Со претставите „Театар љубов моја” и „Синиот портокал”, Театар „Џинот” Велес на 28 и 29 јули, ќе настапи на 10 издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија, во организација на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце”. „Театар, љубов моја” од бугарскиот автор Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски е претстава за четири актерки од четири различни генерации. „Синиот портокал” од британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, пак, е претстава за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.
На 30. Јули ќе биде ‘ Приказните на заборавените предци ‘ на Народниот театар Слојштица исто во 21,00часот и свеченото затворање на 31. Јули Понеделник, доделување на награди истата вечер со ‘ Циклус Македонија ‘ и во 22.30часот, Мјузикл Циклус Македонија ‘