Moнокл

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

  1. Сонувач и поет

За да се видоизменат и надминат овие гранични ситуации, неопходна е тимската работа на режисерот со актерите и другите соработници (како театарска група, односно трупа). Притоа, балансирајќи и намалувајќи го јазот и разликите меѓу техниката и спонтаноста, ритуалниот театар денес, па и кај нас, зазема сé поприсутно и пореспектабилно место, а еден од светлите примери на тој план беше токму неодамна и прерано починатиот истакнат македонски режисер и професор Владо Цветановски.

За него, неговиот пријател – актерот Владо Јовановски, не случајно, напиша: “Во ре­жи­ја­та бе­ше со­ну­вач! А и ко­га не ре­жи­ра­ше со­ну­ва­ше. Ги со­ну­ва­ше сце­ни­те, ли­ко­ви­те, прет­ста­ви­те, во кои со еден пре­у­бав со­но­вен ја­зик зна­е­ше да го вткае и фолк­лор­но­то и тра­ди­ци­о­нал­но­то и исто­ри­ско­то и ми­то­ло­шко­то и ес­ха­то­ло­шко­то. “Жи­во­тот е сон, а со­нот жи­вот“ ка­ко што ве­ли Педро Кал­де­рон де ла Бар­ка со ко­го Вла­де ме­ѓу пос­лед­ни­те се збо­гу­ва од сце­на­та… Вла­де Цве­та­нов­ски бе­ше УМ на ет­но­сот и по­ве­ќе од тоа. По­ет по ду­ша, со ори­ги­нал­на по­е­ти­ка во изра­зот.

Случајот сакаше така, токму по изведбата на претставата  “Животот е сон“, прикажана на Фестивалот  “Ристо Шишков “ во Струмица, и јас да ја имам една од последните средби со Владо Цветановски, кого го ценев и сакав како режисер, но и како човек.

Да, токму таа претстава, како и многуте пред неа, влегува во корпусот на ритуалниот македонски театар, (ре)презентиран од Владо Цветановски, а кој се одликува со присуството на митското и фолклорното, на архаичното и рустикалното, на битовото и ритмичното. И во оваа претстава доминира силната визуелност, која речиси секогаш е силна страна на неговите претстави.Честите масовни сцени и нивната брза промена, раскошната грандиозна сценографија, прекрасните разнобојни костими, грижата за секој детал – тоа се стожерните карактеристики на неговите специфични режисерски постановки, кои со право можат да се наречат идентитетски, автентични и македонски.