ЖИВОТОТ Е ПАТУВАЊЕ
1 . Уште не сум се договорила со себе за себе… во главно имам високи потенцијали, кога сум во позитивна состојба сум ултра позитивна… кога е обратно, знае да биде страшно… шарени пеперутки, во контра со Д мол… тоа би го рекла за себе… најкратко , не сум една , имам 100 јани… можеби затоа сум 100јановска :)))
2.За љубовта ќе кажам дека ја гледам како гориво …. љубов, заљубеност знае да направи чуда , ништо не е невозможно , само нека ја има и нека се множи, шири, расте , нека проаѓа и пак нека доаѓа. Има една песна во библијата се вика Ода на љубовта… е, тоа мислам за љубовта. Љубовта е како светло и темно во човечката душа , разликата мегју пеколот и рајот на земјата
3. Животот е патување …
4. Театарот е простор во кој имаш можност да бидеш некој друг, да доживееш нечие туѓо тешко, нечие туѓо заљубено, нечија туѓа фрустрираност, радост, простост, сложеност, нечиј туѓ глас, начин на говор , од, смеа.. нечие туѓо се, а сепак твое толку лично и драго . Простор во кој се борис со демони , учиш психологија и својата и на сите околу себе… театарот е еден огромен – мал простор кај што можеш да зипуваш милијарда животи – во еден…
5. За доброто… доброто е како цвеќе … треба да се негува, да се стави кај што има светло и да се полева секој ден, со љубов и милост . Треба да се исчисти од предрасуди и стравови…и многу благодарно е доброто како добро ако се гризиш за него соодветно. Доброто се развива како мускул и се шири како вирус и свети силно, како сонце кога е здраво и исполнето. Доброто е и едно единствено, а и поделено по малку, кај секого од нас. Јас на пример сум му голем фан на доброто и верно навивам за него!
6 .лошото… е инфекција, нешто што е стекнато некаде во некој момент на некое место. И треба да се чисти… како што си го чистиме домот од прашина и прлјавштини… понекогаш не знаеме како, па ни треба помош… лошото знае да биде многу опасно, ако не се третира на време
7 за непријателите.Само добро им посакувам, мене ништо не ми можат… непријател е некој што мрази, а луѓето што имаат омраза се најопасни само за себе …
– За пријателите, па би сакала да им се извинам и тоа почесто отколку што треба… јас сум од оние луѓе што исчезнуваат , ама сакаат вистински, моите пријатели можеби не ги гледам секој ден, ама ги сакам бескрајно
- За глумата во животот Таа за мене е шарен свет од бои , паралелни димензии. Знам да застранам кога работам на улога и со гардероба и со однесување , и убаво ми е , се раѓа некој нов сегмент од мене и адреналински ми го исполнува срцето, многу се радувам на нови работи … инаку мислам дека се што е глума вон театарот е или лицемерие или одење против себе, потискање , поднесување… не го сакам тоа
9 сценската прашина е многу интересна работа… како самовилска прашина … кога ќе се крене , кога ке ја вдишеш … уфффф многу шарено , или болно или тешко … ама сценската прашина ги внесува сите честички од вистината, на претставата, секаде во твоите пори… опасна е сценската прашина и треба да се почитува, зошто може да одлучи и да се скрие сосема и тогаш е многу страшно и празно…
10 , колегите се прекрасни, сите , распрскани сродни души низ целиот свет, би сакала да можам да ги запознаам и да работам со сите
11. Неодиграните улоги се веројатно како неродени деца… јас немам деца сеуште :))) ама така се чувствувам. Некој дел од тебе кој треба да го создадеш, да му дадеш живот, правец, свој печат… едвај чекам да ги запознаам, ете, сите досега неодиграни улоги
12 . За идејата татко ми викаше дека циркулира на ниво на фреквенција, а сите ние имаме антени… некои имаат јаки антени , некои послаби… кога ќе уловиш идеја се радуваш како рибар на уловена риба, зар не?! Многу ми се допаѓа ова видување и сосема се согласувам со него
13 сонот знае да биде прекрасен , ама знае да биде и кошмар… како во спиењето, така и во животот
14 за јавето…. гледам да не е кошмар, а кога станува си измислувам доза измислено туѓо јаве, за да ме забавува … обично пред телевизор
15 виното и јас не се разбравме … се дружевме едно 15 години… средината и околностите не спојуваа, имавме прекрасни и не толку прекрасни моменти заедно…. да имаше човечка форма донсега ќе имавме неколку деца и неуспешен брак… сега се гледаме само во посебни прилики и драго ни е дека се гледаме… мислам дека му е потешко без мене
16. За семејството би кажала дека сум баш привилегирана, не знам дали сум доволно благодарна… повторно , на генетиката да има човечка форма би и носела цвеќе и бомбоњера секоја недела… би и изградила еден споменик во знак на благодарност… сепак… во монентов чувството за формирање свое семејство ми е, сеуште, некако далеку…
17 за крај, баш убаво си поминав и фала за прекрасните прашања!