Објавени носителите на награди во Албанија

НА МАКЕДОНСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО во Мала Преспа

Претставите „Театар љубов моја” и „Синиот портокал” се најнови театарски продукции на велешкиот театар.

Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” од Велес ги освои наградите за најдобра машка и женска улога на 10. издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија, на кое настапи на 28 и 29 јули со претставите „Театар љубов моја” и „Синиот портокал”.\

Актерката Зорица Панчиќ е добитник на наградата за најдобра женска улога за улогата во претставата „Театар љубов моја” од Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски, во која настапуваат и актерките Кица Ивковска, Кети Борисовска и Талија Настова.

Додека, пак, актерот Фаик Мефаилоски е добитник на наградата за најдобра машка улога за улогата на Ерџан во претставата „Синиот портокал” од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, во која настапуваат и актерите Самоил Стојановски и Жарко Спасовски.

Претставите „Театар љубов моја” и „Синиот портокал” се најнови театарски продукции на велешкиот театар.

MОНКЛ

НАМЕСТО ХЕПИЕНД

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

  • НОВИ ТЕАТАРСКИ ФОРМИ, КЛИШЕА И УНИФОРМИ

Или: за формата, за театарот, за публиката, за критиката, за (нај)новото…

Неиспратено писмо до Ана Стојаноска

Драга Ана,

1.Содржина (и)ли форма

Убаво нí ја фрли ракавицата. Ти благодарам за тоа. Како предизвик, но и како провокација. Нí зададе домашна задача на тема нови театарски форми, па првата и најбрза мисла  во врска со насловот беше: зошто (само) форми, а не и содржини. Би можело да се додаде и “и“, но и “или“, но можеби е најдобро, сепак, заедничкото решение “(и)ли“. Во секој случај, не сакајќи да бидеме здодевни и претенциозни, па да дебатираме што е постаро јајцето или кокошката и што е побитно содржината или формата, сепак, факт е дека сî повеќе се зборува за формата, отколку за содржината. И јавно, и глобално.

Иако тешко може да се открие и заклучи каде завршува содржината, а каде започнува формата и обратно, теоретичарите веќе говорат за преминувањето и претопувањето на содржината во форма, не само во формалната и привидната сфера, туку и на суштински и значенски план, а многу помалку, за жал, се потенцира обратниот и реверзибилен процес.

Па, што е тоа основното и примордијалното во врска со оваа најнова актуелна тема, ако не воочувањето и осознавањето на заморот и здодевноста од веќе виденото и доживеаното, од демодираните и тривијални содржини, од празните и веќе закостенетите форми… Значи, во прашање е потребата од замена на традиционалното и конвенционалното, исто како што е евидентната потреба од нов и поубав (посвеж) воздух.

Трагачите по постојано нови возбуди – најчесто се и први протагонисти, или ним пак најпрвин им доаѓаат во пресрет.

Новите генерации на театарската публика, но и новата театарска критика, која е потреба и императив, сî почесто и позасилено го придвижуваат театарското тркало, како и осовините и на сите други сценски и не само сценски уметности.

Живееме во време кога уметноста стана агресивна и бескруполозна индустрија. Па, за уметничка и, во случајов, театарска транзиција – говорат и говориме (како навиени автомати или издресирани папагали) и сите ние.

Понекогаш имам чувство дека по илјадити пат ја слушам и сум сведок на онаа добропозната ситуација и анегдота, кога некој кој воопшто не го слуша што зборува претходно соговорникот – решително (и утешително) му вели: “не знам што рече, но знам дека сигурно си во право и јас се согласувам со тебе“!  Ете така, отприлика, со невидена леснотија и стаменост во однесувањето, но и со непритивната и пресметана одлучност во изразот, учествуваме во колективната бламажа и персифлажа!

Кога нема кого веќе да лажеме и излажеме, што нí останува друго, освен да се лажеме и прелажеме себеси. Се разбира, со одбрани постапки и зборови, од сцената или под неа. Сеедно (кога е во прашање лажењето), но несеедно кога е во прашање театарот. Тој постои и единствено функционира само во името и во прегратките на вистината. Сî друго е само баласт, квантитет, форма, (рас)пад, криза и стагнација…

Но, таму каде што има облаци, за среќа, има и дожд и сонце! Така, и покрај тавтологијата и вртењето во круг, кога промените ги заговараат и жилаво се борат за нив (па и се колнат во нив), дури и оние кои воопшто не ги разбираат, не ги практикуваат и не ги применуваат, т.е. некој постојано како да им (до)шепнува дека тие задолжително ќе се случат, па слепо и беспоговорно веруваат во тоа, иако не знаат како да го направат тоа. Значи, промените се евидентни и неминовни, доаѓаат како брз и плавен светски, европски или бран од окружувањето, па прифаќањето и практикувањето се одвива и побрзо и полесно и (се чини) побезболно. Со или без трауми, гребнатини и лузни, македонските театарски творци се дел од светското театарско и сценско уметничко семејство, кое денизден се престројува и трансформира, подеднакво стравувајќи од исчезнувањето, од безизлезот, од бесперктивноста и некреативноста, но и од зачестеното и упорно тропање на погрешна врата.

Истражувањата на новите театарски форми,  (у)кажуваат дека, на пример, “Битеф“ го живее својот среќен и долговечен живот – благодарејќи токму на новите театарски изрази и форми, значи не само форми, туку и содржини, а во блиското наше окружување е и (не случајно така наречен) “Фестивалот  на нови театарски форми“, па и бројните манифестации и институции кои инсистираат на малите театарски форми…

Новите форми, ете, да го употребиме и ние тој фамозен исказ, соодветствуваат на динамичноста и инстантноста на новото и во новото време, практични се и рационални, па ги препознаваме и како монодрама, пантомима, драмски меѓужанр, театарска иновација и експеримент, сценски колаж и микс…

ЈАС СУМ ЛИЧНОСТА, А НЕ ПРОБЛЕМ

 

*Кон гостувањето на театарот „ Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, од Велес, со камерната претстава „ Синиот портокал “, на „ Скопско лето“.

*Убаво е чуството кога човек излегува задоволен од театар. Уште поубаво е кога ќе сведочи на нови и издржани актерски перформанси кои не се така чести во нашиот театарски контекст.

Сотир Трајков

По премиерата на претставата „ Синиот портокал“, на малата сцена на НТ- Велес, на 12 април 2017, наградениот со „ Лоренс Оливие“, драмски текст на современиот британски драматичар и сценарист, Џо Пенхол , на 14 јули годинава беше прикажан во МНТ, во рамките на „ Скопско лето“.

Режијата на оваа камерна постановка, со која Пенхол за прв пат е претставен пред домашната публика, ја потпишува Александар Ивановски. Тој работеше и на драматизацијата заедно со драматургот Катерина Момева, а го направи и изборот на костимите, заедно со тројцата актери, учесници во претставата. Неговата режија е базирана на актерската игра на реалистичен театар и ја отсликува нашата стварност, низ една манифестација на вечната тема за судирот меѓу единката и системот. И не станува збор за било каква единка, туку за човек со сериозно ментално растројство. Фабулата портретира шизофреничар во психијатриска болница, што го толкува Фаик Мефаилоски, кој поминува низ хаос, поради ривалството околу третманот на неговото здравје и иднина , од двајца психијатри. Едниот веќе високо етаблиран и позициониран во системот, го игра Самоил Стојановски, а другиот е млад консултант кај него, а му е доверен на Жарко Спасовски.

Во адаптираниот во локални рамки, драмски материјал , шизофреничарот од афроамериканец по име Кристофер , е претставен како ром, по име Ерџан. Во тој контекст, дискриминацијата кон ромите кај нас и пошироко, во негативен, а и во позитивен контекст, како еден од социо- политичките проблеми што ги загатнува претставата, функционира исто толку легитимно, како во оригиналниот текст на Пенхол, со афроамериканецот. Претставата работена врз слоевитиот текст , зборува и за робувањето на институциите на бирократските норми, за примената на стари методи во лекувањето на болните и на вечниот недостаток од кревети за нивно сместување. При тоа, со адаптацијата е задржано оригиналното име на лекарот и ментор, Роберт, а помладиот, од Брус е преименуван во Костадин – Кочо.

„ Синиот портокал “ е претстава која ќе остане запаметена по играта на Фаик Мефаилоски. Тој покажа исцело направена актерска креација, чија слоевитост трнува од богатата појавност со гестови, тикови и движења, до прилагодување на текстот на природниот говор и на исклучително вешто прикажаните трансформации, кои ликот ги бара од него. Неговиот Крис е само навидум комичен лик. Под комичното се крие трагедијата на неговиот живот, зашто не е само болен, туку е и сам на светот. Тоа Фаик одлично го долови низ играта, без ниту грам патетика. Накусо, тој прикажа органски совладан карактер, чиј темперамент и мирис лесно ја преминуваат рампата и се лепат за срцата на гледачите.

Интригантен, прагматичен, кариерист и бирократ. Ова се каректеристиките за ликот на психијатарот Роберт, прикажани низ изведбата на актерот Самоил Стојановски. Тој креира лик на човек фокусиран на својата цел и интерес, спремен лекарската етика да ја замени за нормите пропишани од здравствениот систем. Кај Стојановски тоа е прецизно напревено, преку фацијаната експесија и интонацијата на гласот, но како да немаше соодветен однос кон просторот ( на малата сцената на МНТ), па неговите движења во желбата да ја покаже доминацијата на Роберт во секоја ситуација, напати делуваа пренагласено.

Жарко Спасовски како младиот психијатар Кочо, прикажа лик на лекар кој кон пациентот настапува професионално, но и човечки, дури и по цена да ја изгуби можноста за напредок во кариерата. Неговата креација е уверлива, игра со смирен тон во гласот и изгледа елегантно, но недостасува малку бунт и покажана нервоза, согласно искушенијата што му ги наметнува Роберт, а и незавидната положба во која се наоѓа неговиот пациент Ерџан.

Сценографијата е на Филип Коруновски. Таа е решена како психијатриска ординација во која се испитува менталната состојба на Ерџан. Во неа тој доаѓа на испитувања и заминува, така што игра и во позадината. Изборот на реквизити соодветствува со потребите на лекарската практика, но поставената клупа во тој простор е вон контекстот зашто асоцира на чекалница, а не на кабинет. Но, полн погодок е изборот на трите плакати на тема, ментално здравје, закачени во ординацијата. Особено централно поставениот, чија порака гласи: „ Ја сум личност , а не здравствен проблем од ментална природа“. Ова е главната порака што претставата „ Синиот портокал “ ја праќа до публиката, за да развие толеранција кон поинаквите и да не дискриминира. Таа порака воедно е своевиден наслов на претставата, зашто плакатот веднаш влегува во очи , пред самиот почеток на изведбата на празната сцена и интригира, дали и како ќе биде „ одбранета “ низ постановката. А, според комплетниот впечаток, одбранета е со успех .

Музиката е на Сашко Костов. Компонирана и распоредена е така што не доминира , туку повеќе сугестивно ги дообликува сцените во кои тече и ја креира нивната атмосфера. Костов е докажан композитор и музичар, а соработката со театарот од неговиот роден град е природна. И како во изминатите заеднички искуства и овдека се покажа дека е вистински избор за резидентен композитор на театарот „ Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ , од Велес.

Убаво е чуството кога човек излегува задоволен од театар. Уште поубаво е кога ќе сведочи на нови и издржани актерски перформанси кои не се така чести во нашиот театарски контекст. Таков беше „ Синиот портокал “. А зошто син? Ќе појдете до Велес и ќе видите. Топло препорачувам !

 

Македонското културно лето во Мала Преспа 2017 год

 

Отоврањето ќе биде на 26 Јули со Театар Крик Скопје во 21.00часот со претставата ‘ Маша и нејзината волшебна прикзна‘ . Следниот ден ќе има претстава ‘‘‘  Гига мега бајка ‘ на Театарот за деца и малдинци од Скопје во 21.00часот.

Со претставите „Театар љубов моја” и „Синиот портокал”, Театар „Џинот” Велес на 28 и 29 јули, ќе настапи на 10 издание на Македонското културно лето во Мала Преспа, Албанија, во организација на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце”. „Театар, љубов моја” од бугарскиот автор Валери Петров, во режија на Деан Дамјановски е претстава за четири актерки од четири различни генерации. „Синиот портокал” од британскиот автор Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, пак, е претстава за современата психијатрија, со застарени методи на лекување и беспомошноста на докторите да ги лекуваат своите пациенти без седативи.

Возот на Фениксот се вика Скопје

ТЕАТАРСКИ ОСВРТ
22 јули 2013

За претставата “5:17” продукција кафе Интро – Театар Вондерленд; играна на Скопско лето; режија Нела Витошевиќ; играат актерите: Стефан Вујисиќ, Драгана Костадиновска и Дениз Абдула

Едно патување, еден Феникс, еден град во кој се спојува Истокот и Западот или “еден убав град/под небото/над земјата/на местото каде се допираат/исток и запад…” за да се најдеме во приказната, која по којзнае кој пат за половина век се раскажува… најверојатно за навек!
Таа приказна или светски речено сторија не е само тоа, бидејќи Пред и Потоа живееле, дишеле, твореле, љубеле, се надевале, луѓето кои на 26 јули Лето Господово 1963 во 5:17 изгубиле многу, изгубиле речиси се… за повторно и повторно преку новите генерации да се најдат себеси, својот сон, да ги најдат другите, да го најдат Градот, кој дише за нив и со нив… И така до недоглед приказната може да трае, а најверојатно и ќе трае, бидејќи, како што ќе запише авторот на пиесата “5:17”, Ана Ристоска “… на секои 500 до 1000 години ќе се уништи од пепел и одново се раѓа со нов лик. Во тој град времето се мери, пред и после неговото исчезнување…”
Таа не само нејзина имагинација и преокупација, сега стана и наша, заедно со сонот на режисерот Нела Витошевиќ и на актерите Стефан Вујисиќ, Драгана Костадиновска и Дениз Абдула, кој на простор сочинет од “два на два”, во кафето “Интро” ни го отворија светот на клаустрофобичноста болна до имагинација, отворајќи ни ги далечините… Иако само наизглед тесно, со многу воајери наоколу, актерите речиси без ниедна грешка, успеаја до ситница да ни доловат како, колку и зошто го сонувале својот сон балерината, мајката, поетесата, мачката Матилда, докторот, синот математичарот, дрвото… таткото, машиновозачот, 90-годишниот старец… Во таа смисла, без многу “филување” видовме една точност, прецизност, кај сите без исклучок, во исто време и нежност, суптилност, но и израз на страв, револт, јад и гнев, сето тоа сублимирано во три актерски субјекта, кои речиси беспрекорно ја сфатиле и играле по режисерската палка на Витошевиќ и авторската нота на Ристоска… Тие не само што не потсетија дека Театарот е секаде околу нас или поточно “светот е сцена”, како што ќе рече некогаш и некаде еден голем Маг, туку и не поттикнаа да размислуваме дека и во кафуле (со или без пијачка) место “да млатиме празна слама” можеме да видиме естетика, без разлика дали таа е смешна или како во случајов трагична, до болка…

Комплетирањето на целокупниот впечаток за интенцијата на Дирекцијата за култура, уметност или по нашки Скопско лето, да овековечи уште една естетика по повод петдецениското навраќање на еден погром, на чии темели живееме денес, се состоеше и во тивките назнаки и звуци по избор на авторската екипа, кои и буквално сега и денес го претворија во некогаш и негде, за да биде утрешно и ново… Ова последново, не е само мешање на зборови и визии, ова со вакви проекти станува вистина!

Затоа, браво за екипата на претставата “5:17” и за потпората – кафе Интро и Театар Вондерленд и Скопско лето!

Борче ГРОЗДАНОВ

Иван Калошев – актер

 

Во прво лице

ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ не е глума

1. ЗА СЕБЕ и за другите

2 . ЗА ЉУБОВТА: ја има

3. ЗА ЖИВОТОТ: сказна

4. ЗА ТЕАТАРОТ: општење

5. ЗА ДОБРОТО било и нека биде

6. ЗА ЗЛОТО кафез

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ рамнодушност

А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? се радувам што ги имам

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ не е глума

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА за глумецот е штетен чистиот воздух

10. ЗА КОЛЕГИТЕ меѓу нив и пријатели( прочитај горе за пријателите)

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ во кутија и под перница

12 . ЗА ИДЕЈАТА ме држи буден

13. ЗА СОНОТ snooze 9 min

14. ЗА ЈАВЕТО со отворени очи

15. ЗА ВИНОТО ќе го утешам

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО моето огледало

17. ЗА КРАЈ ајде од почеток

Ангелина Иванова ( 1928 – 2017 )

 

18.o7. 2017

Велат дека сите ѕвезди, без разлика дали биле големи или мали, еден ден ќе згаснат!

Денес во 18.o7. 2017 год, на 89 годишна возраст згасна една од ѕвездите на Драмски од минатиот век, Ангелина Иванова!

Ангелина Иванова е родена на 21 март 1928 год. во Крушевац. Завршува трети клас гимназија во 1946 година. Работи на Куклената сцена, во Младинско-детскиот театар и Драмски театар Скопје. Во Драмски театар работи се до пензионирањето, каде одигра повеќе од 80 улоги.

Селективна театрографија: Самовила Добрана (Волшебната гусла, 1954); Самовила Зеленка (Маѓепсникот од Оз, 1954); Смешко (Снежана и седумте џуџиња, 1954); Госпоѓа Бедвин/ Четврто сираче (Оливер Твист, 1954); Сојка (Шекерното дете, 1955); Султанија Бурдулбурдул (Аладин и волшебната ламба, 1955); Папагал Полинезија (Доктор Долитл, 1956); Оган (Волшебното килимче, 1957); Самовилата на убавината (Трнорушка, 1958); Елена (Кога бранот бучи, 1960); Вражалка/Дама/ Искуство (Авторбиографија, 1961) Госпоѓа Бамбли (Оливер Твист, 1963); Лај Му (Украдениот принц и Изгубената принцеза, 1963); Мирса (Бегалка, 1965);Жена (Богомилска балада, 1965); Госпоѓа Ерблеј (Кројач за дами, 1965); Баба (Дундо Марое, 1966); Марина (Бумеранг, 1969); Втората вештица (Макбет (1969); Шарлота (Оскар, 1970); Селанка (Богунемили, 1971); Костадинка (Свадба, 1972); Урганила (Јас, Клаудиј, 1972); Босица (Хамлет од Долно Гаштани, 1973); Црно срце (Најголемиот подвиг на витезот Сукало, 1974); Госпоѓа Травиќ (Нарачана комедија, 1974); Анѓа Врчек (Полнета птица, 1982).

Нека ти е вечна слава!

Пиесата ” Тврдина ” и на англиски!

 

Пиесата “Тврдина” од Сашо Огненовски неодамна е издадена и на англиски јазик во Америка. Книгата е издадена од страна на издавачката кука “Лулу” од Северна Каролина.

Во пиесата „Тврдина“ Сашо Огненовски се занимава со универзалната тема на човечкиот идентитет, со неговото поништување и истребување чии предупредувања се почесто чукаат на вратата на човештвото. Одамна глорифицираните идеи за нова човечка раса, убивањето во име на мирот и истребувањето на луѓето заради некаква нивна припадност или одлика се големо петно на човековата историја. Стравот и паниката се повеќе земаат замав , а просторот во кој живееме, сакале или не, не прави се повеќе клаустрфобични. Оваа пиеса носи горчлив вкус во секоја реплика (иако репликите се многу живи и говорливи), а ситуациите ескалираат до катастрофа.

Конгломератот од ликови кои се собираат во еден новоизграден хотел високо во една планина во најголемата зима која ја паметеле досега е сосема доволен да ни расплете една приказна на очајно и панично трагање по последниот атом на егзистенција, на самоодржување.

Приказната е футуристичка. Но, дали треба да го имаме комодитетот на читатели или гледачи кои после прочитот ќе помислат дека тоа е многу далеку од нас и дека скоро никогаш нема ни да се случи? Тоа е круцијалното прашање во пиесата „Твдрина“ која има цврста драматургија и исклучително брза динамика. Таа е пиеса која скоро и да не се сретнала во македонската дрмаатургија и дотолку повеќе ова дело може да го заврти вниманието на тетарските уметници, особено на режисерите.

   Владимир Костов

Книгата која излезе на македонски јазик во декември 2016година. На македонскиот актер, писател Сашо Огненовски од Битола. Во издание на Македоника литера.

Пиесата ” Тврдина ”

 

„ Малиот принц“ за деца

 

*Кон премиерата на „ Малиот принц“, во продукција на Детскиот театарски центар од Скопје и „ Скопско лето“.

*Се наметнува прашањето, колку повеќеслојниот и со многу симболи богат драмски јазик на Егзипери, ја прејде рампата и стигна до свеста на децата ?

Сотир Трајков

Првата театарска премиера на годинашново „ Скопско лето“, се одржа на 02.07.2017 и беше посветена на најмладите гледачи. Се работи за премиерната изведба на претставата „ Малиот принц“, која според славната новела на францускиот автор Антоан де Сент Егзипери, од 1943 година, ја постави режисерката Драгана Милошевска Попов. Таа, концептот го гради врз драматизацијата на Тодор Кузманов, од која исто така штриха некои сцени и ликови, со цел алегоричната приказна за возрасни да ја приближи до најмладите и да ја прикаже современо низ мултимедиа и во камерен формат.

Режисерскиот концепт низ кој се афирмираат универзалните вредности, како што се љубовта, пријателството и одговорноста, наспроти бесмислата, бесцелноста и отуѓеноста на современиот човек, се темели на актерската игра и на интеракцијата со видеото што ја прават тие, во текот на изведбата. Дејствието се одвива на малата сцена, во сценски простор што го креира Енес Деари. Покрај макетата со приземјениот авион од левата страна на просцениумот и по некој реквизит, централен сценографски елемент е дводелниот космички брод или отворена школка која сценскиот простор го дели на две димензии. Пустината Сахара, каде што се среќаваат Малиот принц и несудениот сликар кој станал пилот (што е автобиографски момент од животот на Егзипери), е претставена како кружна хоризонтала. А, пак светот на бескрајниот, волшебен космос низ кој патува Малиот принц, од астероид до астероид, е доловен преку видеото на авторот Бетим Зеќири, што се проектира на кружната вертикала, погоре. Актерите и публиката следат дел од дејствието на видеото, а преку ситно исеченото бело платно на вертикалата, тие влегуваат и излегуваат од него, т.е. од приказната.

Средбите на Малиот принц, што го игра 9 годишниот Амар Шапка , со чудните карактери за него , од нашиот и од други светови во космосот, се прикажани низ десетина сцени. Во контекст на камерниот формат, редукцијата на актери ( и ликови) од приказната, е направена така што сите машки улоги, на Пилотот, Владетелот, Бизнисменот и Географот ги толкува Бесфорт Идризи, а женските ликови на Црвената роза, Ѕвездата, Лисицата и Змијата и се доверени на Мона Мустафа.

Малиот Амар Шапка низ играта доловува лик на искрен и зачуден принц, за состојбите и однесувањето на светот. И тоа го прави низ прецизна и физички вешта игра, но и помалку воздржано, во изразот на емоциите. А, трансформацијата од лик во лик, е главна задача за актерите Идризи и Мустафа. Бесфорт Идризи со веселата и сугестивна заиграност, не беше изненадување за авторот на овие редови зашто тој е докажан и како актер и како режисер и знае како да им пристапи на најмладите. Најпријатното изненадување дојде од Мона Мустафа . Таа како млада професионалка, во секој лик вгради по нешто ново, користејќи ги текстот, движењата и пеењето, за да го потенцира алегорично значење на секој од нив. Во комплетната атмосфера на доловување на дел од згодите и незгодите на Малиот принц, учествува и Роза Трајческа Ристовска како костимограф. Таа креира современи, живи, светкави костими , придржувајќи се до белезите на ликовите, но и до совремието. Со еден исклучок, костимот за Ѕвездата што го носи Мона Мустафа. Тој костим, составен од фустан и повеќе додатоци од панделки , иако појавно светкаше со сребрен сјај, со расфрланите панделки од главата преку целиот фустан , не делува адекватно за тој лик, колку и да се сака да се претстави пародично, на тој начин.

Општиот впечаток е дека се работи за една непретенциозна, но топла постановка, која децата ги учи на вистинските вредности.

Но, се наметнува прашањето, колку повеќеслојниот и со многу симболи богат драмски јазик на Егзипери, ја прејде рампата и стигна до свеста на децата ? Зошто ова го прашувам? Затоа што беше непријатно што многу дојдени мали дечиња со родителите на премиерата, не го дочекаа крајот и си заминаа порано. Можеби и поради жештината ? Други одеа и доаѓаа со и без родители во текот на изведбата, до пред самиот крај. Третите , поголемите деца и адолесценти седеа и со внимание следеа, колку што можеа, во тие околности. Тоа ни кажува дека како публика немаме однос кон актерите на сцена или дека не правиме доволно атрактивни претстави за публиката, или дека не се обрнува внимание и не се потенцира целната група, во случајов, млади гледачи за кои е наменета претставата. Како и да е, мораме да работиме на вистинско и квалитетно „ инфицирање“ на младите со театар. Инаку, зошто воопшто да доаѓаат, ако театарот го доживуваат само како забава за на поминување.

 

Преводи: прв превод на Шекспир во Македонија

Првата драма објавена на македонски била „Како што милувате“, една година по поставувањето на истата во МНТ, односно 1949 година. Преводот е дело на Васил Иљоски, кој ги препеал стиховите, и Илија Милчин, кој ја превел прозата. Следуваат преводи од Блаже Конески („Отело“, 1953), Ацо Шопов („Хамлет“, 1960) и Георги Сталев („Венецијанскиот трговец“, 1971). Овие први преводи се индиректни—односно, преведувачите се служеле со преводи на руски, бугарски или српско-хрватски јазик. По овие следуваат и преводи на 60 сонети (1968), како и на трагедијата „Ромео и Јулија“ (1971). Овие два преводи се плод на соработка—од англиски во буквален превод се пренесени од Таска Дубровска, а за препевот се должни Ацо Шопов и Георги Сталев, по наведениот редослед.

Од 1971 година, Шекспир почнува да се пренесува на македонски во директен превод од англиски. Првите вакви преводи ги прави Богомил Ѓузел: „Магбет“ и „Крал Лир“. Ѓузел ќе ги преведе и „Хамлет“ (1980); „Јулиј Цезар“ (1982); „Сон на летната ноќ“ (1984); „Ноќ спроти Водици“ (1985); „Троил и Кресида“ и „Бура“ (1992); „Тит Андроник“ (2002), „Зимска сказна“ и „Антониј и Клеопатра“ (2006), „Како што милувате“ (2007), „Симбелин“ (2008) и „Хенри Шести, дел 2“ (2011), во соработка со Иванка Ковилоска-Поповска, која, пак, во 1985 и 1988 ги преведува двата дела од „Хенри Четврти“, „Хенри Петти“ (2004), „Ричард Втори“ (2005) и „Многу врева за ништо“ (2006).

Драги Михајловски, од своја страна, почнувајќи од 1980-те, досега има преведено 33 од 37-те драми на Шекспир, 23 од кои се објавени, а останатите чекаат објавување.[158] Неговата „11 драми“, објавена во 2003 година, ги опфаќа драмите „Веселите жени од Виндзор“, „Комедија на забуни“, „Кротењето на опаката“, „Со сила убавина не бидува“, „Од влакно ортома“, „Секое зло за арно“, „Танте за кукуригу“, „Ромео и Јулија“, „Ричард Трети“, „Кориолан“ и „Тимон од Атина“. Драмите бесплатно може да се симнат на македонскиот Криејтив комонс (http://cc.org.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=87&&Itemid=32). Во 2004 следи објавувањето на сите 154 сонети на Шекспир; потоа четирите големи трагедии „Кралот Лир“, „Хамлет“, „Отело“ и „Магбет“ во 2008; „Луњата“, „Сон во ноќта спроти Иванден“, „Зимска прикаска“ и „Како ви е арно така“ во 2011; и „Спроти Водици“, „Венецијанскиот трговец“, „Антоние и Клеопатра“ и „Јулие Цезар“ во 2012.