Наташа Наумоска, актерка

 

Во прво лице

СРЦЕТО НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ!

1.За себе: Јас сум жена. За себе најдобра,а за другите….нека кажат

2 За љубовта:   Љубовта не познава граница. Срцето никогаш не греши!

3.За животот:   Радост-животната радост постои само сега и само овде.

4.За театарот:  ‘Привилегија е да го работиш тоа што го сакаш

5.За доброто:   Да остане добро и да се конзумира во неограничени количини

6.За злото:    Злото е како оган. Може сѐ да изгори

7.За непријателите:  Ако ги има , мора да се луѓе со негативен став

За пријателите:   ‘Тоа е доказ дека имаме повеќе заедничко отколку различно

8 За глумата во животот:   Ја има….но понекогаш може да послужи за инспирација.

9.За сценската прашина:   Потреба-парфем

10.За колегите:    Прекрасни слободни луѓе-деца

  1. Зa идејата: Убаво е да се има

12.За неодиграните улоги:   ‘ Сѐ Во свое време

13.За сонот : Сонувам со очи широко отворени , дури и кога не спијам

14.За јавето:   Е, на јаве носам очила за подобро да го одживеам сонот

15.За виното:    Црно вино,сирење,добра музика…..Романтика

16.За семејството:  Љубовта која ти ја дава семејството и љубовта на еден човек има исцелителна моќ- ги лечи сите рани и секогаш те чекаат со широка прегратка

17.За крај:    Ова не е крај…Чаос