18.o7. 2017
Велат дека сите ѕвезди, без разлика дали биле големи или мали, еден ден ќе згаснат!
Денес во 18.o7. 2017 год, на 89 годишна возраст згасна една од ѕвездите на Драмски од минатиот век, Ангелина Иванова!
Ангелина Иванова е родена на 21 март 1928 год. во Крушевац. Завршува трети клас гимназија во 1946 година. Работи на Куклената сцена, во Младинско-детскиот театар и Драмски театар Скопје. Во Драмски театар работи се до пензионирањето, каде одигра повеќе од 80 улоги.
Селективна театрографија: Самовила Добрана (Волшебната гусла, 1954); Самовила Зеленка (Маѓепсникот од Оз, 1954); Смешко (Снежана и седумте џуџиња, 1954); Госпоѓа Бедвин/ Четврто сираче (Оливер Твист, 1954); Сојка (Шекерното дете, 1955); Султанија Бурдулбурдул (Аладин и волшебната ламба, 1955); Папагал Полинезија (Доктор Долитл, 1956); Оган (Волшебното килимче, 1957); Самовилата на убавината (Трнорушка, 1958); Елена (Кога бранот бучи, 1960); Вражалка/Дама/ Искуство (Авторбиографија, 1961) Госпоѓа Бамбли (Оливер Твист, 1963); Лај Му (Украдениот принц и Изгубената принцеза, 1963); Мирса (Бегалка, 1965);Жена (Богомилска балада, 1965); Госпоѓа Ерблеј (Кројач за дами, 1965); Баба (Дундо Марое, 1966); Марина (Бумеранг, 1969); Втората вештица (Макбет (1969); Шарлота (Оскар, 1970); Селанка (Богунемили, 1971); Костадинка (Свадба, 1972); Урганила (Јас, Клаудиј, 1972); Босица (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Црно срце (Најголемиот подвиг на витезот Сукало, 1974); Госпоѓа Травиќ (Нарачана комедија, 1974); Анѓа Врчек (Полнета птица, 1982).
Нека ти е вечна слава!