Антоан де Сент-Егзипери ( 29 јуни 1900 – 31 јули 1944 )

 

Антоан де Сент-Егзипери
Antoine de Saint Exupéry
11exupery-inline1-500.jpg 
Роден 29 јуни 1900
Лион, Франција
Починал веројатно 31 јули 1944(воз. 44 г.)
Во морето јужно од МарсејФранција
Занимање Авијатичар, писател
Националност Французин
Период 1929-1948 (постхумно)
Жанр Автобиографија, детска и уметничка литература
Значајни дела Јужна пошта
Ноќен лет
Малиот принц
Сопружник Конзуела де Сент-Егзипери (од 1931.)

Антоан де Сент-Егзипери (францускиAntoine de Saint Exupéry) — роден на 29 јуни 1900 во Лион, Франција, а починал на 31 јули 1944 летајќи над Медитеранот, е француски писател, поетавијатичар и репортер.

Роден во француска благородничка фамилија, Антоан де Сент-Егзипери поминува среќно детство покрај прераната смрт на неговиот татко. Како сјаен ученик матурира во 1917, но не успева да се запише на школата за воена морнарица, па затоа се посветува на убавите уметности и архитектурата. По воената служба во 1921 во Стразбур станува пилот. Во 1926 почнува да пренесува пошта од Тулуз до Сенегал, а во 1929 и до Јужна Америка. Во меѓувреме почнува да ги објавува своите дела, инспирирани од неговите искуства како авијатичар: Јужна пошта во 1929, но пред сè Ноќен лет во 1931, дело со голем успех.

Почнувајќи од 1932 неговите работодавци наидуваат на финансиски проблеми, па така Сент-Егзипери се посветува на пишувањето и новинарството. Тој се посветува на поголеми репортажи, како случувањата во Виетнам во 1934, во Москва во 1935 и во Шпанија во 1936, кои ги засилуваат неговите хуманистички вредности прикажани во Земја на мажи, дело од 1939. Истата година, тој служи во воздухо-пловната војска како возач на воздушна ескадрила. По примирјето, ја напушта Франција за Њујорк, но на пролет во 1944 се враќа како дел од француската армија. Сент-Егзипери, за време на воена мисија, исчезнува на море во својот авион на 31 јули1944. Дури во 2000, остатоците од неговиот авион се најдени во близина на Марсеј.

Малиот принц, напишан во Њујорк за време на војната, е објавен, заедно со неговите лични цртежи, во Њујорк во 1943. а во 1946 и во Франција. Оваа книга напишана за „возрасните кои заборавиле дека некогаш биле деца“ набргу постигнува светски успех.

Дела 

Можеби делата на Сент-Егзипери не може да се наречат автобиографски, но сепак најголем дел од нив се инспирирани од неговиот живот како поштески пилот, земајќи го предвид Малиот принц (1943) — несомнено најпродавната книга (продена е во повеќе од 134 милиони примероци низ целиот свет[37], и е втората најпродавна книга во светот после Библијата[38]) — книга која е повеќе поетска и филозофска отколку биографска.

Тој има напишано и други книги, меѓу кои: Јужна пошта (1929), Ноќен лет (1931), Земја на мажи (1939), Воен пилот (1942), Писмо до еден заложник (1944), Белешки од војната (собрани во 1982), и Citadelle (постхумно, 1948). Сите овие романи раскажуваат приказни за некакви патувања во фиктивна, некогаш фантастична форма. Покрај делата наведени подолу, низ годините се објавени и најразлични писма, белешки и дописи на писателот.

  • Авијатичар (француски: L’Aviateur)  Објавен во 1926. Првиот текст на Сент-Егзипери, кој наликува на фрагмент од некакво поголемо дело, кој ќе му послужи како материјал за Јужна пошта.
  • Ноќен лет    Објавен во декември, 1931. Овој роман напишан како трагедија, носи предговор од Андре Жид, а му носи и награди на Сент-Егзипери кои го запечатуваат неговиот статус како писател. Овој роман доживува неколку преводи, а правата за филмска адаптација се продадени во Холивуд.
  • Земја на мажи   Издадена во декември, 1939, книгата се здобива со главната награда на Француската академија. Станува збор за збирка раскази, сведоштва и размисли за чувствата, сеќавањата и случувањата од патувањата на Сент-Егзипери. Станува збор, истовремено, и за омаж на двајца пријатели на Сент-Езгипери, Море и Гијом. Делото е проткаено со една романтичарска визија за добрината на човештвото.
  • Воен пилот  Објавен во 1942.
  • Малиот принц   Напишан во САД, а издаден во 1943 во Њујорк во две верзии (англиска и француска). Во Франција е објавен дури во 1946, две години по неговата смрт. Приказна за еден пилот чиј авион се урнува во некоја пустина, каде запознава таинствено, нежно момченце. Поради технички причини, „цртежите на авторот“ кои се репродуцирани во француските верзии се бледа копија на американските оригинали. Некои од деталите се дури променети. Изданието од 1999[39] е првото издание кое е веродостојно на оригиналот, со подобар уметнички и технички квалитет иако во помал формат.
  • Писмо до еден заложник  Издадено во 1944.
  • Citadelle   Издаден во 1948. Во 1936 Сент-Егзипери почнува со пишување, но никогаш не го завршува. Првото издание е скратена верзија од планираниот оригинал. Целиот ракопис е достапен дури во 1958 и повеќе ја доловува целоста на првичната идеја на Сент-Егзипери.
  • Писма од младоста (1923-1931)  Објавени во 1953. Ново издание во 1976 под насловот Писма од младоста до измислен пријател.