Пиесата ” Тврдина ” и на англиски!

 

Пиесата “Тврдина” од Сашо Огненовски неодамна е издадена и на англиски јазик во Америка. Книгата е издадена од страна на издавачката кука “Лулу” од Северна Каролина.

Во пиесата „Тврдина“ Сашо Огненовски се занимава со универзалната тема на човечкиот идентитет, со неговото поништување и истребување чии предупредувања се почесто чукаат на вратата на човештвото. Одамна глорифицираните идеи за нова човечка раса, убивањето во име на мирот и истребувањето на луѓето заради некаква нивна припадност или одлика се големо петно на човековата историја. Стравот и паниката се повеќе земаат замав , а просторот во кој живееме, сакале или не, не прави се повеќе клаустрфобични. Оваа пиеса носи горчлив вкус во секоја реплика (иако репликите се многу живи и говорливи), а ситуациите ескалираат до катастрофа.

Конгломератот од ликови кои се собираат во еден новоизграден хотел високо во една планина во најголемата зима која ја паметеле досега е сосема доволен да ни расплете една приказна на очајно и панично трагање по последниот атом на егзистенција, на самоодржување.

Приказната е футуристичка. Но, дали треба да го имаме комодитетот на читатели или гледачи кои после прочитот ќе помислат дека тоа е многу далеку од нас и дека скоро никогаш нема ни да се случи? Тоа е круцијалното прашање во пиесата „Твдрина“ која има цврста драматургија и исклучително брза динамика. Таа е пиеса која скоро и да не се сретнала во македонската дрмаатургија и дотолку повеќе ова дело може да го заврти вниманието на тетарските уметници, особено на режисерите.

   Владимир Костов

Книгата која излезе на македонски јазик во декември 2016година. На македонскиот актер, писател Сашо Огненовски од Битола. Во издание на Македоника литера.

Пиесата ” Тврдина ”