” Животот е прекрасен ” за МНТ – Гран при, Никола Ристановски, Николина Кујача

 

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР ПОБЕДНИК НА ФЕСТИВАЛОТ ДЕНОВИ НА САТИРА ВО ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА

Вечерва во Театарот Керемпух во Загреб беа доделени наградите на 41-то издание на фестивалот на сатирата на кој учествуваа 15 претстави од Италија,Германја,Хрватска,Словенија,Црна Гора,Македонија и Србија.
Македонскиот народен театар беше прогласен за апсолутен победник на фестивалот со претставата “Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов.
Македонскиот народен театар ги освои главните награди на фестивалот :

– Гран при – голема награда за најдобра претстава

– Никола Ристановски – награда за најдобра машка улога

– Николина Кујача – награда за најдобра женска улога

Од жири комисијата беше потенцирана маестралната актерска игра на целокупниот ансамбал во претставата.