Од класика – до наш збор – од физички театар до мелодија на театарот…

 

СЕ ОТВОРИ ТЕАТАРСКАТА ЛЕПЕЗА НА 52. МТФ ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ

Борче ГРОЗДАНОВ

Ако се суди по првите четири дена од 52. издание на МТФ #Војдан Чернодрински# во Прилеп, тогаш најкратко и најпрецизно може да кажеме дека македонскиот театар и натаму продолжува да го оправдува своето постоење… Пред се, и над се за тоа сведочи публиката која ги полни сцените на НУЦК #Марко Цепенков# и НТ #Војдан Чернодрински# во Прилеп. Можеби, за тоа #виновен е шареноликиот репертоар во кој преку лепеза од 12 компетитивни претстави се отвора простор за класиката (Шекспир, Ибзен, Достоевски…), до современата македонска драматургија (Стефановски, Чинго, Секуловска…)

Досега публиката можеше да види еден раскошно колоритен, разигран, Венецијански трговец од Шекспир на Драмски, еден зачуден но перфектно точен и лишен од одвишности #Злочин и казна# на Достоевски во согледби на Наташа Поплавска и Диего Дебреа, гостинот кој го режираше Достоевски во Битола, па преку домаќините со Фигурае Венерис Хисторица (љубовни пози на историјата), од Горан Стефановски повторно по режисерско писмо на Поплавска, во која видовме уште една изгубеност и апсурдност од воените профитерства до #Плавиот кучето# на Албанскиот театар и #Хај фај# на НТ Куманово од Стефановски, така што публиката може да биде и е задоволена и по жанр и по вкус. Тука беше и Театарот Комедија со неговата #Трудна приказна# од Билјана Секуловска, во која #во ново

руво# ги видовме Спасе, Цвета, Бошко, Осман и останатите, овојпат како своевидна пародија – светоглед од кој нема бегање во овие нови и уште понови времиња…

Во овој контекст бардот на македонската литература и драмско писмо, лауреат за животно дело за годинава, Митко Маџунков, во својата Благодарност (веќе интегрално објавен текст на нашата веб страница), меѓу другото и ќе забележи:

– Сакам да го споменам јазикот, зашто нашите театри не се доволно подготвени за негување на нашиот класичен репертоар, меѓу другото и затоа што на нашите академии не се студираат сите нужни видови говор, од оние најархаичните, преку говорот на одделни епохи, па се до дијалектите. Облиците на искривоколчениот турско-македонски јазик, што се среќаваат во #Македонска крвава свадба# на пример, даваат подобар увид во стварноста што се опишува дури и од самото дејство на драмата. Во нашите театри денес се употреба нестандардниот градски говор – кој може да биде опасен за иднината на книжевниот јазик на секој мал народ – а е запоставен базичниот народен јазик сосе архаизмите и дијалектите…

Овој став на Маџунков, може да биде отворање на една нова тема за дилема, каква што треба и мора да трпи македонскиот театар, за да, како што вели народот, #туркаме за напред#.

Во овој контекст го држиме за збор и новопечениот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, кој отворајќи го фестивалот меѓу другото вети:

#Ќе инсистираме да се афирмира, уште понагласено улогата и статусот на творецот и на уметникот во македонското општество. Културните дејци и уметниците ќе добијат во нас искрен сојузник. Нема да ја задушуваме и

да ја инструментализираме уметничката слобода, туку ќе ја негуваме и силно ќе ја поддржиме…

Неизбежна е, се разбира и театарската литература, како и придружната програма со осум претстави во кои публиката и гостите ќе можат да се запознаат и со тоа до каде се студентите на ЕСРА и ФДУ…

Денес на МТФ ” Војдан Чернодрински” 

На сцена Театар “Војдан Чернодрински” (19.30 ч.)

НУЦК” Ацо Шопов” театар НТ Штип

“Лазаревото писмо”

Сцена НУЦК #Марко Цепенков# (22 ч.)

НУ Турски театар Скопје

“Отело”

Сцена: Театар Војдан Чернодрински (24 ч), продукција Ултра и НУЦК Трајко Прокопиев Куманово

” Шмекерот со капа”