КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

 

Тихомир Стојановски

Дури авторот, Верковиќ, Македонката од Серез, ја нарекува “бугарска хомерка”, се разбира пред да се поправи и истите песни да ги нарече македонски. Да не заборавиме дека така е наречен “втор Хомер” и Григор Прличев од страна на Грците за поемата “Сердарот”. Во однос на хомерувањето. (Основа античка стапка е мера. Хо-мерува, зборува и пишува во стихови. Можеби тука се објаснува името на Хомера). Така се подвлекува врската на драмската поезија во стихови со стапките во ората и песните. Како еден процес кој поминал од религијата и обредот во народната култура и денес во современиот театар во драмска уметност. Се разбира минувајќи од елитноста на посветените верници во Бога до масовноста во народните игри и до денешната сценска уметност. Мислам дека во тоа се крие тајната за долговечноста на театарот на македонското тло. Како искуство кое црпи од трите делови на животната македонска драма: религискиот (елитен), народниот (масовен) и уметничкиот (елитен и масовен) код. Или од нивната вредносна ризница. Тоа на театарот му ја дава духовната длабочина, со која не може да се одреди само како “место за гледање”. Секако, не пренебрегувајќи ја и таа сознајна дефинирана кота за сцената, дека секако таму во театарот има што да се гледа и да се види. Секако и да се доживее. Меѓу сцената и животот. Како искуство и соочување со состојбите на народот и заедницата со своето време, што му дава код на лечебност. Понекогаш на граникот на колективното свесно и несвено.