Во прво лице
о4.о7.2017год
МАЛКУ ПОЕЗИЈА…
ЗА СЕБЕ Другоста себството го таи
ЗА ЉУБОВТА ко вода што тече без срам
ЗА ЖИВОТОТ повторливост нема ни драм
ЗА ТЕАТАРОТ свети се неговите одаи.
ЗА ДОБРОТО Широка е реката што тече
ЗА ЗЛОТО брокат во неа живиот свет
ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ те сакам речеш ли
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? за другиот си сив и блед.
ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ И нема човек толку искрен
ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА од правта да не биде докусурен
ЗА КОЛЕГИТЕ и смирен да постапува уверен
ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ во себството е секогаш ефемерен.
ЗА ИДЕЈАТА А вулкани под реката вријат
ЗА СОНОТ зјаат дупки што лавата ја пијат
ЗА ЈАВЕТО бијат, ријат, вијат, гнијат, кријат, тријат
ЗА ВИНОТО беспаметно се љубат трајно.
ЗА СЕМЕЈСТВОТО Себството другост гаи
ЗА КРАЈ вселена чудна таи.