Здравко Стојмиров актер

 

 

Во прво лице

ИДЕЈАТА – ПРАВЕЦ КОН ЦЕЛТА

 

1 ЗА СЕБЕ: – Нека зборуваат другите…како и обично.

2 . ЗА ЉУБОВТА: -Секоја нова посилна.

3. ЗА ЖИВОТОТ: – Еден здив.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: – живот

5. ЗА ДОБРОТО -Во вечна борба со злото.

6. ЗА ЗЛОТО -Во вечна борба против себе.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – Нека уживаат додека можат.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? -Нека уживаат додека не можат повеќе.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ -Без коментар.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА -Неизбежна последица во објектите пред распаѓање.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ -Браќа и сестри.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ -Им доаѓа редот.

12 . ЗА ИДЕЈАТА -Правец кон целта.

13. ЗА СОНОТ- Треба сонувач за сон. Сонот не станува јаве магично преку ноќ. Треба пот, одлучност и многу посветеност.

14. ЗА ЈАВЕТО – Јавето е тука, што дури и кога ќе престанеш да веруваш во него, останува тука.

15. ЗА ВИНОТО …И би вино…најголем изум на сите времиња.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО -Семејството е коренот на минатото и цутот на иднината.

17. ЗА КРАЈ -Нема крај…

Среќна 500 – ка

Почитувани

Саканици и вљубеници на театарот, со голема радсот и чест ве информираме и обајавуаме дека нашето и ваше театaрче вo овоj момет ја објави со својата 500 та поставка, на просторoт во кој и за кој се радуваме сите ние!

Ви благодариме на посветеноста и посетеноста, но и на сите оние кои директно и индиректно учествуваат и ќе учествуваат, во сегашните, но и во идните пројави на овој наш простор.

Со надеж дека оваа бројка константно ќе расте и на Нашето Театарче ќе му се радуваме долго Ве поздравуваме!!!!

ваше Театарче

Подзадоцнивме на нашиот сопствен армас…

 

17.06.2017годин

ИНТЕРВЈУ СО АКАДЕМИК МИТКО МАЏУНКОВ, ЛАУРЕАТ НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА 52.МТФ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ
Борче Грозданов

Ќе ви раскажам една приказна. Во мојата најнова книга ” Приказни за ѓаволот” главната личност на книгата размислува вака: за се е крива математиката. Не е кадарна да го најде најмалиот заеднички содржател меѓу памтните и будалите, што се смешале во гласачките кутии… Од друга страна, политиката е секако цивилизациски избор. Кој е попаметен би требало да може и да знае да ја води нашата, односно политичката волја на народот. Во спротивно, како што е во најголем број случаи, се случува теророт на просечноста. Е, во контекст на ова, интелектуалците се тие кои сносат одговорност, собраната своја мудрост да ја инволвираат во надминување на просечноста, односно на себедоволноста и да функционираат во името на луѓето и етникумот, во име на кој дејствуваат. На пример, без Француската академија, односно без нивна дозвола во францускиот јазик не смее да влезе ниту еден нов збор…,вели за собитијата во кои се наоѓаме, ерудитот Маџунков

 

Што всушност значи за авторот професионалец, без оглед од кој сегмент на театарот доаѓа, наградата за животно дело и следствено на ова го очекуваше ли Митко Маџунков ова признание?
-Морам да признаам дека не го очекував, исто толку колку што беше и неочекувано моето инволвирање во театарот, односно драмата, како литературен жанр. Моето театарско патешествие започна некако “по наговор”. Едноставно, “Големиот смок” и својата праизведба ја имаше пред точно 31 година, отвори низа теми и дилеми за кои бевме заинтересирани и јас и режисерот Бранко Ставрев и така тргна патот на “Вечната игра”. Една година подоцна, пред три децении, јас и Мите Грозданов ги добивме главните награди, тој актерската, јас за најдобар драмски текст, токму овде во Прилеп. (разговорот е воден за време на MТФ “Војдран Чернодрински”, каде што Маџунков ја доби наградата за животно дело). Нашата драма и драматика се одвиваше на нестандарден, поточно нелитературен јазик, но сепак, ако имаме предвид дека струмичкиот е стар архаичен јазик, кој е матица на речиси целиот источен и старомакедонски говор, сепак, луѓето разбираа, дури и на просторите на целата тогашна Југославија. Некако, успеавме да допреме до народот и затоа имавме толку голем успех, прво со “…Смокот”, па потоа и со “Сенката” и со “Пуста земја”. Морам да напоменам дека овие драми, а и оние кои понатаму се во моето творештво, можат да крепат еден здрав театарски репертоар.

Што мислите, што би рекол Иљо М. на какафонијата што ни се случува денес?
-Иљо М. е храбар човек, кој живее посветен на здравиот и чесен збор. Според таа поставеност, тој само наизглед е загубен, бидејќи самото време ја претпоставува дилемата дали Зборот, на крајот од краиштата, може да ја издржи сопствената тежина, кога ќе се судри со апсолутот, односно Смртта. И тука нашиот херој е храбар, но во Сенката на пример, се поставува дилемата дали вреди храброста наспроти можното страдање на најмилото?!
Тоа е она што го прави бесмилен патот…

Како надоврзување, се изгубивме ли ние, во денешната стварност, на Патот за Лихнидос?
-Иако тој пат се уште е тука, нашиот пат навидува на се поголеми препреки. Ако Тодор Биков, поставува непробојни стаклени ѕидови во својата болница, во која се излечени сите болести, освен лудилото, која е впрочем и болест на иднината, тогаш нашиот пат има уште за врвење…

Значи ли тоа дека нашата комична фарса продолжува?
-Во една од моите драми ( “Чудо големо” ) некои од ликовите пристигнуваат доцна на армасот (давањето збор – веридба), па така и ние како да малку подзадоцнивме на нашиот сопствен армас…

Има ли нашата свадба крај?
– Ситуацијата е крајно сериозна…
Во контекст на еден разнебитен народ, и време во кое секој трча по својата глава и видело, а знаеме и по Библијата дека никој не се спасил сам, тогаш не очекува макотрпна работа за нашето сопствено средиште. Старото средиште на македонскиот народ е изместено, а новото не е најдено. Тоа се нашите црнила. Се убиваме и сме се убивале меѓусебно, во име на државата, но секој засебно Македонија си ја разбирал и толкувал различно. Таа, државата, е всушност основата, но токму во неа ние сме разделени, прашањето е сведено на – или си или не си за Македонија. Тоа не смее да биде моментот на поларизација. Токму нашата христијански цивилизација, всушност придонесе и за една сплотеност која беше и пример на Балканот. Кога зборувам за христијанството, не зборувам за строго религиозната определба, туку за нашата верба како цивилизациска придобивка, односно како христијанска цивилизација. Еден мој колега од МАНУ, разбирајќи ме сосема погрешно, при моето излагање за битноста на народот и неговата религиозна определба за втроиот дел, искоментира – “Што ми зборуваш за религија, јас сум атеист”. Тој вусшност и не разбра, јас зборував за цивилизациска придобивка. Тоа не(до)разбирање, кое, всушност, во некои идни времиња, може и многу да не чини.. Не зборував за конкретно одење во црква. Токму таа цивилизација за која ви говорам го држеше сплотен и на едно место народот.

Во оваа изгубена смисла на Зборот, на идентитетот, на нацијата, успеаја ли да го убијат зборливото куче?
-Луѓето по својата природа се плашат од зборот, а со тоа и од зборливите кучиња. Политиката во Целина, во светски размери е вусшност, во основа оттуѓување на сопственото право во име на некој друг, кого сте го гласале и кој треба да ја заврши работата наместо вас. Но нашите, а и светските политичари оној момент кога го добиваат вашиот глас како власт, едноставно, како да забораваат на се. Токму затоа и Уметникот не би требало да биде директно инволвиран, но од друга страна, и не може да остане имун, ако некој се обиде “политички” да му го одземе правото на самоопределување и живот. За среќа, постоеле и ќе постојат зборливите кучиња.

Дали ова значи дека уметникот интелектуалец, сепак, терба да го заземе своето место како политичко битие?
-Како што веќе реков, не треба буквално да се бави со политиканство, но будно терба да ја следи ситуацијата бидејќи во историски контекст мецената на Вергилиј, на пример, знаел дека уметникот повеќе вреди од него. Во оваа смисла интелектуалецот, па и академикот, ако сакате, имаат цврсто и неприкосновено право да дадат верификација на политичките состојби, но притоа да не ја преценуваат својата интелектуалност до ниво на себедоволност.

Еве и да ја занемариме таа спрега на уметноста и политиката, од каде и на кого се му се дава право да мисли со главата на народот и оној момент кога ќе дојде на пиедесталот, да заборави всушност во чие име треба и мора да мисли?
-Во овој контекст ќе ви раскажам една приказна. Во мојата најнова книга “Приказни за ѓаволот” главната личност на книгата размислува вака: за се е крива математиката. Не е кадарна да го најде најмалиот заеднички содржател меѓу памтните и будалите, што се смешале во гласачките кутии… Од друга страна, политиката е секако цивилизациски избор. Кој е попаметен би требало да може и да знае да ја води нашата, односно политичката волја на народот. Во спротивно, како што е во најголем број случаи, се случува теророт на просечноста. Е, во контекст на ова, интелектуалците се тие кои сносат одговорност, собраната своја мудрост да ја инволвираат во надминување на просечноста, односно на себедоволноста и да функционираат во името на луѓето и етникумот, во име на кој дејствуваат. На пример, без Француската академија, односно без нивна дозвола во францускиот јазик не смее да влезе ниту еден нов збор…

А кај нас?!
-Кај нас, односно со нашиот и во нашиот јазик за жал, се е возможно. Не може еден висок интелектуалец со врвно дадено право да размислува на оваа тема да рече: Моментално не ни е нападнат јазикот, односно, имаме други приоритети, а ако се случи напад на сродна институција тогаш ќе дадеме одоговор… Ваквиот став ми се чини крајно неодговорен!

И за крај каде и дали го гледате спасот од овие модерни “собитија” кај нас?
– Веќе еднаш во едно интервју реков дека состојбата е како кога паѓа куќа, па секој гледа да се најде од другата страна, каде што претпоставува дека таа нема да се сруши . Забораваме дека власта е менлива категорија. Поентата е дека било која елита во својот елитизам не смее да заборави на она што се случувало пред неа. Основната работа на животот е во континуитетот, а основната работа на смртта е дисконтинуитетот. Во таа смисла, не смее да има резови. Будалаштината, во спротивен случај, би немала крај. Ниедно рушење не носи напредок. Во спротивно имаме само континуирано лудило…

Го гледате ли некаде крајот на лудилото?
-За жал, како и на многу живи, нематеријални работи и на лудилото му е задача да опстане. Во оваа смисла, нашето нема крај или како што рекол Петре М.Андреевски: ” Нашата е долга и широка…” Небулозно е во име на европскиот пат да се откажеме од нешто што ниеден нормален човек не би се откажал. Се надевам дека тоа нам нема да ни се случи!

 

Наградени на 52-от МТФ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ” ПРИЛЕП

О Д Л У К А

ОЦЕНУВАЧКАТА КОМИСИЈА НА 52-ОТ МАКЕДОНСКИ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ “ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ” ПРИЛЕП, НАГРАДИ:

  1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ СЕ ДОДЕЛУВА НА ФИЛИП КОРУНОСКИ ЗА РЕКЛАМНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРЕТСТАВАТА ” АНА КОМНЕНА”  ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР Ј.Х.К. ЏИНОТ ОД ВЕЛЕС

2. НАГРАДАТА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА СЕ ДОДЕЛУВА НА ОЛГА ПАНГО ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА ВО ПРЕТСТАВАТА ” ОТЕЛО ” ВО ИЗВЕДБА НА ТУРСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ

3. НАГАРАДА ЗА МУЗИКА СЕ ДОДЕЛУВА НА МАРЈАН НЕЌАК ЗА МУЗИКАТА ВО ПРЕТСТАВАТА ” ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО” ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДЕН ТЕАТАР ШТИП

4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА РАДЕ ВАСИЛЕВ ЗА КОСТИМИТЕ ВО ПРЕТСТАВАТА “АНА КОМНЕНА” ВО ИВЕДБА НА ТЕАТАРОТ Ј.Х.К. ЏИНОТ ОД ВЕЛЕС

5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЕМИЛ ПЕТРО ЗА СЦЕНОГРАФИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА “ФИГУРАЕ ВЕНЕРИС ХИСТОРИАЕ” (ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА) ВО ИЗВЕДБА НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ ПРИЛЕП

6.  НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЉУПЧО ЃОРЃИЕВСКИ ЗА ДРАМАТИЗАЦИЈАТА НА РАСКАЗОТ НА ЖИВКО ЏИНГО ВО ПРЕТСТАВАТА ” ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО ” ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАРОТ ОД ШТИП

7.  НАГРАДА ЗА ТЕКСТ СЕ ДОДЕЛУВА НА БЛАГИЦА СЕКУЛОВСКА ЗА ТЕКСТОТ ВО ПРЕТСТАВАТА ” ТРУДНА ПРИКАЗНА” ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА ОД СКОПЈЕ

8. НАГРАДА ЗА МЛАДА АКТЕРКА СЕ ДОДЕЛУВА НА САЊА РУСЕСКА ЗА УЛОГАТА НА МИРА ВО ПРЕТСТАВАТА ” ХАЈ – ФАЈ” ВО ИЗВЕДБА НАТЕАТАРОТ ОД КУМАНОВО

9. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР “Трајко Чоревски” СЕ ДОДЕЛУВА НА СТЕФАН ВУЈИСИЌ ЗА УЛОГАТА НА ПОРЦИЈА ВО ПРЕТСТАВАТА” ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ ТРГОВЕЦ” ВО ИЗВЕДБА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ

10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЕВА СКЕНДЕРОВСКА ЗА УЛОГАТА НА НЕДА ВО ПРЕТСТАВАТА “ТРУДНА ПРИКАЗНА” ВО ИЗВЕДАБА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА СКОПЈЕ

11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА “Димче Трајковски” СЕ ДОДЕЛУВА НА ЖАРКО ДИМОСКИ ЗА УЛОГАТА НА БОШКО ВО ПРЕТСТАВАТА ” ТРУДНА ПРИКАЗНА ” ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА СКОПЈЕ

12, НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЈЕЛЕНА ЖУГИЌ ЗА УЛОГАТА НА Д-Р КАТА ВО ПРЕТСТАВАТА ” ТРУДНА ПРИКАЗНА” ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА СКОПЈЕ

13. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ ЗА УЛОГАТА НА ШАЈЛОК ВО ПРЕТСТАВАТА “ВЕНЕЦИЈАНСКИОТ ТРГОВЕЦ” ВО ИЗВЕДБА НА ДРАМСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ

14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА ЉУПЧО ЃОРЃИЕВСКИ ЗА ПРЕТСТАВАТА ” ЛАЗАРЕВОТО ПИСМО ” ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАРОТ ОД ШТИП

15. НАГРАДАТА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВА ВО ЦЕЛИНА И СЕ ДОДЕЛУВА НА ПРЕТСТАВАТА ” ТРУДНА ПРИКАЗНА” ВО ИЗВЕДБА НА ТЕАТАР КОМЕДИЈА СКОПЈЕ

16. НАГРАДА ЗА КОЛЕКТИВНА ИГРА СЕ ДОДЕЛУВА НА АНСАМБЛОТ НА НАРОДНИОТ ТЕАТАР ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ ПРИЛЕП ЗА ИЗВЕДБА НА ПРЕТСТАВАТА “ФИГУРАЕ ВЕНЕРИС ХИСТОРИАЕ” (ЉУБОВНИ ПОЗИ НА ИСТОРИЈАТА)

ПРИЛЕП 16 ЈУНИ 2017 Г.

ОЦЕНУВАЧКА КОМИСИЈА

Претседател: Митко Маџунков

член: Братислав Димитров

член: Слободан Деспотовски

МНТ со „Животот е прекрасен“

МНТ со претставата „Копање“ го затвори Dramatikerinnenfestival Graz, Австрија

 

 

Вчеравечер Македонскиод народен театар ја имаше таа чест да го затвори фестивалот Dramatikerinnenfestival Graz со претставата „Копање“ во режија на Франц фон Штролхен. Претставата имаше две изведби (на 10 и 11 јуни) на големата сцена во несекојдневниот објект Дом им Берг, а двете изведби на претставата доживеаа големи успеси пред преполна сала со повеќе од 600 луѓе кои ја поздравија актерската екипа со долготрајни аплаузи и овации.

Станува збор за специфичен објектот кој е исполнет со мрежа на тунели и се наоѓа во стариод дел на Грац, а во времето на Втората светска војна се користел како скривница. Сега објетот е адаптиран и функционира на неколку нивоа и располага со повеќе сцени на кои се изведуваат претстави, концерти, перформанси, работилници, проекции на филмови, журки и други културни настани. Фестивалот започна на 6-ти и траеше до 11-ти јуни.

Ова патување е дел од мини турнејата на МНТ. Потоа со истата претстава, на 14 јуни следува гостување на Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп, а на 18 јуни МНТ со претставата „Животот е прекрасен“ гостува на денови на сатира и театар во организација на театарот Керемпух во Хрватска.

 

Раскошот и сјајот на кинеската театарска традиција

 

 

Кон гостувањето на Магбет исплашена душа во продукција на Хуи операта и Пекиншкиот оперски театар од провинцијата Анхуи

Претставата е беспрекорно направен ситен вез , што ја спојува древната театарска традиција со сензибилитетот на современите кинески театарски творци.

Сотир Трајков

Ретки биле приликите кога театар од далечниот исток гостувал кај нас. Уште поретко била прикажана некоја традиционална форма од тие краишта. Но, благодарение на организаторите на четвртото издание на интернационалниот театарски фестивал „ МНТ Фест “ , на 5 и на 6 јуни 2017, имавме можност во новиот театарски објект да се засладиме со пекиншката опера „ Магбет исплашена душа “, во продукција на Хуи Операта и Пекиншкиот оперски театар, од провинцијата Анхуи. Оваа древна кинеска театарска форма , позната по должината , но и по храната и пијалоците што им се нудат на гледачите , додека ја следат, зашто едноставно човек огладнува по некој час од изведбата, поради бавното темпо во чиновите , кај нас не беше прикажана во традиционално пакување, туку во инстант- класично, на сцена , без било какви закуски за публиката во салонот, во траење од 80 минути. Би се рекло, кратко и јасно како за западни консументи.

Сепак, ништо не пропуштивме од убавата и раскошна игра, пеења, танци, акробации , прикажани низ до перфекција совладаната и одиграна вибрантна кореографија и стилизирани движења, својствени за кинеската-пекиншка опера. Сето тоа беше спакувано во колоритни, традиционални костими, маски, шапки, мечеви и други симболи и обележја за кинеската војска, низ историјата.

А, токму кинеската историја е земена како појдовен пункт во развојот на адаптацијата на овој „ Магбет “, што ја направи Кенг Сун , според најкусата Шекспирова драма , напишана околу 1603 година, во превод на Бјаогуен Џу. Сун го сместува дејствието пред новата ера , ( 770 и 476 год.) , во кинеската држава Веи, одбранета од генералот Ѕи Јин, во изведба на Јушу Ванг, кој подоцна станува крвав владетел по наговор на сопругата, во што се препознава позајмената матрица од односот меѓу кралот Магбет и неговата жена Леди Магбет. Но, режисерскиот концепт на Кина Су не го следи оригиналниот тек на фабулата како кај Шекспир. Во стилот на кинеската опера, дејствието на речиси голата сцена, со минимални реквизити и симболи, за што беше задолжен Пејсен Ванг , тече без реска граница меѓу чиновите и се фокусира на најважните мигови од трагедијата, најавувајќи ја на самиот почеток, со наравоучението – „ Кој за меч се фаќа ,од меч ќе страда “.

Понатаму, фабулата го следи убиството на Кралот (Данкан кај Шекспир), кого во оваа постановка го толкува Кај Џанг, што претставува пресвртница во крвавиот пир на Ѕи Јин до кралскиот трон и неговиот односот со сопругата Ки Ганг. Јушу Ванг како Генералот и Кралот Ѕи Јин, низ текст, пеење и кореографија, разработена во изразувањето на секој гест , емоција и движење на телото, екстремитетите, лицето и очите, маркантно исцртува карактер на свесен и исплашен за направените злосторства, злосторник. А, свирепа, со амбициозен план за сопругот , што го изразува низ прпелкањата како змија до исполнувањето на намерите, со вонредно убав глас кој пее и поттикнува убиства, што ја носат пак до самоубиство, поради сторените гревови, беше прикажаната заводлива и уверлива креацијата на Гингтинг Ку како Ки Ганг. Во претставата се појавуваат и Принцот, Генералот Су, војската, духот ( на Банко по Шекспир), но повеќе како споредни ликови во масовните, танцово-ритуални сцени и стилизирани акции на убиства, без крв. Но , посебно нагласено е присуството на трите вештерки, во адаптацијата претставени како тројца богови, ( во стилот на чои-машки и женски кловнови од пекиншката опера), кои ги претскажуваат и коментираат настаните. Овие улоги ги толкуваат Хе Јанг, Минг Ду и Лисја Ванг. Последнава, особено пленеше со своите силни нозе, кои секое движење и танц го направија во положба на клечење, визуелно доловувајќи го ликот како малечок, дебел, комичен, ама и моќен.

Накратко кажано, како публика уживавме во прецизната актерска игра на целиот ансамбл, во покажаните акробатски вештини и акции, направени од Минг Ду, во кореографијата, осмислена од Леј Љу, во стилизираните движења и пеење стихови, на музика од Џејуен Су и Јинху Џао, во што помага секој гест на актерите при произведувањето глас и мелодии, на кои работеа Јифенг Ву и Ај Сјанг. Тоа зборува за високите критериуми, дисциплина и посветеност кои традициналниот кинески театар ги поставува пред секој учесник, но и за задоволството што му го нуди на гледачот , низ виртуозно стокмените изведби. А, „ Магбет исплашена душа“, не ќе беше квалитетна пекиншка опера што ја освои 13. фестивалска награда за кинеска драма и не ќе беше дел од „ Единбург фестивал Фринџ“, минатата година, доколку не беше беспрекорно направен ситен вез , што ја спојува древната театарска традиција со сензибилитетот на современите кинески театарски творци.

Една мала , но не и неважна забелешка на крајот, за оваа , а и за повеќето странски или изведби на домашни театри од етничките заедници, е отсуството на синхронизација при емитувањето на титлуваниот превод . На почетокот тој се појавува суверено, кон средината на претставата исчезнува, или како во „ Магбет исплашена душа“, е прилично осветлен од рефлекторите па не се чита, за да при крајот на изведбата повторно се појави во целост. Тоа не смее да ни се случува, па колку и да е кратко времето за да се подготви титлот и да се пушта. Тој е неопходен за следење на дејствието од домашната публика, која најчесто нема предзнаење , а и не треба да има ако не е стручна, за тоа што се случува по текстот и што ја очекува низ дејствието. А театар се прави за публиката, нели?

 

 Од класика – до наш збор – од физички театар до мелодија на театарот…

 

СЕ ОТВОРИ ТЕАТАРСКАТА ЛЕПЕЗА НА 52. МТФ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ

Борче ГРОЗДАНОВ

Ако се суди по првите четири дена од 52. издание на МТФ #Војдан Чернодрински# во Прилеп, тогаш најкратко и најпрецизно може да кажеме дека македонскиот театар и натаму продолжува да го оправдува своето постоење… Пред се, и над се за тоа сведочи публиката која ги полни сцените на НУЦК #Марко Цепенков# и НТ #Војдан Чернодрински# во Прилеп. Можеби, за тоа #виновен е шареноликиот репертоар во кој преку лепеза од 12 компетитивни претстави се отвора простор за класиката (Шекспир, Ибзен, Достоевски…), до современата македонска драматургија (Стефановски, Чинго, Секуловска…)

Досега публиката можеше да види еден раскошно колоритен, разигран, Венецијански трговец од Шекспир на Драмски, еден зачуден но перфектно точен и лишен од одвишности #Злочин и казна# на Достоевски во согледби на Наташа Поплавска и Диего Дебреа, гостинот кој го режираше Достоевски во Битола, па преку домаќините со Фигурае Венерис Хисторица (љубовни пози на историјата), од Горан Стефановски повторно по режисерско писмо на Поплавска, во која видовме уште една изгубеност и апсурдност од воените профитерства до #Плавиот кучето# на Албанскиот театар и #Хај фај# на НТ Куманово од Стефановски, така што публиката може да биде и е задоволена и по жанр и по вкус. Тука беше и Театарот Комедија со неговата #Трудна приказна# од Билјана Секуловска, во која #во ново

руво# ги видовме Спасе, Цвета, Бошко, Осман и останатите, овојпат како своевидна пародија – светоглед од кој нема бегање во овие нови и уште понови времиња…

Во овој контекст бардот на македонската литература и драмско писмо, лауреат за животно дело за годинава, Митко Маџунков, во својата Благодарност (веќе интегрално објавен текст на нашата веб страница), меѓу другото и ќе забележи:

– Сакам да го споменам јазикот, зашто нашите театри не се доволно подготвени за негување на нашиот класичен репертоар, меѓу другото и затоа што на нашите академии не се студираат сите нужни видови говор, од оние најархаичните, преку говорот на одделни епохи, па се до дијалектите. Облиците на искривоколчениот турско-македонски јазик, што се среќаваат во #Македонска крвава свадба# на пример, даваат подобар увид во стварноста што се опишува дури и од самото дејство на драмата. Во нашите театри денес се употреба нестандардниот градски говор – кој може да биде опасен за иднината на книжевниот јазик на секој мал народ – а е запоставен базичниот народен јазик сосе архаизмите и дијалектите…

Овој став на Маџунков, може да биде отворање на една нова тема за дилема, каква што треба и мора да трпи македонскиот театар, за да, како што вели народот, #туркаме за напред#.

Во овој контекст го држиме за збор и новопечениот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, кој отворајќи го фестивалот меѓу другото вети:

#Ќе инсистираме да се афирмира, уште понагласено улогата и статусот на творецот и на уметникот во македонското општество. Културните дејци и уметниците ќе добијат во нас искрен сојузник. Нема да ја задушуваме и

да ја инструментализираме уметничката слобода, туку ќе ја негуваме и силно ќе ја поддржиме…

Неизбежна е, се разбира и театарската литература, како и придружната програма со осум претстави во кои публиката и гостите ќе можат да се запознаат и со тоа до каде се студентите на ЕСРА и ФДУ…

Денес на МТФ ” Војдан Чернодрински” 

На сцена Театар “Војдан Чернодрински” (19.30 ч.)

НУЦК” Ацо Шопов” театар НТ Штип

“Лазаревото писмо”

Сцена НУЦК #Марко Цепенков# (22 ч.)

НУ Турски театар Скопје

“Отело”

Сцена: Театар Војдан Чернодрински (24 ч), продукција Ултра и НУЦК Трајко Прокопиев Куманово

” Шмекерот со капа”

Актерски извонреден Ричард III

 

ПРЕМИЕРА

Кон премиерата на претставата “Ричард III” во режија на Пламен Марков, гостин од Бугарија, продукција НТ Штип
Борче ГРОЗДАНОВ

Познатата приказна како преку море од крв се стигнува до власта, раскажана од големиот Шекспир, со Ричард III на чело, е за жал вечно актуелна, грозоморна и тешка, но вистинита и неизмерно повторлива приказна… Оттука, да се види тоа на дело преку сцената, но овојпат како исправено огледало, со чувство за сета негова искривеност имавме можност да ја почувствуваме, кско и тоа дека навистина сме присутни на низа од злосторства, кои како актерски приказ ни го прикажа монструмот од човек, онака, својски, верно, преку  еден млад но јасно и одлично профилиран актерски лик, каков што е Иван Калошев, наш човек кој својот професионален уметнички леб го заработува во соседна Бугарија… Кај него, односно кај Ричард III ја видовме сета злобност, бескрупулозност, бесчуствителност, жед за крв, но и премореност од вечната потрага по власт, премореност од газењето по трупови, премореност од самосебе својствената чудовишност, а притоа направено актерски толку верно достапно и зачудувачки енергично, што напросто не остави без здив. Овие се само дел од комплиментите за актерската беспрекорна уметност на Калошев, безрезервно поддржан од Бакингам на Ефтим Трајчов Ѓаурски, кој како сопатник во злодејствијата ни прикажа еден лик, претворен во интригант, полн со  себељубие, измама, завист, но и по малку човечност, пред се во однос на убивањето… Ефтим тоа го донесе со многу интелигентно својствен актерски нерв, со многу чувство за партнерска игра, но и сценско дејствие. Освен овие два млади столба приказната многу верно и точно, некои како жртви, некои како содејственици ја плетат уште и Владимир Тулиев (Кларенс), Милорад Ангелов (Лорд Хастингс), Миле Вратеовски (Лорд Стенли), Пеце Ристевски (Лорд Риверс), Виктор Арев (Тирол), Стојан Арев (Брекенбери), Марија Минчева Андонов (Маргарита), Кристина Атанасова Арсова (Елизабета), Валентина Георгиева (војвотката од Јорк – Мајката), Ангелка Нашкова (Лајди Ана), Елена Шорова Дербов (Џејн Шор), Раде Рогожаров (Едвард ИВ), Миланчо Ѓеоргиев Роне (Хенри ВИ) и младите надежни ентузијасти Лазарчо Ѓоргиев (Едвард Кларенс), Петар Јанев (Хенри Ричмонд) и Емилија Ристевска (Маргарита).

… Сите тие со својот габарит и енергичност, но и преку целите и задачите пред се во актерско уметничка смисла, создадоа една лепеза на ликови кои како #поткрепа# на двоецот Ричард Глостер III и Бакингам се дел од идејата убаво срочена и склопена од режисерската рака на Пламен Марков, режисер-гостин од Бугарија, кој Ричардовата борба за власт ја претвора во една голема гробница на суетата и злобата и во тоа успева преку приказна срочена во нецели два часа, но одлично дозирана во есенцијална смисла и раскажана без излишна нарација, со прецизен концепт и повеќе од солидно раздвижен мизансцен и што е најважно, без нарушена Шекспирова метрика.

Се на се, Народниот театар Штип при НУЦК “Ацо Шопов” од градот под Исарот, има театарски продукт со кој може да се гордее.

Магичниот Дон Жуан суверено не “згази” со магија!

 

САГА ЗА ЕДНО ФАНТАСТИЧНО И ЕУФОРИЧНО ТЕАТАРСКО ИСКУСТВО

Кон гостувањето на НТ “ИВАН Вазов” во Бугарија на МНТ Фест 2017

Борче ГРОЗДАНОВ

Прекрасно и неодминливо е чувството кога ќе ви биде овозможено макар, сал и за миг да присуствувате на една вистинска театарска магија. И кога во таа магија, неусетно, а сеопфатно обземен, поминувате повеќе од два ипол часа неминовно е резултатот да биде катарзичен…убаво е кога излегувате од театарскиот салон исполнети со докази дека театарот е навистина место каде што животот станува поубав…
Со вакво чувство бев исполнет по присуството (па можам да се пофалам) и комплетното себе учество во претставата “Дон Жуан” што нашиот добар познаник, еминентниот бугарски и европски режисер Александар Морфов, ни ја приушти на МНТ Фест, на сцената на новиот Македонски народен театар.
Посебно е убаво чувството, кога ќе видите како со леснотија се создава слика од зборови, на која не можете да останете имун, па колку и таа да раскажува за сладострастието, отровот, па и бескрупулозноста на #освојувачот на целата земјина топка, небаре Александар Македонски, иако без оружје, односно само како завојувач на женските срца… Тоа е Дон Жуан со незаборавниот актерски имплус на Дејан Донков, сесрдно потпомогнат и потпрен на слугинскиот интелект и импулс на Велислав Павлов, алијас Зганарел! Двајца актери кои создаваат една компактна, жива материја, која растура, но и владее со сцената. Религиозната (не)дилема, што ја носи Дон Жуан и само навидум стамениот неприкосновен атеризам, а во име на љубовта, односно страста е основата која ја носи во себе приказната, митот за љубовникот стар(а) речиси четири века, е сепак, во својата длабочина и приказна за Човекот и човештината, макар и како антипод на вистината дека Бог е Љубов… Покрај споменатите два лика/актери тука беше и една поголема актерска екипа, која со чудесна моќ и енергија го пренесува и хумористично-гротескното, но и сериозноста на смртното, ни покажа дека една претстава живее заедно со театарот, не само додека таа трае… Можеби затоа моќниот Дон Жуан на Морфов, Донков, Павлов, Пападопулу, Духовникова, Врангова, Николова, Ганев, Јорданов, Вергов, Пеев, Цанев, Аврамови, Ангелови, Бистрев, Данаилова и Николова газат суверено повеќе од една деценија на сцената на НТ Вазов од Република Бугарија.
За комплетната магија да се вообличи, заслужни се и костимите на Марина Рајчинова, сценографијата на Александар Орлов и режисерот Морфов, и кореографијата на Мила Искренова, кои со светлата мрачност и мрачноста на светлината, успеаја дилемата и верноста на дуализмот и борбата меѓу доброто и злото да ја сведат, едноставно# само на магија!Браво!