Тихомир Стојановски
Така, театарот има духовна сила и долговечност како процес произлезен од култовите кон сонцето, мајката земја, Големата мајка Божица, и нејзиниот новороден син Дионис, преку чинови на посветеност и свештенодејствија, со хорови, песни и ора, дарувања крвни и бескрвни жртви до современата македонска култура. Секако тој е културен и општествен феномен длабоко вткаен со однесувањето и процесите во заедницата. И некогаш и денес. И сега и овде , кажано со театарска реплика.
Нам денес ни простанува да ја повлечеме следствената линија на нашето културно наследство кое поради “македонската историска драма” сé уште не е сторено во целост. Да ја подвлечеме духовната линија на театарот од раните обредни форми, преку античките прослави, преку карневалите после постовите во времето на источната “македонска” империја Визнатија, секако преку народната култура, битовата македонска драма во 20. век, до современите сценски дејанија. Мислам дека ќе најдеме култни состојби и дејства кои се останати и денес и му ја даваат силата и виталноста на театарот.
Секако и тоа е дел од македонската историска приказна кога само ние на “нашиов” полуостров не сме успеале да создадеме држава, во 20. век, затоа што големите сили не нé ставиле, не ни дале улога во неа. Во историската балканска драма. Како метафора меѓу театарот и животот. Но, еве сме преживеавме како елитна култура која допрва се открива во своето вистинско именување во масовноста, која зрачи со духовност, ни покажува вредности кои секојдневно се откриваат од археолозите дури од неолитско време за духовната сила на нашето културно наследство на македонскава земја.
Но, ајде да видиме што ни оставиле нашите театарски предци. Македонија има четири откопани антички театари. За нив се слуша од учените неколку именувања. Ги нарекуваат грчки, римски, хеленистички и сл. За ниеден од нив не сме слушале дека е именувам како македонски. Логично би било театарите кои се изградени на тлото на Македонија да го носат именувањето како македонски.