Монокл

 

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

ЗА АНГАЖИРАНОСТА И АКТУЕЛНОСТА НА ДРАМСКИТЕ ТЕКСТОВИ НА ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ

Колку е ангажираната уметност утописка според својата природа? Дали навистина конкретно дава можност за менување на светот или ја има  само катарзата како цел? Уметноста во различните епохи од развојот на човековото општетсво ги менувала своите изрази, атрибути и цели. Дваесеттиот век ја познава и препознава политички ангажираната уметност, која има цел да ги привлече и придобие читателите кон одредена доктрина. Делата од тој вид обично немаат голема уметничка вредност, а идеолошки ангажираната литература замира со исчезнувањето на тоталитарните системи на Дваесеттиот век.

Но, кога Сартр зборува за ангажираната книжевност – тој мисли на нешто друго: сите големи книжевни дела се големи зашто нí соопштуваат и донесуваат нешто големо и значајно кое се однесува на нас, а тоа ќе рече дека се ангажирани.

Значи, во преносна смисла и значење, ангажираните дела се однесуваат на човекот и неговиот живот, актуелни се и провокативни, ја потенцираат и жигосуваат грубата и сурова реалност, писателите не ги затвораат очите пред проблемите и неправдите, не ставаат розови очила, но и не одат заедно со нивните издавачи во затвор, не се проскрибирани и ставени на црни листи, туку, напротив, имаат пошироко општествено и културно значење. Таканаречената ангажирана уметност го изразува животот и просудува за настаните и појавите околу нас. Без големи и лажни диоптрии кога хиперболизира и глорифицира, но и кога жигосува и апострофира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *