Роден | 10 февруари 1898 ![]() |
---|---|
Починал | 14 август 1956 ![]() |
Занимање | поет, драматург, режисер |
Жанр | епски театар · неаристотелова драма |
Почитувани,
Да бидам дел од дебатата посветена на Германската драма и автор, вчера, денес и утре што се игра и ќе се игра во Македонија.
Од овој аспект, сакам да посочам дека трагите кои ги остава Бертолт Брехт и кој се уште ќе ги остава се присутни пет и пол децении на македонските сцени и тоа од постановката на ‘‘ Добриот војник Швејк ‘‘ во Втората светска војна инсцениран во Македонскиот народен театар од режисерот Вукан Диневски, па преку 50-тина постановки и видувања од и за сите речиси релевантни актерски и режисерски имиња кои биле и темели но и трагачи, кои го оживотворувале и оживотворуваат живиот, динамичен, театарот инспириран од и по Брехт.
Живиот театар на Бертолт Брехт живее и ќе живее токму поради тоа што тој е во непрекинат судир со стварноста и реалноста, која пак, од памтивек, за жал, влече корени од злото, за кое говори и против кое до ден денес се бори Бертолт Брехт и покрај неговото (само физичко) отсуство, веќе шест децении (1956), па затоа тоа е и инспирација и фасцинација на многу сегашни и верувам идни генерации. Доказ за тоа е и режисерот Мартин Кочовски, кој ги постави и и маше огромен успех со ‘‘Тапани во ноќта‘‘,
‘‘Кавкаски круг со креда ‘‘ и ‘‘ Враќањето на војникот Швејк‘‘ во Прилепскиот театар, за во Драмски да се занимава со ‘‘ Баал ‘‘… Дејан Пројковски ја имаше ‘‘ Малограѓанската свадба‘‘ во Охрид на една голема правоаголна маса и со само 30-тина гости – публика, Струмичкиот театар ја имаше истата пиеса пред речиси деценија, за малку повеќе гости, Брехт и кога не е Брехт по пиеса е присутен и во ‘‘ Ромео и Јулија‘‘ и во ‘‘ Бегалка‘‘ и во многу други пиеси кои Македонија ги постави и имаше можност да ги види денес, во 21. век.
Тоа, најверојатно, се должи на Брехтовото залагање публиката – гледачот да биде активен чинител, кој ќе ја #меси# стварноста дури и на сцена… Еве, денес имаме случај кога наместо разум, еден од основните постулати на Брехтовиот епски театар, имаме безум, па така Брехтовите Тапани се поврзаа со Тапаните од Тешкото на Конески, па сега ни се на улица, тука и овде во Македонија…
Покрај бесмртноста на Брехт, бесмртно и е прашањето на Гетовиот ‘‘ Фауст‘‘ во однос на тоа каде, кому, кога и за колку ја продаваме сопствената душа, бидејќи, верувајте (иако малку поставуван на нашите сцени), тој мит, тој жив Фаустовскиот мит е двојбено присутен до денес, секаде во светот… Но, нам сепак ни останува можноста наместо да дебатираме и теоретизираме за својата и туѓата душа буквално да му кажеме не на Мефистофел, поддржувајќи го сонот, дека сепак обичниот смртник ќе се надмине себеси дури и во смртта…
Во нашите театри присутен беше и е и ќе биде верувам и еден Бихнер, чиј ‘‘Војцек‘‘ уште многу и за многу ќе ја трпи тиранијата на Капетанот, скудејќи и плачејќи за трошка љубов, како што тоа го прави повеќе од четири децении на македонските сцени… Незаборавна е секако поетиката и естетиката на Леонс и Лена како и жестокоста на Дантоновата смрт, кои (можеби неоправдано) се помалку #популарни# од Војцек, но се исто така сурови и актуелни, иако полнат речиси три века… Како надоврзување на Дантон и неговата смрт доаѓа Мара-Сад од шведско-германскиот автор Петер Вајс кој исто така не потсети дека кафезот и крвта иако се тука, вистински и сегашни, ништо не можат пред доблеста, честа и жарот за Вистината… Тоа го видовме во поново време и на сцените на Струмичкиот театар и во МНТ (првата во постановка на Јани Бојаџи, а втората на Васил Христов-Вуси).
‘‘Тапани во ноќта‘‘ – Прилеп
И за крај нешто лично. За тоа како Брехт е врзан и за интимата на мојата маленкост со љубовта кон мојата сопруга… Играше ‘‘Тапани во ноќта‘‘, таа 2009 година во Драмскиот театар од Скопје, а јас нејзе прилепчанката Кети ја викнав да дојде во главниот ни град да ги гледа нејзините сограѓани. Таа се опираше, бидејќи нормално, ги имаше гледано во Прилеп, но сепак дојде по не толку убедлив наговор за да си ја земам за раче да ја внесам в театар и еве веќе скоро една деценија заедно да не излеземе од него… Верувам, за навек!