Тихомир Стојановски
Во воведниов дел допревме коти на значењето на театарот како што се: орото, пеењето, хорот, играњето, дарувањето на Боговите, место за средба, место за свадби и чествување на Бога, место за важни историски собитија, место каде се бира царот (во театарот во Еге по убиството на Филип Втори војската под оружје со тропотење на зарисите и штитовите со акламација го избрале Александар Трети за цар на Македонците) и секако духовно светилиште за народниот дух и култура, место за народни игри и славење на Боговите, а денес како место за современата (и не само за неа) драмска уметност и литература. Дел од овие доблести одвреме-навреме се враќаат како повратна енергија во сценските дејства и во современииот македонски театар, се преплетуваат и му ја враќаат изворната сила и енергија за да нé потсетат на неговата долговечност и виталност на нашиве македонски простори.