Јосиф Јосифовски (1927–2001)

 

Јосифовски, Јосиф (1927-2001), актер кој долги години беше носител на главниот репертоар на Народниот театар од Битола. Препознатлив по неговата маркантна фигура, со бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и со страста која провејуваше скоро низ сите ликови одиграни на штиците што живот значат.

Роден 1927г. во Велес. Во 1960г. станал член на колективот на Народниот театар – Битола. Тој беше еден од водечките актери на битолскиот ансамбал и долго време носител на репертоарот. Co својот раскошен и еруптивен талент одигрува повеќе насловни и водечки улоги. Неговата трансформација од лик во лик, со сериозноста кон пристапот, со свежината и чистотата ги постигнувал највисоките дострели во градењето на ликовите Клаудие во „Хамлет” од В. Шекспир (1966 и 1989), Франц во „Разбојници” од Ф. Шилер (1967), Јаго во „Отело”од В. Шекспир (1970), Сади во „Дундо Марое” од М. Држиќ (1972), Еротие во „Сомнително лице”од Б. Нушиќ (1978), Императорот во „Подземна република” од Јордан Плевнеш (1991), „Професионалец” од Д. Ковачевиќ (1990), дуодрамите „Партија реми” од Дин Ли Кобру (1986), „Виенско танго”оџ, П. Турини (1987) и др.
Импозантни партии дал и во филмовите „Пред дождот” и „Прашина”. Добитник е на наградата „Војдан Чернодрински” за животно дело.
ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ЗА БИТОЛА составувачи: Ленче Андоновска, Науме Горгиевски, Благој Николов, Трајко Огненовски, Гордана Пешевска, Анета Стефановска, Светлана Талеска; превод на англиски Весна Милевска

Национална Установа Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

Наградите од фестивалот ” Осмјех Сарајева” во Скопје

 

” ИМЕ ” – Театар Комедија
Се врати со ДВЕ НАГРАДИ од фестивалот во Сараево

На меѓународнит фестивал на комедијата” Осмјех Сарајева” 2017 година. во конкуренција, на многуте театари од земјите во регионов, и оваа година Македонија учествуваше нашиот  Театар Комедија со претставата “Име” освои 2 награди:
-Гран При за Најдобра претстава на фестивалот и
-Награда за најдобра машка улога за Атанас Атанасовски
Со ова уште еднаш покажа дека претставите кои ги создава ” Театар Комедија” се на самиот врв во регионот!

ФАИК МЕФАИЛОВСКИ, АКТЕР  

 

Во прво лице

ЗА СЕМЕЈСТВОТО -Поклон до земја… Фала ви за се!

  1. ЗА СЕБЕ

Ууууф, ај друг пат

2 . ЗА ЉУБОВТА:

Маки… Најчесто слатки

  1. ЗА ЖИВОТОТ:

Кантар… Што и да правиш гледај душата да ти е слатка

  1. ЗА ТЕАТАРОТ:

Љубовница… Колку ќе и дадеш толку ќе ти врати

  1. ЗА ДОБРОТО

Најдобро

  1. ЗА ЗЛОТО

Цвеќе… може ќе стане добро

  1. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

“Пукај бе братучед, пукај”

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?

На сите им посакувам како на моите. Не знам што ќе правев без нив

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ

Мислам дека оние што велат дека не глумат, глумат дека не глумат

  1. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА

Прашина ко прашина… сценска

  1. ЗА КОЛЕГИТЕ

Колеги?! Другари се тоа, пајташи, соборци

  1. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ

Дојдете кога сакате, не ви се плашам

12 . ЗА ИДЕЈАТА

Ех да можам сите да ги реализирам

  1. ЗА СОНОТ

жива вода

  1. ЗА ЈАВЕТО

Лето, Плажа, џез бар…

  1. ЗА ВИНОТО

Киселини и мамурлак на утро

  1. ЗА СЕМЕЈСТВОТО

Поклон до земја… Фала ви за се

  1. ЗА КРАЈ

Don’t worry, be happy

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Maj 17. 2017

Тихомир Стојановски

Феноменот на македонскиот “политички” или “историски” театар (како масовна култура) завршува деновиве со последните обиди под притисок на еден наш сосед да ни го сменат името. Со години македонската култура и литература се именувала под други имиња. И ние како истражувачи на феноменот на масовниот историски театар “македонската историска драма” ја посочуваме книгата:

“Отпретани сведоштва” на приредувачот м-р Јасмина Најдовска. Во неа е поместена султанска наредба од 07 април 1903 во која “категорично се забранува терминот (називот, именувањето) Македонија што се споменува како локално име”17. Всушност еве ја наредбата во целост:

 

“Со висока наредба на неговото Величество Султанот се известува: Отсега па натаму, во претставките и соопштенијата поврзани со работите на царските вилаети во Румелија, категорично се забранува терминот (називот) Македонија, којшто се споменува како локано име” датумот на предавањето на истата наредба е 26 и 27 март 190318. Каков апсурд и режија на самиот живот. Тој ден, 27 март, денес широко во светот е славен како ден на театарот. Денот кога суштински ни е забрането именувањето Македонија. Мислам дека е ова уште една кота кога театарот и животот се испреплетуваат.

 

Значи имаме драма на преименување која трае до денеска. Како во некоја драма која е силно поврзана со животот кој трае до театарското “сега и овде”. Ни се случува нам. Имено, театарот и денес често се употребува во негативна конотација дека правиме “театар” од нешто или од некого. Или дека во Собранието или во политиката се случува “театар”. Тоа само ја одредува основната природа на сценската уметност дека во неа работите се случуваат поинтензивно отколку во самиот живот. Дека за час и половина колку што би можела да трае претставата се случуваат настани кои опфаќаат трајност повеќе години. Дека во театарот се играат конфликтите на своето време. Дека театарот е совест на општеството. Дека е свето место. Сето тоа се одредници, употребувани реченици-сроченици од луѓето кои се обидувале да му дадат на театарот “подлабока духовност” од едноставното “место за гледање” или место за забава, од древните до сега и овде, до денес. Одредници дека театарот во антиката и преходно на македонско тло бил една институција со црквата, дека бил верско-религиско место и дека тезата, односно дефиницијата дека е само “место за гледање” не ја објаснува неговата длабока духовна и општествена природа и нужност.

Монокл

 

Maj 17, 2017

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

Проф.д-р Христо Петрески

РИТУАЛНИОТ ТЕАТАР ВО/ПРЕКУ РЕЖИСЕРСКИТЕ ВИДУВАЊА НА

     ВЛАДО ЦВЕТАНОВСКИ

 

Креативна игра и енергетска размена

Новиот ритуален театар, се одликува со впечатливата и раскошна костимографија, нагласената и во преден план сценографија, динамичната и ускладена сценска игра, а пред сî, со силната и постојана интеракција со публиката. Всушност, во кореографските зафати и решенија преовладуваат митските и фолклорните елементи, при што најприсутна и најекспонирана е артикулацијата на сценската енергија и преголемата и дури предоминантна експерсивност. Притоа, евидентна е тенденцијата за деконструкција на драмскиот лик, кога тој не е (нај)битен, односно акцент се става врз глобалната (заедничка) слика и колективните наместо (само) индивидуалните сцени.

Ликовите кога е во прашање ритуалниот театар – имаат симболички манифестации, односно тие не се ликови во класична идентитетска и ентитеска смисла, па колку што се битни психолошките валери, речиси исто толку, а понекогаш дури и многу повеќе се значајни и доминантни надворешните појавности, т.е. гестови и гестикулации, покази и прикази, пантомимски изведби, а пред сé и над сî – сценски настапи, појави, панорамски движења, гро-планови и други ефекти.

При согледувањето на интегралната партитура на претставата, која е најчесто во вид на кореодрама, воочлива, препознатлива и битна е променета и постојаното менување на горната платформа (ракурсот, позицијата и перспективата). Притоа, сите елементи: светло, движење, звук, простор, поставка… речиси подеднакво се застапени и значајни.

Додека пак, при сценската (ре)презентација на драмската фикција – акцентот е ставен врз  сценското присуство и функционирањето на енергетската размена (интеракцијата) со гледачите (публиката).

Стил на драмите Шекспир

Раните драми Шекспир ги пишувал следејќи ги тогашните конвенции за пишување театарски претстави; јазикот е на висок стил и не секогаш им лежи природно на ликовите во драмата;[99] поезијата се потпира на сложени метафори и кончета, а честа стилска фигура е реторичкиот јазик. Битните говори во „Тит Андроник“, според некои критичари, понекогаш ја одложуваат акцијата, а пак стиховите во „Двајцата велможи од Верона“ ги опишуваат како крути.[100]

Но за брзо време Шекспир почнал да ги адаптира конвенциите за свои потреби. Воведниот монолог на Ричард Трети во кој тој се исповеда и си ги искажува намерите влече корени од ликот на Порокот во средновековна драма. Но напоредно со тоа, живописната самосвесност на Ричард укажува на монолозите од зрелиот период на Шекспир.[101] Ниедна драма не може да се издвои кога се зборува за преминувањето од традиционален во слободен стил; во текот на целата своја кариера, Шекспир ги меша и двата, а „Ромео и Јулија“ е најдобриот пример.[102]
Стандардната поетска форма на Шекспир е белиот стих (blank verse), односно јампскиот десетерец. Со други зборови, стиховите обично не му се римувани, а секој стих се состои од десет слога, од кои секој втор е акцентиран. Белиот стих во раните драми се разликува од оној во подоцнежните—на почеток е многу поконтролиран, секој стих почнува и завршува на крајот од редот.[103] Но штом го усовршил ваквиот бел стих, почнал сѐ почесто да ги „сече“ стиховите и да создава стихови чија должина варира. Оваа техника ја потенцира моќта и флексибилноста на поезијата во „Јулиј Цезар“ и „Хамлет“. Со ова го изразува неспокојот што го јаде Хамлет:[104]

Sir, in my heart there was a kind of fighting
That would not let me sleep. Methought I lay
Worse than the mutines in the bilboes. Rashly—
And prais’d be rashness for it—let us know
Our indiscretion sometimes serves us well…
(Господине, во срцево некаков бој се биеше
што не ми даваше да спијам. И чинам лежев
понеспокојно од бунтовник во пранги. Одеднаш,
а заради ова фалена да е одеднашноста—а треба да се знае,
понекогаш интуицијата одлично не служи…)[105]
Хамлет, Чин V, Сцена 2, 4–8

По „Хамлет“, Шекспир продолжува со стилските експерименти, особено во поемотивните стихови во подоцнежните трагедии. Критичарот Е. С. Бредли вака го опишува овој стил: „посконцентриран, брз, разнолик, а конструкциски понепостојан, не ретко извртен или елиптичен“.[106] Во последната фаза, Шекспир употребил многу техники за да го постигне овој ефект, како на пример, опчекорување, неочекувани паузи и неправилна структура и должина на реченици. Така, во „Магбет“, Шекспир скока од една неповрзана метафора или споредба на друга: „Да не беше надежта пијана / во која се променивте?“ (I.7.35-38);[107] „…сожалбата, ко некое голо, тазе-родено бепче / загазено во луња, или некој небесен херувим вјавнат / врз невидливите тркачи на воздухот…“ (I.7.21-25).[108] Во последните романси, кои скокаат од едно време и место во друго, стегнати со изненадувачки пресврти во дејството, јазикот е послободен, речениците се често извртени, наклукани со зависни реченици, зборови се извадени, создавајќи чувство на спонтаност.[109]

Шекспир го комбинирал својот писателски талент со разумен осет за тоа што е привлечно во театарот.[110] Како и сите драматурзи во тоа време, тој адаптирал за на сцена приказни од Плутарх и Холиншед.[111] Ги преобличувал приказните, давајќи ѝ на публиката повеќе перспективи. Како што Шекспир се усовршувал како писател, така и неговите ликови се здобиваат со комплексност; секој лик добива посебен начин на говор. Но некои карактеристики од најраниот стил ги повторил во последните драми—во романсите, често намерно користи повештачки, театарски јазик, со цел да ја потенцира илузијата на театарот.[

Соња Стамболџиоска = актерка

 

Во прво лице

СЦЕНСКАТА ПРАШИНА Е АЛЕРГИЧНА НА МЕНЕ!

Maj 16, 2017

  1. ЗА  СЕБЕ: Види фотос.
  2. ЗА ЉУБОВТА: Најдосадната работа на светот.
  3. ЗА ЖИВОТОТ: Нек оди нек се лечи.
  4. ЗА ТЕАТАРОТ: Несакана опсесија.
  5. ЗА ДОБРОТО: Нека постои и нека трепка.
  6. ЗА ЗЛОТО: Alt F4
  7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Мислам дека имам само замислени.

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Да не постоеја ќе ги измислев.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Златна малина.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Алергична е на мене.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Професионална деформација.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Нека му ја мислат! Само ако им дојдам!
  5. ЗА ИДЕЈАТА: Кафана.
  6. ЗА СОНОТ: Preferred reality.
  7. ЗА ЈАВЕТО: Изреализирали се?
  8. ЗА ВИНОТО: Фурнарини и сирење во кора.
  9. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Непрофесионална формација.
  10. ЗА КРАЈ: Одјавна шпица со грешки од снимањето.

 

 

 Благица Трпковска, актерка

 

Во прво лице

НА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ ИМ ВОЗВРАЌАМ СО ЉУБОВ

 

1.ЗА СЕБЕ-   Своја, непокорлива, борбена се или ништо,средина не постои за мене…

2.ЗА ЉУБОВТА-   Бог е љубов,а Бог е насекаде..љубовта е насекаде ..

3.ЗА ЖИВОТОТ-  Мој,трновит, но убав.

4.ЗА ТЕАТАРОТ-   Мое место

5.ЗА ДОБРОТО-     Тука е некаде,но полека не напушта…

6.ЗА ЗЛОТО-         Се поприсутно

7.ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ-   Им возвраќам со љубов

8.А,ПРИЈАТЕЛИТЕ-  Не ги осудувам, ги прифакам.

9.ГЛУМА ВО ЖИВОТОТ-   Не знам да глумам во животот,за жал или за среќа…

10.ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА-  Ужасно заразна и неизлчива..

11.ЗА КОЛЕГИТЕ-   Сорабитници, а некои од нив и блиски пријатели.

12.ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ-   Вистинско време да ги одиграм

13.ЗА ИДЕЈАТА-   Пред заспивање ги добивам најлудите идеи.

14.ЗА СОНОТ-       Будна сонувам.

15.ЗА ЈАВЕТО-      Дел од мојот сон,засега…

16.ЗА ВИНОТО-   Фин афродизијак.

17.ЗА СЕМЕЈСТВОТО-    Мој столб, мое се.

18.ЗА КРАЈ-…         “Open your heart I’m coming home”…

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА РОЛЈА НА НАШИОТ АКТЕРСКИ АС НИКОЛА РИСТАНОВСКИ СООДВЕТЕНО ВЕРИФИЦИРАНА

 

Ристановски е најубавиот и највпечатлив Иванов што сум го видел!

Ова е констатацијата на хрватскиот театарски проследувач Борис Хомовец сублимирана во една реченица, на telegram.hr, а посветена на играта на нашиот актерски ас во Иванов на Белградскиот народен театар во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. На сцената на ЗКМ во Загреб, по повод гостувањето на овој етаблиран театар од Србија констатацијата на авторот ќе продолжи со тоа дека режисерката Ригонат го нокаутирала Нокрешиус, режисерот на хрватската верзија на Иванов, прикажана само еден ден пред настапот на српскиот театарски ансамбл.

Не штедејќи зборови на пофалба за сите инволвирани во претставата, авторот на текстот за Ристановски уште ќе рече:

– … од македонска со право прерасна во регионална актерска ѕвезда, брилијантно играјќин а сцеанта во #Дервишот и смртта#, но и како Леоне во #Ателјето 212#… Ристановски е најдобриот и најубавиот Иванов кој некогаш сум го видел.

Толку е суптилен, нежен, ранлив, несигурен, несреќен, збунет, тивок по потреба, но и доживеан и проживеан длабоко одвнатре, искрен, но и фасцинантно моќен, кога треба силно да се подигне гласот, што навистина не се сеќавам кога последен пат до толку сум уживал во нечија глума на сцената.

… Набљудував како игра со боси нозе, поигрувајќи си дури и со ножните прсти. Дури и тогаш е маркантен, згоден човек, со фасцинантен говор.

Голема штета е што сите тие наши (хрватски) големи и извикани актери, не дојдоа да го видат колегата, од кој би можеле по нешто и да научат, и за тоа како се игра на сцената без патетика, без непотребни гестови, без бесмислено урлање, кривоколчења и манири… Најголемите актери се навистина големи, дури и кога се тивки и срамежливи, но многу се моќни. Никола Ристановски е токму таков, денес тој е еден од најголемите на овие простори. Заслужува голем респецт токму како и оваа врвна претстава на Татјана Мандиќ Ригонат, за која сме благодарни на ЗКМ и за тоа што имавме прилика да ја видиме… ,констатира Хомовец

Петар Горко,актер

 

 

 

Во прво лице

ТЕАТАРОТ – Мојот втор дом, мојата психотерапија…

1. ЗА СЕБЕ

Покрај сите искушенија што ги наметнува животот и професијата останав ЧОВЕК

2 . ЗА ЉУБОВТА:

Единствениот збор кој е основа на моето постоење, живеење, инспирација, енергија…

3: ЗА ЖИВОТОТ:

Духовната исхрана за издигање на духот и постигнување внатрешен мир – основна определба.

4. ЗА ТЕАТАРОТ:

Мојот втор дом, мојата психотерапија, се што не можам во животот, благодарејќи на мојот талент успевам да го преусмерам и претворам во уметност. Најпрекрасното нешто – сцената. На неа може се!!!

5. ЗА ДОБРОТО

Од памтивек до ден денес секаде и секогаш доброто победува. Да се биде добар човек и да се остане достоен во борбата против злото. Многу е тешко, но тоа е најдобриот лек за преживување.

6. ЗА ЗЛОТО

Влегувајќи во четвртата димензија на живеење – духовноста, злото зазема замав и тоа метастазира како карцином од највисок стадум. Но единствената борба против него е доброто.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ

Ги има, ги имало и нека ги. Тоа е нивен проблем не мој.

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?

Богатство за кое животот би го дал. Ги имам многу и се гордеам.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ

Сите мислат дека ние актерите глумиме во животот – најпогрешното разбирање на актерството воопшто. Актерството подразбира ИСКРЕНОСТ без која не може да се игра на сцена, да се допре до партнерот, до својата душа и со сето тоа да се допре и публиката. Нема глума – тоа е останато од некогаш. Инаку се би било лага, а тоа не го поднесувам.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА

Ја има, многу ја има. Често грлата ни се разболуваат. Некои се алергични.. Но, и без неа не се може. Во стерилизиран простор, ја нема магијата на мирисот и допирот на сите чувства кои се најважни за постоењето на сцена.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ

Се гордеам со мојот театар – навистина има прекрасни колеги, пред се добри луѓе , одлични партнери. Од нив имам и големи пријатели. Прекрасно навистина. Не само во мојот театар, ги имам низ цела Македонија со што посебно се гордеам.

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ

За моја среќа, кариерата не ми дозволи да патам за некој лик. Не дека се што одиграв досега ми се допаѓа, но коцките се редеа, одиграв голем број на посакувани улоги. А за потаму, па што и да дојде ќе го засакам, така сега размислувам.

12 . ЗА ИДЕЈАТА

Основен клуч за почеток на било што во животот. Ја добивам слушајќи музика, гледајќи филмови, читајќи литература, околу себе… а сето тоа го зачинувам со љубов и успехот е неизбежен.

13. ЗА СОНОТ

Сонувам, тоа е она што го сакам а сеуште не сум кажал никому. Тоа е во потсвеста. Го негувам како да снимам кадар по кадар. Кога ќе се навести целина се претвора во идеја и тргнува…Сакам да сонувам..

14. ЗА ЈАВЕТО

Изгрејсонце, светлина, топлина, добрина, убавина – среќа што постојам.

15. ЗА ВИНОТО

Не сум голем љубител, но го конзумирам кога ќе почувствувам потреба. Ако во него е вистината, а јас ја обожувам вистината, наздравувам со вино за неа.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО

Највредното нешто што може да му се случи на човек во неговиот живот. Бескрајната возвратена љубов никаде и во ништо не е толку возможна колку во своето семејство. Што повеќе???

-.. За поезијата ?

Омилената моја литература. Обожувам да ја говорам. Имам зад себе три концерти и едно видео и едно аудио цд. Многу настапи со жива музика. Следат уште, не запирам. Имам прекрасна публика, нема да и го скратам тоа задоволство.

17. ЗА КРАЈ

Нека победи доброто и како најголемиот лек нека продира моќно во секого… Осветлувањето на душата е моќ која се постигнува со желба . Моја желба е секој да ја добие таа желба и да се насмееме, да ни се озарат лицата, да сватиме дека секоја секунда е вредна да се проживее убаво и среќно. Следната секунда е иднина, претходната неповторливо минато. Да живееме сега и овде.