Во прво лице
За непријателите: А?
- За себе: Зависник од ендорфин, телохранител на љубовта, вечен слуга на уметноста!
- За љубовта: Смислата на животот!
- За животот: -Животот е моментот што поминал вчера, додека сме правеле план за утре.
- За театарот: Една театарска претстава е како компресиран разговор за делото со нејзиниот творец.
- За доброто: Правете добро, не ве чини ништо… му треба на светов.
- За злото: Зло трпи, зло не прави!
- За непријателите: А?
– А пријателите: Ќе ги поздравам. И да ги потсетам – сеуште ми е истиот број.
- За глумата во животот: Грчко-римски стил.
- За сценската прашина: Кога ќе ме покрие, можам сѐ да кажам и сѐ да направам без да чувствувам грижа на совест. Хахa
- За колегите: Ептен ми се погодија.
- За неодиграните улоги: Ги чекам во прегратка.
- За идејата: Што повеќе да се реализираат.
- За сонот: Ќе ви кажам по неколку години, уште имам за спиење.
- За јавето: Секој ден си се гушкаме.
- За виното: Чисто! Тие што го мешаат со сок вршат кривично дело.
- За семејството: Како што веќе кажав: смислата на животот. Ве сакам!!!
- За крај: …