ТИНО КОСТАДИНОВСКИ – АКТЕР

 

Во прво лице

НА ИДЕЈАТА РЕДОВНО ДА И СЕ МЕНУВААТ ПОЛНИТЕ ПЕЛЕНИ

1. ЗА СЕБЕ : Се најбоље.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Љубоморен да не си.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Секогаш ја бара другата страна.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Вистината во Лице.

5. ЗА ДОБРОТО: Смеј се и се ќе биде океј.

6. ЗА ЗЛОТО: Ниски страсти.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: -“Плукаш по ликот кој те носи нагоре и тебе”-

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Нешо заглавив. Пола ќе ве раздужам скоро, другите ќе почекате.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Само кога сакаш да добиеш нешто што не се купува со пари.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Топла вода оклу 20 степена и шампон, се нанесува на цело тело со повремено триење.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: За секој посебно? Многу пишување…

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Спаваш ли мирно Амадеус Моцарте?

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Треба да е свежа, постојано треба да и се менуваат полните пелени.

13. ЗА СОНОТ: Димензија Д-212

14. ЗА ЈАВЕТО: Димензија C-117

15. ЗА ВИНОТО: Бело, ако имаш проблем со Холестерол, Црвено ако имаш проблем со импотенција.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: -“Keep your family and business completely separated”-

17. ЗА КРАЈ: Бескраен LOOP.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *