ИНТЕРВЈУ СО ЕМИЛ ПЕТРОВ, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА НА 52. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп
о3.о7.2017год
1 Од каде доаѓа инвентивноста, низ цртани слики да се раскаже претстава?
Создавањето на секоја претстава е интересен, интензивен и неповторлив експеримент на создавање на нов организам (претстава/машина) со зададен генотип од драмскиот автор и концепт од режисерот, и метаморфоза на тој организам во сложен систем низ многу креативна работа на сите уметници вклучени во тој процес. Цртежот или скицата е првата алатка со која се обидувам да забележам дел од тоа време, како идеја или момент.
2. Зошто ме понесува чувството дека кубизмот некако ти е легнат на душа?
Ја сакам едноставноста во сé, па и во уметноста, но од друга страна многу ја сакам и онаа друга страна на едноставноста, која зборува за процесот на постигнување на таа едноставност, за нејзиното значење и порака.
3 Во кој миг од креативноста, застанува здивот, од задоволство или незадоволство, и што се случува во тој миг?
Од задоволство. Повеќе сакам така да се одвива креативниот процес. Тој краток дел од времето кој се нарекува креативен МИГ, за мене постои во повеќе димензии и возможно е да се опише најмалку со две приказни (од бесконечен број возможни). Во потрага по такви моменти користам повеќе креативни алатки од различни области на уметноста, стари и нови сознанија од природните науки и многу, многу музика.
4. Кој дел најмногу влијае, ја иритира твојата креативност?
Слобода и време.
Уметноста не може да постои ако не постои слобода во секоја смисла, во која се користи зборот “слобода”. Од друга страна, значењето на истот збор, може да се дефинира на различни начини, зависно од бројот на уметници вклучени во креативниот процес. Не сакам кога уметноста мора да има временска рамка, но од друга страна и таа рамка знае да биде врата до нови експерименти и сознанија. И времето знае да биде добар катализатор на мудроста.
5. Која театарската линија е најделикатна за работа и создава одбивност, нервоза, а која создава среќа?
Театарот за мене е еден од најубавите експериметни кои имаат привилегија да се случуваат во живо, во директен контакт со публика која е различна на секоја изведба, актери кои говорат ист текст на сцена, со договорена емоција, редослед на сцени, но тој микс е секогаш различен и неповторлив. Неодоливо жив процес многу сличен на вистинки експеримент, по карактеристики кои за мене прават еден експеримет да може да се нарече така. Комплексноста на создавање на театарска претстава некогаш е бурен, но и отворен процес кој во текот на пробите заедно со сите кои учествуваат внатре, ги наоѓа начините на создавање на групна креација и среќа.
6. Eротиката во Лисистрата?
Аристофан за мене е еден од најинтересните драмски автори, посебно ако се земе во предвид дека неговите дела се стари повеќе од 2000 години, и зборува за еден дел од еволуцијата на човекот во тек на 20 и повеќе векови. “Лисистрата” во суштина говори за една долга војна која мажите ги држи настрана од своите жени, така што еротиката во некоја смисла сама се наметна како естетика, бидејки покрај класичната војна се случува уште една сатирично-интересна “војна” меѓу двата пола. Еротиката е убава, естетска, филозофска, уметничка, сатирична и еснафска алатка. Се надевам на повторна средба со Аристофан во “Птици”, “Облаци” или “Жаби”.
7. Следни еккперименти?
Београдско Драмско Позориште, М. Булгаков, “Станот на Зојка”, со големата театарска и филмска дива Ана Софреновиќ во главна улога, премиера во октомври 2017, многу длабок и интересен период за истражување, уште поинтересен автор, музика на Огнен Анастасовски, познанства со нови артисти во големиот град.
8. Тешко ли е да се работи со Поплавска, ама искрено?
Голем предизвик, многу работа, голем експеримент, многу музика, многу убава работа, многу учење, многу креација, многу емоции, многу љубов.
За неговито творечки животот пис дознате на овој линк
http://emilpetro.wixsite.com/arteria