Поповска, Јоана (1943),
актерka – првенка на Народниот театар – Битола, која со еднаков успех настапува во дела од различни жанрови. Подеднакво се експонира и во дела од антиката, комедијата, психолошката драма и трагедијата, наметнувајќи се со својата инспиративна игра и со својот богат сценски темперамент.
Родена е во 1943 година, во Битола. За првпат на сцената на Народниот театар – Битола се појавува како петгодишно дете, играјќи го ликот на детето во претставата „Печалбари“ од Антон Панов (1948), а на
шеснаесет години, заради извонредниот талент, станува редовен член на колективот на Битолскиот театар (1960) и скоро две децении е на самиот врв, играјќи мошне интензивно и без здив. Со зачудувачка леснина и спонтаност, со богати внатрешни пулсации, со неисцрпна фантазија ги креира ликовите од античката, странската и домашната драматургија.
За тоа потврда е наградата на град Битола „4 Ноември“, доделена за ликот на Катерина во „Бура“ од Н. Островски (1963).
Најзабележителни остварувања кои се издвојуваат во огромниот список на одиграни ликови се: Катерина во „Бура“ од Островски (1963), Офелија во „Хамлет“ од В. Шекспир (1966), Дездемона во „Отело“ од В. Шекспир (1970), Петрунела во „Дундо Марое“ од М. Држиќ (1972), Живка во „Госпоѓа министерка“ од Б. Нушиќ (1973), Електра во „Агамемнон – Електра“
од (1976), Вера во „Елена Ќетковиќ“ од (1976), Мара во „Свадбата на Мара“ од В. Костов (1976). Со зачудувачка леснина и спонтаност, со бујна разиграност и фантазија креира ликови од детската драматургија: Див-
на во „Педаче“ од Љубиша Ѓоќиќ (1973), Мери во „Сенката на Господинот Вип“ од Ад. Грејданус (1974), Пипи во „Пипи долгиот чорап“ од Астрид Линдгрен (1975) и Дороти во „Големиот волшебник“ од А. Фраибаум (1978).
Во периодот од 1978 – 1995 година таа го напушта театарот под Пелистер и
преминува во драмата на Македонскиот народен театар – Скопје. Но и покрај тоа, таа како гостин со несмален интензитет и соживеаност го игра ликот на Велика во „Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1982). И по нејзиното пензионирање, таа интензивно продолжува да настапува, останувајќи верна на својата битолска публика.
Настапува во мошне забележителните претстави: Велика во „Бегалка“
од Васил Иљоски (1995), Контеса де Латур во „Одам на лов – апансаз“ (1995), Џеси во „Добра ноќ, мајко“ од Марша Норман (1996), Аманда Вингфилд во „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс (1997), Анита во „Антигона во Њу Jорк“ од Јануш Гловацки (1997), Мајката во „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс (1998), А во „Три високи жени“ од Едвард Олби (1998), Варвара Жешкова во „Последните селани“ од Петре М. Андреевски (1998), Вајолет во „Паметењето на водата“ од Шила Стивенсон (2000),
Ани во „Дама за еден ден“ од Олег Данилов (2003), Војвотката од Јорк во „Ричард III“ од Вилијам Шекспир (2005), Аграфена Кондратјевна во „Банкрот“ од А.Н. Островски (2005), Мери Каван Тајрон во „Долго патување во ноќта“ од Јуџин О’Нил (2006) и др.
Богатото креативно присуство е забележано во дуодрамата „Столови“ од Е.
Јонеско (2002), која по прераната смрт на Сребре Ѓаковски, продолжува да ја игра како монодрама. Со улогата на Мара во „Свадбата на Мара“ од В. Костов (1976) го постигнува најголемиот успех. Само во една година (1977) освојува три врвни признанија: наградата „Златен ловоров венец“ на МЕС Сараево, Стерјината награда за најуспешна актерска креација и највисокото републичко признание „11 Октомври“.
Со својата оргиналност, неуморност, внесувајќи се во секој лик, се здобива и со три артистички награди и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело, а со претставата „Трите високи жени“ од Е. Олби, со престижната награда „Ристо Шишков“ за најдобро актерско остварување. Трипати ја добива наградата „Европски актер“. Во 2010 година на
фестивалот на монодрама во Отешево ја добива наградата за животно дело „Европски актер“.