Габриел Гарсија Маркеc

 

Маркес  роден на 6 март 1927 година.  17 април, 2014 година добитникот на Нобеловата награда за книжевност, колумбискиот писател, новинар, издавач и политички активист Габриел Гарсија Маркес, починал на 88-годишна возраст во Мексико Сити…

Маркес бил првиот Колумбиец кому му припаднала Нобеловата награда за литература во 1982 година и четврти нобеловец од Латинска Америка.

Маркес се смета најуспешен припадник на магичниот реализам, во кој се преплетуваат митовите и магијата со реалноста на секојдневната егзистенција.

Со своите романи и работа на филмот како сценарист, најмногу придонесол латиноамериканската литература да дојде во центарот на вниманието на светската културна јавност.

Неговиот најпознат роман

 „Сто години осаменост“

Сто години самотија (шпански: Cien años de soledad) е роман на Габриел Гарсија Маркес објавен во 1967. Романот го обработува животот на повеќе генерации од семејството Буендија во гратчето Макондо, основано од страна на патријархот на семејството, Хосе Аркадио Буендија. Нелинеарната приказна се раскажува од повеќе временски точки, техника преземена од аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.

Сто години самотија е ремек-дело на Маркес, преведено на триесет и седум јазици.[1] Стилот „магичен реализам“ и тематиката го воспоставиле делото како важен роман – претставник на процутот на латиноамериканската литература во 1960-те и 1970-те,[2]којшто беше под влијание на модернизмот (од Европа и Северна Америка) и кубанското книжевно движење.

 

И е продаден во над 30 милиони примероци. Следат романите меѓу кои најпознатите се „Есен на патријархот“ (1975), „Хроника на најавената смрт“ (1981), „Љубов во време на колера“ (1985), „Сеќавање на моите тажни проститутки“ (2004).

Маркес бил роден на 6 март 1927 година.