Драган Гајиќ ТЕАТАРСКА ФОТОГРАФИЈА: СЕЗОНА 2017

 

Отворање на МНТ – ФЕСТ

Сезона 017 Е01 – Изложба на фотографот Драган Гајиќ

 

Драган Гајиќ (1967) дипломира на Факултетот за драмски уметности на отсек камера, а постдипломски студии завршува на New school for social research, Њујорк, САД, на отсек фотографија и маркетинг. Започувајќи од 2000 година, работи на голем број на филмови и ко-продукциски проекти како асистент на камера, во Македонија и странство. Директор е на фотографија на повеќе македонски серии, документарни филмови, ТВ филмови, реклами и музички спотови. Работи и фотографи на рекламни кампањи, едиторијали, каталози и слично.
Со фотографија се бави од своја шестгодишна возраст кога татко му Душан Гајиќ, директор на фотографија на многу филмови во тогашната СФРЈ, ќе му го подари првиот апарат од марката Зенит.
Досега има учествувано на повеќе самостојни и групни изложби на фотографија како дипломска изложба на New school for social research, Њујорк, САД, самостојна изложба во SUBWAY New York, и групната изложби National Geographic- Македонија (Мала Станица).

Моќта на театарот е во способноста својата публика да ја извлече од реалноста и да ја пренесе во светот на магијата и фантазијата. Но представата трае кратко, а впечатоците и возбудата која таа ги редизвикува кај гледачите полека изчезнува. Единствен траг кој останува и буди сеќавања на тоа е фотогафијата и филмот/видеото/.. Фотографот со своето око,рефлекс,култура, се втурнува во дејствието и создава слики кои ке зборуваат за представата и во време кога таа одамна престанала да се игра.Таа станува визуелна меморија за настанот. Гледајки ги фотографиите на Драган Гаиќ,ја гледаме неговат заљубеност во Театарот,неговата возбуда од дејствието , сето тоа преточено во слика која плени со својата визуелност и магија на уметноста. Сликата останува како траен запис на авторот за представата,за луѓето во неа и духот кој таа го зрачи.

Добрата фотографија е во нивна чест.

Александар Кондев

Исклучителна фотографија со посебна експресија на профилите.. Чекаме уште убави емоции од сцената, да ни ги донесеш преку фотографијата. Раскажини уште многу претстави. Намамине да ги видиме. Претставите во живо.

К.Г.