Виктор Арев – актер

 

Во прво лице

За непријателите: А?

 

  1. За себе: Зависник од ендорфин, телохранител на љубовта, вечен слуга на уметноста!
  1. За љубовта: Смислата на животот!
  1. За животот:  -Животот е моментот што поминал вчера, додека сме правеле план за утре.
  1. За театарот:   Една театарска претстава е како компресиран разговор за делото со нејзиниот творец.
  1. За доброто: Правете добро, не ве чини ништо…  му треба на светов.
  1. За злото: Зло трпи, зло не прави!
  1. За непријателите: А?

– А пријателите:  Ќе ги поздравам. И да ги потсетам – сеуште ми е истиот број.

  1. За глумата во животот:  Грчко-римски стил.
  1. За сценската прашина: Кога ќе ме покрие, можам сѐ да кажам и сѐ да направам без да чувствувам грижа на совест. Хахa
  1. За колегите:  Ептен ми се погодија.
  1. За неодиграните улоги:  Ги чекам во прегратка.
  1. За идејата:  Што повеќе да се реализираат.
  1. За сонот:  Ќе ви кажам по неколку години, уште имам за спиење.
  1. За јавето:  Секој ден си се гушкаме.
  1. За виното:  Чисто! Тие што го мешаат со сок вршат кривично дело.
  1. За семејството: Како што веќе кажав: смислата на животот. Ве сакам!!!
  1. За крај: …

 

 

Театар: прва драма на Шекспир

Прва драма на Шекспир која била изведена на современ македонски јазик била „Како што милувате“ во 1948 година во Македонскиот народен театар. Илија Милчин, еден од основачите на МНТ и автор на прозниот превод на комедијата, по повод втората поставка на драмата во 1965, напишал: „Ренесансната животна радост бликаше од сцената и секоја нова претстава на комедијата беше вистински празник“.[157]

Во Македонскиот народен театар следат и поставките на „Ноќ спроти водици“ (1951), „Отело“ (1954), „Многу врева за ништо“ (1955), „Венецијанскиот трговец“ (1970) и „Крал Лир“ (1972). Драмскиот театар во Скопје ги поставува „Магбет“ (1972) и „Хамлет“ (1976). Во другите градови од Македонија исто така се поставувале драмите на Шекспир: Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица ја поставува комедијата „Скротена бес“ (1959); „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ја поставува „Ноќ спроти Водици“ (1965); истата драма се изведува и во Штип во 1969. Народниот театар од Битола ги изведува „Хамлет“ (1966) и „Отело“ (1970).

Делата на Шекспир почнуваат да се изведуваат и на албански и турски во Македонија—во 1966, Театарот на народностите во Скопје ја поставува 12ci Gece („Ноќ спроти Водици“ или „Дванаесетта ноќ“), а во 1973 и „Отело“. На албански, пак, е поставена „Сон во една средлетна ноќ“ (Endra e një natë vere), исто во 1973 година.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

 

Тихомир Стојановски

КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

Театарот е општествен феномен, кој на тлото на Македонија трае најмалку 3000 Божји години. Почетната кота на неговото настанување поаѓа од посветеност и елитноста, од верските обреди и дарувања, од игрите за Бога и секако преку античките театари преминува за време на Дионисовите слави и празнувања во масовност и масовна култура. И понатаму низ историјава на македонсково тло секогаш може да се најдат места и настани кога тој бил дел од елитата и кога бил дел од масовната култура. Но, секако како некоја жива духовна сила се прилагодувал на условите на времето во историската и животната драма. Често преминувал повторно во религиските институции, храмовите, црквите, џамиите, синагогите или во обредните народни игри, често бил повторно омасовуван со скомрахите како патувачки театар, со Богомилите како појава на “проповедна форма на религиски театар” или како театар на слики во црквите и фреските каде се раскажува Божјата приказна или едноставо како “обреден народен театар” во адетите свадби, венчавки, верски процеси, литургии со хор и обраќање кон Бога и други форми и содржини. На пример, денес на говорниците во собранијата на државите каде се држат беседи и монолози, дијалози како во античките трагедии и комедии.

Се разбира не можеме да речеме дека сé е театар. Ако тргнеме од дефиницијата дека тој е “место за гледање” тогаш и таа теорија има свое оправдување.

Еден гледач и еден дејствувач и ете го театарот. Или како што вели една дефиниција за театарот: “две штици и една страст”.

Moнокл

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

  1. Сонувач и поет

За да се видоизменат и надминат овие гранични ситуации, неопходна е тимската работа на режисерот со актерите и другите соработници (како театарска група, односно трупа). Притоа, балансирајќи и намалувајќи го јазот и разликите меѓу техниката и спонтаноста, ритуалниот театар денес, па и кај нас, зазема сé поприсутно и пореспектабилно место, а еден од светлите примери на тој план беше токму неодамна и прерано починатиот истакнат македонски режисер и професор Владо Цветановски.

За него, неговиот пријател – актерот Владо Јовановски, не случајно, напиша: “Во ре­жи­ја­та бе­ше со­ну­вач! А и ко­га не ре­жи­ра­ше со­ну­ва­ше. Ги со­ну­ва­ше сце­ни­те, ли­ко­ви­те, прет­ста­ви­те, во кои со еден пре­у­бав со­но­вен ја­зик зна­е­ше да го вткае и фолк­лор­но­то и тра­ди­ци­о­нал­но­то и исто­ри­ско­то и ми­то­ло­шко­то и ес­ха­то­ло­шко­то. “Жи­во­тот е сон, а со­нот жи­вот“ ка­ко што ве­ли Педро Кал­де­рон де ла Бар­ка со ко­го Вла­де ме­ѓу пос­лед­ни­те се збо­гу­ва од сце­на­та… Вла­де Цве­та­нов­ски бе­ше УМ на ет­но­сот и по­ве­ќе од тоа. По­ет по ду­ша, со ори­ги­нал­на по­е­ти­ка во изра­зот.

Случајот сакаше така, токму по изведбата на претставата  “Животот е сон“, прикажана на Фестивалот  “Ристо Шишков “ во Струмица, и јас да ја имам една од последните средби со Владо Цветановски, кого го ценев и сакав како режисер, но и како човек.

Да, токму таа претстава, како и многуте пред неа, влегува во корпусот на ритуалниот македонски театар, (ре)презентиран од Владо Цветановски, а кој се одликува со присуството на митското и фолклорното, на архаичното и рустикалното, на битовото и ритмичното. И во оваа претстава доминира силната визуелност, која речиси секогаш е силна страна на неговите претстави.Честите масовни сцени и нивната брза промена, раскошната грандиозна сценографија, прекрасните разнобојни костими, грижата за секој детал – тоа се стожерните карактеристики на неговите специфични режисерски постановки, кои со право можат да се наречат идентитетски, автентични и македонски.

ТИНО КОСТАДИНОВСКИ – АКТЕР

 

Во прво лице

НА ИДЕЈАТА РЕДОВНО ДА И СЕ МЕНУВААТ ПОЛНИТЕ ПЕЛЕНИ

1. ЗА СЕБЕ : Се најбоље.

2 . ЗА ЉУБОВТА: Љубоморен да не си.

3. ЗА ЖИВОТОТ: Секогаш ја бара другата страна.

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Вистината во Лице.

5. ЗА ДОБРОТО: Смеј се и се ќе биде океј.

6. ЗА ЗЛОТО: Ниски страсти.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: -“Плукаш по ликот кој те носи нагоре и тебе”-

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Нешо заглавив. Пола ќе ве раздужам скоро, другите ќе почекате.

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Само кога сакаш да добиеш нешто што не се купува со пари.

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Топла вода оклу 20 степена и шампон, се нанесува на цело тело со повремено триење.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: За секој посебно? Многу пишување…

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Спаваш ли мирно Амадеус Моцарте?

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Треба да е свежа, постојано треба да и се менуваат полните пелени.

13. ЗА СОНОТ: Димензија Д-212

14. ЗА ЈАВЕТО: Димензија C-117

15. ЗА ВИНОТО: Бело, ако имаш проблем со Холестерол, Црвено ако имаш проблем со импотенција.

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: -“Keep your family and business completely separated”-

17. ЗА КРАЈ: Бескраен LOOP.

Имаме право на надеж и љубов

 

Кон праизведбата на “Атена со пенис” во режија на Синиша Евтимов,а во продукција на Драмски театар Скопје

Претставата е жестока и издржана политичка сатира со која се исмева и критикува нашата стварност на изгубени вредности и правда.

Театарот на ул. „ Шекспирова“ бр.15 , на 19 мај ја изведе праизведбата на текстот „ Атена со пенис“. Станува збор за претстава работена според сценската адаптација на истоимениот роман на Александар Русјаков, што ја направи Синиша Евтимов, кој воедно е и потписник на режијата .

Од романесканата граѓа на Русјаков, Ефтимов штрихал и допишувал делови во текстот, создавајќи заедно со драматургот Сашка Бошковска, актуелно и повеќеслојно четиво кое се темели на драмска структура низ фрагменти, кое раскажува за комплетното деградирање на семејните, културните и општествените вредности кај нас, денес, низ „кавкијанска “ приказна за животот и премрежјата на еден човек, во еден ден. Резултатот е жестока и издржана политичка сатира со која се исмева и критикува нашата исполитизирана стварност, извулгаризираното со турбо фолк, ни секојдневие , кое е целосно кримилинализирано, обесправено и подредено на сензационалистички медиуми и на трката по пари , за кои поединецот е спремен да се одрече од секоја цивилизациска вредност.

Режијата се базира на мешавината од трагикомичен, фарсичен и гротескен израз. Тоа е постигнато низ умешно прелевање на стиловите, како во актерската игра, така и преку сведено креираната сценска позадина, само со колоритни реквизити и светло , што е дело на Милан Несторов и Александар Ношпал, кој во исто време е автор и на костимите, креирани во современ манир. На сцената доминира слика со сонцето од нашето знаме, кое овдека изгрева над планините. Сликата е изработена во поп арт стил, со точки, по примерот на творештвото на големиот Рој Лихтенштајн. Така е нагласен урбано-фолклорниот контекст во кој делуваат ликовите и нивната ментална матрица.

Фабулата го следи Виктор Велков . Тој е ситуиран „ шалабајзер“, добро позициониран на турбо фолк сцената, кој ја губи контролата над сопствениот живот , откако ќе биде прочитан тестаментот на неговиот починат татко, во кој од големото наследство што се разделува низ членовите на семејството , Виктор ја добива само скулптурата на грчката божица Атена, која на челото има пенис. Се разбира, ова е уметничка интерпретација на скулптурата, ( понатаму во претставата дообјаснета како римска божица Јунона, со пенис).

Таа е симбол за големото ништо што го добива Виктор од наследството, како што тој си мисли. Оваа шах-мат позиција главниот лик го носи до сплет од комични и трагични до апсурд случувања, кои ја одразуваат нашата стварност, во која „ малите риби го јадат стапот “, а „ крупните“ никогаш не се санкционирани и делуваат двојно, дури тројно, како налогодавачи, изнудувачи и како спасители на туѓи животи.

Главната улога ја толкува Рубенс Муратовски. Тој, емотивниот габарит на Виктор го предава со точна мерка и усет за неговите мотиви, низ уверливо одиграни нијанси, доволни гледачите да ги препознаат неговите јанѕи, да го разберат и да сочувствуваат со него. Мајката на Виктор, разведена од неговиот татко, е хистерична жена која љуби да пие алкохол и има млад љубовник, со двоен идентитет. Оваа улога и е доверена на Катерина Коцевска , која покажа што значи да се совлада задачата и да се игра органски, исцело . Филип Трајковиќ, позитивно изненади во улогата на нејзиниот љубовник , нежен и префинет како маж и воедно амбициозна жена во битка за себепромоција на естрадата. Трансформациите кои тој ги прикажа на ниво на идентитети беа добри, но недостасуваше само уште малку силина во гласот. Или можеби авторот на овие редови, од 13 ред во салонот не дослушува добро ? Многу суптилни трансформации понуди и Лазе Манасковски како „ десна рака“ на Виктор, но и како човек од подземјето. Изненадувачка , во функција на драмскиот пресврт, беше креацијата на Диме Илиев, на глава на криминалното подземје, која управува со човечките судбини и која знае да делува дури и како деус екс макина. Гордана Ендровска , како разведена жена од Виктор и Калина Наумовска како една од двете полицајки, низ гротескната игра потсетија на незаборавното драмско наследство на овој театар, од претставите „ Кандит во земјата на чудата“ и „ Кинегонда во Карлаленд “. Двоецот Гоце Тодоровски и Ванчо Петрушевски, маестрално ја дополни сликата за денешното невреме , во кое децата немаат време на детство, туку се зрели во просудбите како возрасни, знаат да се спротивстават, но и да ги заштитат родителите кога тоа е потребно. А, во оваа слика за светот на изгубени души, кои сакаат по секоја цена да успеат во големиот град , влегуваат и креациите на Емилија Мицевска како девојка на Виктор и турбо фолк пејачка , почетничка и Благица Димитровска како девојка на покојниот татко на Виктор, која постојано е дрогирана. Двете играат различни карактери , прецизно и уверливо до детал. Комични епизоди за почит имаат и Јана Стојановска и Александар Степанулески, а во лепезата на превртливи ликови од нашето милје, влегува и интригантниот стар сосед на Виктор, колекционер на антиквитети што сака да ја купи вредната скулптура на Атена со пенис. Оваа улога под маска, за што беше задолжен Ѓорѓи Ѓорѓиевски, ја толкува Зоран Љутков, со особен усет за хабитусот на старецот. Љутков настапува и како полициски инспектор кој влијае во еден миг врз судбината на Виктор.

Севкупната комична атмосфера во претставата , со отфрлени од средината, маргинални, етаблирани и криминални ликови, актерите ја предаваат со жар и полетност, што гарантира лесно и забавно голтање на горчливите пилули, што преку дејствието се сервираат до гледачите.

Тоа е доказ дека „ Атена со пенис“, е уште една хит претстава на Драмски театар што ќе се игра долго на репертоарот, по примерот на „ Болва во уво“ , „ Солунски патридии“, „ Викенд на мртовци“ и погоре споменатите претстави на авторско-режисерското дуо, Венко Андоновски и Сашо Миленковски. Нејзиниот мелодраматичен, среќен крај, е уште еден прилог кон дијалектиката на животот, која театарот ја исцртува, а е сместена во изреката „ После дожд доаѓа сонце“. Сосема оправдано, зашто сите имаме право на надеж и љубов .

Сотир Трајков

Sydney Opera House

 

 

Welcome to Sydney Opera House

One of our favourite things when speaking to visitors onsite and here on Facebook is hearing about the special, memorable and happy moments you've enjoyed at Sydney Opera House.Do you have a memory to share? Leave it in the comments below – we'd love to hear it!

Posted by Sydney Opera House on Tuesday, April 4, 2017

Жарко Димоски – актер

Во прво лице

Maj23.2017

ЖИВОТОТ- ВЕЛИЧЕСТВЕНА БОРБА

1. ЗА СЕБЕ: Carpe Diem!!!

2 . ЗА ЉУБОВТА: Двигател

3. ЗА ЖИВОТОТ: Величевствена борба…

4. ЗА ТЕАТАРОТ: Полна душа…

5. ЗА ДОБРОТО: Само тоа ќе не спаси…

6. ЗА ЗЛОТО: Одбранбен механизам на слабите.

7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Око за око…заб за вилица…

– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Тие што ми се пријатели…си знаат!

8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: “У змајевом гнезду”

9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Близок роднина на материјалот од кој соништата се градени.

10. ЗА КОЛЕГИТЕ: “Кога мотивацијата ќе падне, со дисциплината треба да се крене!!!

11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Што е наше ќе си дојде.

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Секогаш е добредојдена.

13. ЗА СОНОТ: Не сонувај го животот, живеј го сонот.

14. ЗА ЈАВЕТО: Би се задржал на “живеј го сонот”

15. ЗА ВИНОТО: За белото-Бозел,за црното-Малини

16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Светост

– ЗА МУЗИКАТА: Тешко на тие што не живеат за неа…

17. ЗА КРАЈ: Вера,надеж…љубов!!!

Монокл

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

Бидејќи актерската акција на сцената постојано осцилира, дури и во една иста изведба, тоа го диктира кондицијата и темпото на манифестирањето на телесното (физичкото), како врзивно ткиво и баланс помеѓу појавувањето (означувањето и значењето) и презентирањето (говорењето и бидувањето).

Но, варира и перцепцијата на гледачот, која зависи од видното поле и неговиот (не)фиксиран поглед, односно неможноста истовремено да гледа на повеќе страни, освен глобално и широко само преку еден панорамски ракурс, или издвоено и детално само на едно место во одреден миг.

И, токму во тој миг, движењето на актерот може да се доживее како режисерски концепт и знак, а во друг миг пак, како лична спонтаност или израз на сценска енергија. Значи, станува збор за дуалната актерска позиција помеѓу присуството и (ре)презентацијата.

Всушност, актерот таа дуалност треба вистински да ја осознае, постојано да е свесен и да води грижа за неа, односно да ја претвори во креативна игра. Тоа не значи дека актерот не е веќе потребен и(ли) дека се претворил во перформер, што имплицитно може да сугерира дека во современиот театар веќе не се потребни актери, туку само изведувачи (кои се, но не мора и да се актери).

Не, нас сé уште нñ треба актерот, но поинаков, самосвоен, креативен и самосвесен. Актер кој успешно ќе надградува и мајсторски ќе си поигрува со и на сцената, односно како што вообичаено и условно се вели: ќе “импровизира“.  Значи, актерот да не се исползува и истроши/потроши само за и при реализацијата на режисерскиот концепт, кој се реализира и потврдува дури и само во и при рецепцијата на гледачите.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

 

Тихомир Стојановски

Во воведниов дел допревме коти на значењето на театарот како што се: орото, пеењето, хорот, играњето, дарувањето на Боговите, место за средба, место за свадби и чествување на Бога, место за важни историски собитија, место каде се бира царот (во театарот во Еге по убиството на Филип Втори војската под оружје со тропотење на зарисите и штитовите со акламација го избрале Александар Трети за цар на Македонците) и секако духовно светилиште за народниот дух и култура, место за народни игри и славење на Боговите, а денес како место за современата (и не само за неа) драмска уметност и литература. Дел од овие доблести одвреме-навреме се враќаат како повратна енергија во сценските дејства и во современииот македонски театар, се преплетуваат и му ја враќаат изворната сила и енергија за да нé потсетат на неговата долговечност и виталност на нашиве македонски простори.