Објавени носителите на награди во Албанија

НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО во Мала Преспа

Претставите „Театар љубов моја” и „Синиот портокал” се најнови театарски продукции на велешкиот театар.

Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” од Велес ги освои наградите за најдобра машка и женска улога на 10. издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија, на кое настапи на 28 и 29 јули со претставите „Театар љубов моја” и „Синиот портокал”.\

Актерката Зорица Панчиќ е добитник на наградата за најдобра женска улога за улогата во претставата „Театар љубов моја” од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски, во која настапуваат и актерките Кица Ивковска, Кети Борисовска и Талија Настова.

Додека, пак, актерот Фаик Мефаилоски е добитник на наградата за најдобра машка улога за улогата на Ерџан во претставата „Синиот портокал” од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, во која настапуваат и актерите Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

Претставите „Театар љубов моја” и „Синиот портокал” се најнови театарски продукции на велешкиот театар.