Вчеравечер Македонскиод народен театар ја имаше таа чест да го затвори фестивалот Dramatikerinnenfestival Graz со претставата „Копање“ во режија на Франц фон Штролхен. Претставата имаше две изведби (на 10 и 11 јуни) на големата сцена во несекојдневниот објект Дом им Берг, а двете изведби на претставата доживеаа големи успеси пред преполна сала со повеќе од 600 луѓе кои ја поздравија актерската екипа со долготрајни аплаузи и овации.
Станува збор за специфичен објектот кој е исполнет со мрежа на тунели и се наоѓа во стариод дел на Грац, а во времето на Втората светска војна се користел како скривница. Сега објетот е адаптиран и функционира на неколку нивоа и располага со повеќе сцени на кои се изведуваат претстави, концерти, перформанси, работилници, проекции на филмови, журки и други културни настани. Фестивалот започна на 6-ти и траеше до 11-ти јуни.
Ова патување е дел од мини турнејата на МНТ. Потоа со истата претстава, на 14 јуни следува гостување на Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп, а на 18 јуни МНТ со претставата „Животот е прекрасен“ гостува на денови на сатира и театар во организација на театарот Керемпух во Хрватска.