
Весна Петрушевска – Бејби и меѓу публиката, но и за колегите актери важи за непоколеблива личност, професионалец, кој никогаш не се откажува од зададената задача и цел. Но и на таквите како што е Весна-Бејби, театарско-животната судбина знае за миг да им го попречи патот кон целта и да си поигра со нив…
Така и на Весна Бејби и се случило, не по своја волја, да откаже претстава:
Тоа се случи на една изведба на “Госпоѓа министерка”, на која играв крајно психо-физички истоштена. Во еден миг, непосредно пред паузата, едноставно, завесата се спушти, се изгубив и следниот момент се најдов дома!”, вака Весна Перушевска-Бејби го објаснува единствениот миг поради кој одложила претстава, во случајов “Госпоѓа министерка” и тоа непосредно по разводот со дотогашниот сопруг.
Но, ете токму “Министерка” доживеа 150 изведби , а веруваме дека ќе доживее уште многу, бидејќи како што ни рече Петрушевска ништо не може да ја поколеба и да се откаже од оваа претстава, поточно воопшто од сцената:
На една изведба на “Министерка” го извртев зглобот и само за миг почуствував болка, но продолжив да играм. Дури откога заврши претставата, откога дојдов дома почнав да се справувам и оправам како знаев и умеев, но најважно е дека резултатот беше уште една одиграна претстава, а болката и белјата поминува”.
Како дополна на сето ова таа ни потврдува дека “ситни# болести не поминуваат како оправдание да не се изврши докрај зададената цел:
Тоа е многу чуден феномен. Доаѓате со температура, едвај зборувате, едвај се движите, но стапнувате на сцена и сето тоа го снемува. Дури мене ми се случува да одиграм многу подобро кога сум во таква ситуација, отколку кога сум потполно здрава! Ми се случувало дури и да им помагам на некои од помладите колеги кои упаѓале во претстава, конкретно во “Министерка”. Значи за актерот не смее да има оправдување во болката!” – децидна во својата професионалност е Весна Петрушевска -Бејби. (Б.Г.)