќни и задоволни со она малку кое што системот им дозволува да го имаат. Самата идеја да се прикаже трулежот во човечкото општество низ призмата на животните од една фарма кои што решаваат да се ослободат од човечкото ропство, изобилува со драмски потенцјал и ветува дека на еден суптилен начин ќе ја соочи публиката со она кое што всушност преставува дел од нејзиното секојдневие, без разлика на тоа каде и во кое време тоа се случува.

Кардалевска низ суптилни знаци, во една модерна и современа атмосфера, ѝ покажува на публиката дека сите ние живееме во една глобална фарма и колку и да веруваме во тоа дека можеме да ги согледаме манипулациите со кои што системот се обидува да не замајува, многу често потпаѓаме под влианието на она кое што е наше секојдневие и запаѓаме во општата летаргија на ништо не правеењето и стравот од тоа дека можеби би можело да биде и полошо, нејчесто заборавајќи дека сепак ако нешто направиме, исто толку би можело да биде и подобро.

Оваа претстава е наменета за онаа публика која во својата најрана фаза, за прв пат во животот се судира со системот.  Во она време кога општата бунтовност се буди во младите карактери, кои што во тој момент се формираат и се гладни за знаење и информации, неопходно е потоењето на една ваква претстава која што обработува едно од најважните дела ва историјата на литературата  и истовремено зборува за еден општ проблем кој веќе почнува да ги засега.