ПЕТАР Спирковски – актер

 

Јуни6, 2017

Во прво лице

СЕКОГАШ ПОДГОТВЕН ЗА АВАНТУРИ

  1. ЗА СЕБЕ Емотивец секогаш подготвен за нови авантури.
  2. ЗА ЉУБОВТА Ја почувствував, ја чувтвувам и ќе ја чувствувам како ретко кој.
  3. ЗА ЖИВОТОТ Сурова игра во која победува посилниот.
  4. ЗА ТЕАТАРОТ Сон од којшто не сакаш да се разбудиш никогаш.
  5. ЗА ДОБРОТО Редок вид во изумирање.
  6. ЗА ЗЛОТО Вирус кој напаѓа со огромна брзина.
  7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Животот би ми бил многу досаден, доколку ги немаше.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Колку се, толку се, доволно се.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ Ах, шо глумци се сите
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА За среќа не сум алергичен, ми годи.
  1. ЗА КОЛЕГИТЕ Некои пријатели, некои непријатели.Ги сакам.
  2. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ Се во свое време.Иако голем дел од времето го загубивме во потрага по заслуженото, додека други го добиваа незаслуженото.

12 . ЗА ИДЕЈАТА Се’ се движи, се’ се менува, само таа останува вечна.

  1. ЗА СОНОТ Жалам што не ми е јаве.
  2. ЗА ЈАВЕТО Ех, кога би било како во соништата.
  3. ЗА ВИНОТО Преку чаша РОЗЕ се е поразлично.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО Благодет е да се има.
  5. ЗА КРАЈ Секој крај е нов почеток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *