Антоан де Сент-Егзипери ( 29 јуни 1900 – 31 јули 1944 )

 

Антоан де Сент-Егзипери
Antoine de Saint Exupéry
11exupery-inline1-500.jpg 
Роден 29 јуни 1900
Лион, Франција
Починал веројатно 31 јули 1944(воз. 44 г.)
Во морето јужно од МарсејФранција
Занимање Авијатичар, писател
Националност Французин
Период 1929-1948 (постхумно)
Жанр Автобиографија, детска и уметничка литература
Значајни дела Јужна пошта
Ноќен лет
Малиот принц
Сопружник Конзуела де Сент-Егзипери (од 1931.)

Антоан де Сент-Егзипери (францускиAntoine de Saint Exupéry) — роден на 29 јуни 1900 во Лион, Франција, а починал на 31 јули 1944 летајќи над Медитеранот, е француски писател, поетавијатичар и репортер.

Роден во француска благородничка фамилија, Антоан де Сент-Егзипери поминува среќно детство покрај прераната смрт на неговиот татко. Како сјаен ученик матурира во 1917, но не успева да се запише на школата за воена морнарица, па затоа се посветува на убавите уметности и архитектурата. По воената служба во 1921 во Стразбур станува пилот. Во 1926 почнува да пренесува пошта од Тулуз до Сенегал, а во 1929 и до Јужна Америка. Во меѓувреме почнува да ги објавува своите дела, инспирирани од неговите искуства како авијатичар: Јужна пошта во 1929, но пред сè Ноќен лет во 1931, дело со голем успех.

Почнувајќи од 1932 неговите работодавци наидуваат на финансиски проблеми, па така Сент-Егзипери се посветува на пишувањето и новинарството. Тој се посветува на поголеми репортажи, како случувањата во Виетнам во 1934, во Москва во 1935 и во Шпанија во 1936, кои ги засилуваат неговите хуманистички вредности прикажани во Земја на мажи, дело од 1939. Истата година, тој служи во воздухо-пловната војска како возач на воздушна ескадрила. По примирјето, ја напушта Франција за Њујорк, но на пролет во 1944 се враќа како дел од француската армија. Сент-Егзипери, за време на воена мисија, исчезнува на море во својот авион на 31 јули1944. Дури во 2000, остатоците од неговиот авион се најдени во близина на Марсеј.

Малиот принц, напишан во Њујорк за време на војната, е објавен, заедно со неговите лични цртежи, во Њујорк во 1943. а во 1946 и во Франција. Оваа книга напишана за „возрасните кои заборавиле дека некогаш биле деца“ набргу постигнува светски успех.

Дела 

Можеби делата на Сент-Егзипери не може да се наречат автобиографски, но сепак најголем дел од нив се инспирирани од неговиот живот како поштески пилот, земајќи го предвид Малиот принц (1943) — несомнено најпродавната книга (продена е во повеќе од 134 милиони примероци низ целиот свет[37], и е втората најпродавна книга во светот после Библијата[38]) — книга која е повеќе поетска и филозофска отколку биографска.

Тој има напишано и други книги, меѓу кои: Јужна пошта (1929), Ноќен лет (1931), Земја на мажи (1939), Воен пилот (1942), Писмо до еден заложник (1944), Белешки од војната (собрани во 1982), и Citadelle (постхумно, 1948). Сите овие романи раскажуваат приказни за некакви патувања во фиктивна, некогаш фантастична форма. Покрај делата наведени подолу, низ годините се објавени и најразлични писма, белешки и дописи на писателот.

  • Авијатичар (француски: L’Aviateur)  Објавен во 1926. Првиот текст на Сент-Егзипери, кој наликува на фрагмент од некакво поголемо дело, кој ќе му послужи како материјал за Јужна пошта.
  • Ноќен лет    Објавен во декември, 1931. Овој роман напишан како трагедија, носи предговор од Андре Жид, а му носи и награди на Сент-Егзипери кои го запечатуваат неговиот статус како писател. Овој роман доживува неколку преводи, а правата за филмска адаптација се продадени во Холивуд.
  • Земја на мажи   Издадена во декември, 1939, книгата се здобива со главната награда на Француската академија. Станува збор за збирка раскази, сведоштва и размисли за чувствата, сеќавањата и случувањата од патувањата на Сент-Егзипери. Станува збор, истовремено, и за омаж на двајца пријатели на Сент-Езгипери, Море и Гијом. Делото е проткаено со една романтичарска визија за добрината на човештвото.
  • Воен пилот  Објавен во 1942.
  • Малиот принц   Напишан во САД, а издаден во 1943 во Њујорк во две верзии (англиска и француска). Во Франција е објавен дури во 1946, две години по неговата смрт. Приказна за еден пилот чиј авион се урнува во некоја пустина, каде запознава таинствено, нежно момченце. Поради технички причини, „цртежите на авторот“ кои се репродуцирани во француските верзии се бледа копија на американските оригинали. Некои од деталите се дури променети. Изданието од 1999[39] е првото издание кое е веродостојно на оригиналот, со подобар уметнички и технички квалитет иако во помал формат.
  • Писмо до еден заложник  Издадено во 1944.
  • Citadelle   Издаден во 1948. Во 1936 Сент-Егзипери почнува со пишување, но никогаш не го завршува. Првото издание е скратена верзија од планираниот оригинал. Целиот ракопис е достапен дури во 1958 и повеќе ја доловува целоста на првичната идеја на Сент-Егзипери.
  • Писма од младоста (1923-1931)  Објавени во 1953. Ново издание во 1976 под насловот Писма од младоста до измислен пријател.

ЈАНА СТОЈАНОВСКА – актерка

ЖИВОТОТ Е ПАТУВАЊЕ

1 . Уште не сум се договорила со себе за себе… во главно имам високи потенцијали, кога сум во позитивна состојба сум ултра позитивна… кога е обратно, знае да биде страшно… шарени пеперутки, во контра со Д мол… тоа би го рекла за себе… најкратко , не сум една , имам 100 јани… можеби затоа сум 100јановска :)))

2.За љубовта ќе кажам дека ја гледам како гориво …. љубов, заљубеност знае да направи чуда , ништо не е невозможно , само нека ја има и нека се множи, шири, расте , нека проаѓа и пак нека доаѓа. Има една песна во библијата се вика Ода на љубовта… е, тоа мислам за љубовта. Љубовта е како светло и темно во човечката душа , разликата мегју пеколот и рајот на земјата

3. Животот е патување …

4. Театарот е простор во кој имаш можност да бидеш некој друг, да доживееш нечие туѓо тешко, нечие туѓо заљубено, нечија туѓа фрустрираност, радост, простост, сложеност, нечиј туѓ глас, начин на говор , од, смеа.. нечие туѓо се, а сепак твое толку лично и драго . Простор во кој се борис со демони , учиш психологија и својата и на сите околу себе… театарот е еден огромен – мал простор кај што можеш да зипуваш милијарда животи – во еден…

5. За доброто… доброто е како цвеќе … треба да се негува, да се стави кај што има светло и да се полева секој ден, со љубов и милост . Треба да се исчисти од предрасуди и стравови…и многу благодарно е доброто како добро ако се гризиш за него соодветно. Доброто се развива како мускул и се шири како вирус и свети силно, како сонце кога е здраво и исполнето. Доброто е и едно единствено, а и поделено по малку, кај секого од нас. Јас на пример сум му голем фан на доброто и верно навивам за него!

6 .лошото… е инфекција, нешто што е стекнато некаде во некој момент на некое место. И треба да се чисти… како што си го чистиме домот од прашина и прлјавштини… понекогаш не знаеме како, па ни треба помош… лошото знае да биде многу опасно, ако не се третира на време

7 за непријателите.Само добро им посакувам, мене ништо не ми можат… непријател е некој што мрази, а луѓето што имаат омраза се најопасни само за себе …

– За пријателите, па би сакала да им се извинам и тоа почесто отколку што треба… јас сум од оние луѓе што исчезнуваат , ама сакаат вистински, моите пријатели можеби не ги гледам секој ден, ама ги сакам бескрајно

  1. За глумата во животот Таа за мене е шарен свет од бои , паралелни димензии. Знам да застранам кога работам на улога и со гардероба и со однесување , и убаво ми е , се раѓа некој нов сегмент од мене и адреналински ми го исполнува срцето, многу се радувам на нови работи … инаку мислам дека се што е глума вон театарот е или лицемерие или одење против себе, потискање , поднесување… не го сакам тоа

9 сценската прашина е многу интересна работа… како самовилска прашина … кога ќе се крене , кога ке ја вдишеш … уфффф многу шарено , или болно или тешко … ама сценската прашина ги внесува сите честички од вистината, на претставата, секаде во твоите пори… опасна е сценската прашина и треба да се почитува, зошто може да одлучи и да се скрие сосема и тогаш е многу страшно и празно…

10 , колегите се прекрасни, сите , распрскани сродни души низ целиот свет, би сакала да можам да ги запознаам и да работам со сите

11. Неодиграните улоги се веројатно како неродени деца… јас немам деца сеуште :))) ама така се чувствувам. Некој дел од тебе кој треба да го создадеш, да му дадеш живот, правец, свој печат… едвај чекам да ги запознаам, ете, сите досега неодиграни улоги

12 . За идејата татко ми викаше дека циркулира на ниво на фреквенција, а сите ние имаме антени… некои имаат јаки антени , некои послаби… кога ќе уловиш идеја се радуваш како рибар на уловена риба, зар не?! Многу ми се допаѓа ова видување и сосема се согласувам со него

13 сонот знае да биде прекрасен , ама знае да биде и кошмар… како во спиењето, така и во животот

14 за јавето…. гледам да не е кошмар,  а кога станува си измислувам доза измислено туѓо јаве, за да ме забавува … обично пред телевизор

15 виното и јас не се разбравме … се дружевме едно 15 години… средината и околностите не спојуваа, имавме прекрасни и не толку прекрасни моменти заедно…. да имаше човечка форма донсега ќе имавме неколку деца и неуспешен брак… сега се гледаме само во посебни прилики и драго ни е дека се гледаме… мислам дека му е потешко без мене

16. За семејството би кажала дека сум баш привилегирана, не знам дали сум доволно благодарна… повторно , на генетиката да има човечка форма би и носела цвеќе и бомбоњера секоја недела… би и изградила еден споменик во знак на благодарност… сепак… во монентов чувството за формирање свое семејство ми е, сеуште, некако далеку…

17 за крај, баш убаво си поминав и фала за прекрасните прашања!

ПЕТАР Спирковски – актер

 

Јуни6, 2017

Во прво лице

СЕКОГАШ ПОДГОТВЕН ЗА АВАНТУРИ

  1. ЗА СЕБЕ Емотивец секогаш подготвен за нови авантури.
  2. ЗА ЉУБОВТА Ја почувствував, ја чувтвувам и ќе ја чувствувам како ретко кој.
  3. ЗА ЖИВОТОТ Сурова игра во која победува посилниот.
  4. ЗА ТЕАТАРОТ Сон од којшто не сакаш да се разбудиш никогаш.
  5. ЗА ДОБРОТО Редок вид во изумирање.
  6. ЗА ЗЛОТО Вирус кој напаѓа со огромна брзина.
  7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ Животот би ми бил многу досаден, доколку ги немаше.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Колку се, толку се, доволно се.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ Ах, шо глумци се сите
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА За среќа не сум алергичен, ми годи.
  1. ЗА КОЛЕГИТЕ Некои пријатели, некои непријатели.Ги сакам.
  2. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ Се во свое време.Иако голем дел од времето го загубивме во потрага по заслуженото, додека други го добиваа незаслуженото.

12 . ЗА ИДЕЈАТА Се’ се движи, се’ се менува, само таа останува вечна.

  1. ЗА СОНОТ Жалам што не ми е јаве.
  2. ЗА ЈАВЕТО Ех, кога би било како во соништата.
  3. ЗА ВИНОТО Преку чаша РОЗЕ се е поразлично.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО Благодет е да се има.
  5. ЗА КРАЈ Секој крај е нов почеток.

ВНИМАВАЈТЕ ТИЕ ДОАЃААТ

 

 

*Кон премиерата на претставата „ Белградска трилогија“, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на „ Перипетија “ од Скопје

*Она што најмногу плени во претставата „ Белградска трилогија“, е актерската игра . Особено, ако се земе предвид фактот дека учесниците не се сеуште дипломирани актери, туку студенти од ФДУ, на трета година.

Сотир Трајков

По 13 години од првата постановка во Универзална сала, на текстот „ Белградска трилогија“, од современата српска драматичарка Биљана Србљановиќ, во режија на Деан Дамјановски, на 5 јуни 2017, во Кино Култура се одржа нова премиера на истиот текст. Во продукција на „ Перипетија “ од Скопје, текстот на Србљановиќ овој пат го постави режисерката Нина Николиќ.

Во овие мачни години, кога масовно се напушта родната земја од младите и се оди во странство, во потрага по работа, подобар живот, или едноставно за себереализирање, постановката на Николиќ се чини исклучително актуелна за нашиот општествен контекст , за разлика од таа на Дамјановки која беше повеќе показ за миграциите од Балканот, како последица на граѓанската војна во поранешната заедница и евентуална антиципација за тоа што не чека нас. Но, национализмот, партизирањето на системот, немањето можности за вработување и бесперспективноста на младите, што Србљановиќ ги пушта да паѓаат како ситно дозирани , но многу важни мотиви за егзилот на ликовите во претставата, се исто така наша транзициска реалност. Во тие рамки , Нина Николиќ не можеше да избере подобро време за навраќање на овој драмски материјал. Согласно насловот, тој е заснован на три различни сцени, со исто толку приказни кои говорат за животот на нашите мигранти во Чешка, Австралија и во САД, со фокус на борбата за егзистенција, невозвратената љубов од родниот крај, баналноста и тегобноста во новата средина, брачните неверства и врската со корените која често е поле за себедокажување и малтрерирање на останатите, попатно сретнати земјаци.

Режијата се потпира врз мултимедијалниот израз. Тој вклучува исповеди во аудио формат, реалистична актерска игра, музика и песни со гитара во живо и видео, чии крупни кадри ги доотсликуваат психолошките состојби на ликовите. Лајт – мотив за сите сцени е потрагата по девојката Ана, која е силна метафора за копнежот по љубов, сигурност и себереализирање на одлеаните мозоци, во новиот свет. Дејствието се одвива во коцка, централно поставена на сцената, што е сценографско решение на Вишња Вујовиќ од Србија . Актерите, облечени во современи костими на Ивана Каранфиловска Угуровска , дејствуваат во, околу, и зад коцката, доловувајќи ја на тој начин клаустрофобијата на секојдневието од која избегале, но во која повторно се враќаат, немајќи каде да одат.

Она што најмногу плени во претставата „ Белградска трилогија“, е актерската игра . Особено, ако се земе предвид фактот дека учесниците не се сеуште дипломирани актери, туку студенти од ФДУ-Скопје, на трета година, во класата за актерска игра што ја води Зоја Бузалковска. Млади, убави, згодни, се атрибути кои доаѓаат до израз уште при нивната појава на сцена, а понатаму следи пријатното изненадување. Играат точно, полнокрвно , но со мерка за секоја емоција, во говорот на текстот и во гестот. Дека се квалитетни и идна надеж на македонскиот театар докажаа и преку трансформациите, зашто тројца од нив играат по две или три улоги. Тоа се Григор Јовановски, кого го видовме во ликовите на Кичо, Дуле и Дачо и Душица Настова, која настапи како проститутката Алена и во ликот на поранешната пијанистка Мара. Не помалку сугестивен и моќен беше настапот на Исидор Јованоски, во улогата на изневерениот Мичо и на Сара Анастасовска како неверната сопруга Кача, а на крајот од претставата го игра и метафоричниот лик на Ана , по која се трага. Уверливи креации прикажаа и Петар Стојанов во ликот на сопругот на Кача- Милош, Сергеј Димовски кој го толкува нереализираниот актер Јован и Душица Тренева, во улогата на Сања, сопруга на Дуле.

Општиот впечаток кој претставата го остави кај авторот на овие редови, е најавата за една нова и силна генерација актери кои доаѓаат од ФДУ. Тие докажаа дека можат да се носат со професионалните предизвици што допрва ги очекуваат. Тоа е голема предност за нив, но и предупредување за повозрасните колеги, дека доаѓа нов бран актери, што лесно може да ги збрише од сцената. Секоја чест, само така продолжете , сцената ќе биде ваша!

 

Главна статија: „Комедиите на Шекспир“.

Комедии

” Животот е прекрасен ” за МНТ – Гран при, Никола Ристановски, Николина Кујача

 

 

МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР ПОБЕДНИК НА ФЕСТИВАЛОТ ДЕНОВИ НА САТИРА ВО ЗАГРЕБ, ХРВАТСКА

Вечерва во Театарот Керемпух во Загреб беа доделени наградите на 41-то издание на фестивалот на сатирата на кој учествуваа 15 претстави од Италија,Германја,Хрватска,Словенија,Црна Гора,Македонија и Србија.
Македонскиот народен театар беше прогласен за апсолутен победник на фестивалот со претставата “Животот е прекрасен” во режија на Александар Морфов.
Македонскиот народен театар ги освои главните награди на фестивалот :

– Гран при – голема награда за најдобра претстава

– Никола Ристановски – награда за најдобра машка улога

– Николина Кујача – награда за најдобра женска улога

Од жири комисијата беше потенцирана маестралната актерска игра на целокупниот ансамбал во претставата.

РОБЕРТ РИСТОВ актер

 

 

Во прво лице 

ЖИВЕЈ ГО МИГОТ!

  1. ЗА СЕБЕ: Длабочина која најдобро ја знам.

2 . ЗА ЉУБОВТА:  ЉУБОВ

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Живеј го мигот!
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Паралелниот свет кој го живеам!
  3. ЗА ДОБРОТО: Љубов
  4. ЗА ЗЛОТО: Плод на слабост и немоќ
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ : Ако помага, би ги гушнал

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Сакам да сум со нив.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Ја презирам.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Причинител за алергијата ми.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Животни сопатници.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ:Нека патат што не сум ги играл!

12 . ЗА ИДЕЈАТА: И се радувам ко дете на сладолед.

  1. ЗА СОНОТ: Сила која те води.
  2. ЗА ЈАВЕТО: Овде и сега!
  3. ЗА ВИНОТО: Не ми го поднесува стомакот.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Пред се!
  5. ЗА КРАЈ: ЉУБОВ!

 

 

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

3 ТЕАТАРОТ КАКО РЕЛИГИЈА  (точката на елитност)

-глава втора-

Во книгата “Кон новиот театар” на Е. Г. Креиг 19, како и во другите театарски книги на почетокот е поместено толкувањето на зборот театар. Ова би значело дека кога се пишува и зборува за театарот, секогаш се почнува од појаснувањето на самиот збор.

“Театар, француски збор, дојден од латински и од грчки. Театар, место на кое се гледа шоу. Теа – значи вид20”. Несомнено убаво е да се има точка од која може да се тргне кон магијата, волшебството или духовноста на сцената. Кон вербата и театарот и нивната заемност. Да се има од каде да се започне. Да се тргне на патешествие.

Суштината на насловот на книгата е стремеж кон новиот театар. Од стариот кон новиот театар. Патека или поврзување на сценската суштина. Зборовите стар и нов, во однос на театарот, мислам дека се несоодветни. На сцената има едно правило кое се одредува со зборовите СЕГА и ОВДЕ, кога се сака со неколку думи да се објасни и појасни театарот. Што би значело дека театарот се случува сега и овде, во вдахновен миг. Во миг на соочување на актерите со гледачите. Вчерашната претстава не им е важна на гледачите. Тие ве гледаат сега и овде на денешната претстава. Како точка на сегашност низ која се провнуваат минатото и иднината. Нели не можете на гледачите да им речете нешто во стилот :

“Почитувана публико! Простете денес не игравме најдобро, ама вчера како сме играле, леле, леле… штета што не нé гледавте вчера”. Така.

Но, нели имаме стар и нов завет, па веројатно ви требало да имаме стар и нов театар. Категории на старо и ново. Нешто што било, оставило траги и поминало и нешто што сé уште се создава и трае. Театарот. Се разбира не се работи за градбата, туку за принципите на настанувањето. За принципите на елитност и масовност. За самата суштина на законитостите на сцената. На пример, за текст кој е напишан пред повеќе илијади години и кој се игра и “оживува” на сцената во сегашен миг.

Но, оваа книга на Г. Крег ја повикав за сведок и собеседник во магистерската теза за други сознанија, кои ни ги пренесува преку “словата на Бога”. Еве што вели на почетокот:

“…Ви треба сонце да живеете… кога драмата влегува внатре умира21”.

Авторот зборува за театарот, кој настанал на отворен простор во антиката, за стариот театар и за оној во театарите-згради, за новиот театар. И понатаму:

“…После грчкиот доаѓа христијанскиот театар… фрески, хор, гламур, процесија, обред, музичари, сé е исто освен тоа што се случува внатре (во затворен простор) …верски театар”22

Потоа ја подвлекува следственоста како:

“… антички (грчки) и рисјански театар”23

Несомено, авторот ја подвлекува длабоката врска на театарот и верата. Прави јасна разлика меѓу античкиот и црковниот (христијанскиот театар). За некој, кој театарот го разбира само како “место за гледање” и “место за забава” оваа теза, овие сознанија ќе бидат неприфатливи. Каква врска има црквата, храмот со театарот? Ако на театарот се гледа само од површинската страна на нештата тогаш може да наликува дека театарот и црквата немаат допирни точки на поврзаност. Дека “теа” на грчки е гледка во “Грчко-бугарскиот речник”.

“Теа – гледка, женски род, теи- изглед- машки род, или теа- Богиња -женски род…”

Но, во “Бугарско-грчкиот речник” на истиот издавач за глаголот гледам има сосема друго толкување:

“Влепо и Китао” – гледам, исто така на грчки25. А, интересно и зборот театар е пишан и толкуван како:

” Театар- театро на грчки”

Монокл

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

 

  1. Божји и прапотопски говор

Режисерот Владо Цветанковски, како еден од најпознатите македонски режисери, целосно го доживеа својот режисерски успех со режирањето на театарските претстави: “Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, “Тартиф“ од Андреј Розман, “Емигранти“ од Славомир Мрожек, “Скакулци“ од Петре М. Андреевски, “Крпен живот“ од Стале Попов (драматизација Блаже Миневски), “Сите лица на Петре М. Андреевски“ од Јелена Цветановска,  “Југословенска антитеза“, “Подземна Република“, “Без бог“,“Нашата жена во Париз“, “Среќата е нова идеја во Европа“, “Архелаос“ (или “Еврипид се враќа на Балканот“) – сите од Јордан Плевнеш, “Евангелие по сенките“ работена врз подлошка на Владо Цветановски и Владо Ѓоревски, и други.

“Театарот за мене е фасцинација која се открива пред зачудениот гледач како молња што доаѓа некаде од бескрајот и се забодува во една точка од трошното тело на земјата. И ја има таа заслепувачка светлина, која трае еден миг само, и со ништо не може да се запре, да се фати, да се зароби, да се продолжи неговиот миговен живот.

Театарот е најблиску до Божјиот говор, затоа што може да говори со светлина и темнина, со заумност, со маѓија, со чуда, со ритмови и звуци, со темпо-ритам, со време простор, значи со знаците што Бог ги употребувал кога го создавал светот. И затоа театарот мора да ја развива таа своја компонента која ја потврдува неговата посебност, и да се ослободува од психологијата, како основен театарски знак, наметнат од страна на драмските автори. Само со потрага по заборавениот прапотопски говор ќе можеме на театарот да му ја вратиме неговата изгубена стојност, да биде спроводник на човечката енергија кон непрегледните височини на Севкупноста. Ако театарот успее да говори со јазикот што се говорел додека се градела Вавилонската кула, можеби ќе успее да се доближи најмногу до Бога.

Мојот последен период одбележан е со залудноста на тој напор, но јас сé уште верувам дека приближувањето до Него е толку бавно, затоа што точката кон која се движиме е – во Бескрајот. нашето чувствување кое потекнува од колективната меморија на човечкиот род – дека ние реагираме постојано исто на одредени надворешни дразби, без разлика на јазикот, без разлика на образованието, на историското минато, и на разните релевантни состојби за кои погрешно мислиме дека се суштински  во нашето разбирање и восприемање на фасцинацијата наречена живот.

Во текот на нашите патувања низ историските периоди на театарскиот јазик, јас полека почнав да го систематизирам она што имаше некаков заеднички именител во судирот на нашите различни сензибилитети, (балканскиот наспроти европскиот), и тука ми се чини дека е зародишот на клучот со кој се обидов да ја отворам комплицираната пиеса на Плевнеш “Среќата е нова идеја во Европа“  – подвлекува Владо Цветановски.

Барајќи го современиот простор на прапотопскиот говор, односно мигот кога емоционалните способности и објектите го добиваат своето име, сред катарзата на колективното постоење, Цветановски како целосно да ја раздвижува застоената вода, ги проветрува и регенерира мемлосаните простори(и) на духовниот немир.

“Да се допре етеричното, недофатливото, неспознатото, недоживеаното чувство коешто секој човек го познава, можеби само еднаш во своето животно искуство, во раѓањето и во смртта“  – заклучува тој.

Радоста и леснотијата на театарската игра

 

*Кон гостувањето на претставата „ Иванов“ , во продукција на Народно позориште од Белград

*Посакувам таков пристап да имаат и нашите театри кога го поставуваат Чехов, зашто ова беше современо изработен сценски филигран, а не здодевна класична театарска постановка.

Сотир Трајков

И тоа се случи. Затворањето на четвртото издание на „ МНТ Фест“, помина во грандиозен стил, со гостувањето на претставата „ Иванов“, од Антон Павлович Чехов, во режија на Татјана Мандиќ- Ригонат, а во продукција на Народно позориште од Белград. Ќе прашате што било толку грандиозно? Епа беше, зашто видовме голема претстава, не само поради габаритниот ансамбл, со учество на повеќе актерски ѕвезди од соседна Србија , туку поради квалитетот што беше прикажан, на ниво на режисерски концепт и на ниво на актерски креации, без било какво додворување од наша страна, поради носителот на насловната улога во претставата, а тоа е првенецот на МНТ и од поодамна регоинално докажан актер , Никола Ристановски. Но, да започнеме со ред.

„ Иванов“, е првиот драмски текст на Чехов, напишан како комедија и со успех праизведен во театарот „ Корша“, 1887 година. Потоа , незадоволниот Чехов го променил жанрот во драма, допишувајќи го текстот и создаваjќи неколку верзии, за постановката во Александрискиот театар. Од тој драмски материјал Татјана Мандиќ- Ригонат направила адаптација , прилагодена на денешницата, во која третманот на културното наследство за жал, не еднаш е ставен под знак прашање. Затоа режисерскиот концепт е базиран на камерно обликуваниот сценски простор како музејска поставка, со слика на ѕид, невестински фустан во витрина и преграден дел во партерот за вредните, ретки артефакти, за што беше задолжен сценографот Бранко Хојник, од Словенија . Од тука се чита благородната идеја , претставата да биде посвета на вонвременскиот карактер на драмско наследство кое Чехов му го остави на човештвото, за да се преиспитува постојано. Во таа музејска поставка, од семејниот портрет на ѕидот излегуваат ликовите на Чехов од драмата „Иванов“, се симнуваат ( или се враќаат од и) во омеѓениот простор, подолу. А, секој од нив при првото влегување, симнува по еден дел од оградата , направена од дебело црвено јаже и златни столпчиња. Така ликовите се поистоветуваат со експонатите од дамнина, за кои е потребен специјален усет и третман. Тој простор со повеќе реквизити, како што се маса за билијард, софа, дрвено коњче –клацкалка за деца, два пара стилски масички и столчиња, го доловува домот на Иванов , но и на богатото семејство Лебедеви, околу кои се врти дејствието. А, тоа е фокусирано на конфликтот на Иванов со себе си и со околината. Тој страда зашто сметките не му излегле како што очекувал. Имено , се омажил за Еврејката Сара Абрам, со надеж дека ќе добие многу сретства од нејзиното богато семејство , но со промената на верата, името и презимето во Ана Петровна, таа и тој остануваат без било каква помош . При тоа ,работниците на имотот треба да бидат исплатени, Лебедеви очекуваат Иванов да ја плати месечната рата на долгот кон нив, а Ана Петровна боледува од туберкулоза и потребно е да се лекува далеку од дома.

Иванов е трагичен лик од сегашноста, исто како што бил и кога е пишуван. Распнат меѓу егзистенцијата и моралот. Вака накратко може да се опише, од изведбата на Никола Ристановски. Тој игра сигурно и уверливо на српски јазик, прикажувајќи повеќеслојно карактер на човек, излажан во сопствената животна проценка. Ристановски го прави тоа вешто и флуидно, преминувајќи лесно , од една во друга спротивставена, психолошка состојба на ликот. Неговите дилеми, преку кои се покажува потиштеноста, се трагикомични , но не и возвишени. Затоа не за бадијала, Иванов како лик се смета за Хамлет на руската драматургија. Никола го доловува тоа низ реалистичната игра, а како автореференцијална постапка неколку пати го кажува и преку текстот, обидувајќи се да се дистанцира од Шекспировиот јунак. Нада Шаргин ја толкува сопругата на Иванов- Сара или Ана. И покрај тоа што таа е болна од туберкулоза, акцентот низ играта е ставен повеќе на нејзиниот трагизам и страдања поради изневерената љубов од сопругот. Шаргин тие чувства ги пласира мошне прецизно и сугестивно. А, љубовта која од никаде му се нуди на Иванов, како спас во ситуацијата во која се наоѓа, доаѓа од Саша, ќерка на Лебедеви , во изведба на Хана Селимовиќ. Нејзината игра е органски совладана и со современ сензибилитет изведена, па на гледачот му се чини дека на големата сцена на МНТ, каде во камерно поставената претстава, на минимално растојание меѓу актерите и публиката, се одвива вистинска човечка и љубовна драма. Родителите на Саша, Павле Кирилович Лебедев и неговата сопруга Зинаида, ги толкуваат актерите Бранко Видаковиќ и Даниела Угреновиќ. Нивните ликови се контрастно поставени, и самите за себе и еден кон друг. Кирилович Лебедев на Видаковиќ, е жизнерадосна личност, која сака да помогне пријателски и татковски, но тој е папучар, врзан за одлуките на неговата строга и алчна за пари сопруга, која се покажува и како грижлива мајка. Авторот на овие редови кај Видаковиќ ја препозна т.н. радост и леснотија на играта , што е своевиден актерски идеал. Таа особено беше силна во креацијата на ликот на осиромашениот гроф Матвеј Семјонович Шабељски- вујко на Иванов, кого го толкува Предраг Ејдус. Тој на свои 67 години, со преживеан сериозен оперативен зафат пред некој месец, покажа што значи да се биде вистински посветеник на театарот. Од начинот како се движеше и потскокнуваше по сцената, преку интерпретацијата на текстот со креиран фелер на буквата ш, до маската на лицето, (со брада и мустаќи, за кои беше задолжен Драгољуб Јеремиќ) , сето тоа упатува дека кај Ејдус нема детал од ликот на кој не е посветено доволно внимание. Тој го прикажа Шабељски како човек кој не сака да се лаже, ниту себе си, ниту околината, туку стамено и рационално , црпејќи од сопствените искуства во животот , настапува со секој искажан збор и намера, колку и да звучи тоа сурово. Радоста на играта ја дополни и Никола Вујовиќ, низ креацијата на ликот Боркин, роднина на Иванов и управник на неговиот имот. Со силен дух, во обид да ја амортизира мачната атмосфера во домот на Иванов, но и да му помогне финансиски преку бракот што го договара меѓу Шабељски и богатата вдовица Марфа Јегоровна Бабакина, Боркин на Вујовиќ е забавно направена улога, зад која се крие остроумноста и пресметаноста на поединецот. Во галеријата забележителни креации влегува и младиот лекар Лавов, во изведба на Ненад Стојменовиќ. Зад неговите чесни намери и загриженост за здравјето на сопругата на Иванов, Лавов ја крие симпатијата кон Ана Петровна , прикажана на најнепримерен начин преку душегрижништво. Кичот и сексапилот на новата елита, го долови Вања Милачиќ, низ улогата на вдовицата Марфа Јегоровна. Таа покажа дека знае да игра, но и добро да пее. Старицата Авдотја Назаровна, во концептот на режисерката Мандиќ- Ригонат, е старец , наводаџија, облечен во традиционален источен костим. Го толкува славната српска актерка , веќе во поодминати години , Бранка Петриќ, а финансискиот чиновник Косих му е доверен на Бојан Кривокапиќ. Исто така, во претставата настапува младата Јелена Живковиќ, во улогата на слугинката Гаврила, Предраг Васиќ, прославен по ликот на Станое , од филмот и серијата „ Монтевидео бог те видел“, го игра џаболебарот Јегорушка, што се чини направен избор заради комерцијален ефект кај публиката, а мајсторски обмислениот кастинг, со цел да се приближи животот на сцена , со сите негови контрасти, завршува со Немања Константиновиќ, организатор во НПБ и Јелена Халупа, суфлерка во истиот театар, кои ги толкуваат споредните улоги на гостите во домот на Лебедеви. Музиката и песните, во традиционален руски стил, од композиторката Ирена Поповиќ, во живо на сцената , т.е. качени во сликата со семејниот портрет, ја изведуваат Никола Драговиќ, Иван Мирковиќ и Немања Бубало. А, за костимите, кои ја помируваат сегашноста со крајот на 19 век во Русија, беше задолжена светски познатата , а српска костимографка, Бојана Никитовиќ.

Ете, така изгледаше вечерта за паметење во МНТ, на 13.06.2017. Темпото и динамиката на претставата , што се игра без паузи скоро 3 часа, во ниту еден миг не паднаа, што е заслуга и на режисерката Мандиќ- Ригонат и на актерската екипа. Посакувам таков пристап да имаат и нашите театри кога го поставуваат Чехов, зашто ова беше современо изработен сценски филигран, а не здодевна класична театарска постановка.