УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА РОЛЈА НА НАШИОТ АКТЕРСКИ АС НИКОЛА РИСТАНОВСКИ СООДВЕТЕНО ВЕРИФИЦИРАНА

 

Ристановски е најубавиот и највпечатлив Иванов што сум го видел!

Ова е констатацијата на хрватскиот театарски проследувач Борис Хомовец сублимирана во една реченица, на telegram.hr, а посветена на играта на нашиот актерски ас во Иванов на Белградскиот народен театар во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. На сцената на ЗКМ во Загреб, по повод гостувањето на овој етаблиран театар од Србија констатацијата на авторот ќе продолжи со тоа дека режисерката Ригонат го нокаутирала Нокрешиус, режисерот на хрватската верзија на Иванов, прикажана само еден ден пред настапот на српскиот театарски ансамбл.

Не штедејќи зборови на пофалба за сите инволвирани во претставата, авторот на текстот за Ристановски уште ќе рече:

– … од македонска со право прерасна во регионална актерска ѕвезда, брилијантно играјќин а сцеанта во #Дервишот и смртта#, но и како Леоне во #Ателјето 212#… Ристановски е најдобриот и најубавиот Иванов кој некогаш сум го видел.

Толку е суптилен, нежен, ранлив, несигурен, несреќен, збунет, тивок по потреба, но и доживеан и проживеан длабоко одвнатре, искрен, но и фасцинантно моќен, кога треба силно да се подигне гласот, што навистина не се сеќавам кога последен пат до толку сум уживал во нечија глума на сцената.

… Набљудував како игра со боси нозе, поигрувајќи си дури и со ножните прсти. Дури и тогаш е маркантен, згоден човек, со фасцинантен говор.

Голема штета е што сите тие наши (хрватски) големи и извикани актери, не дојдоа да го видат колегата, од кој би можеле по нешто и да научат, и за тоа како се игра на сцената без патетика, без непотребни гестови, без бесмислено урлање, кривоколчења и манири… Најголемите актери се навистина големи, дури и кога се тивки и срамежливи, но многу се моќни. Никола Ристановски е токму таков, денес тој е еден од најголемите на овие простори. Заслужува голем респецт токму како и оваа врвна претстава на Татјана Мандиќ Ригонат, за која сме благодарни на ЗКМ и за тоа што имавме прилика да ја видиме… ,констатира Хомовец