КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

Тихомир Стојановски

На театарот покрај значењето како “место за гледање” му се додава уште една дименизија во толкувањето. Како верски објект, место каде се случувала свадбата, место каде се правеле свадби, како верско-религиска институција. Секако, свадбата како што вели Хамонд во рамките на октомврискиот македонски фестивал била, кога се славела големата Дионисија (малата е во февруари кога се крои лозјето и денес христијанството го чествува Свети Трифун. Испреплетни верувања и адети од предхристијанско време влезени во христијанството имаме повеќе. И Свети Илија е старозаветен светец, пророк, а денес е култна слава кај Македонците), која почнувала со дарување и чествување на Боговите. Како уште една сознајна кота за феноменот на театарот на тлото на македонската земја. И денес, ако направиме анализа на свадбата кај Македонците како народна култура, на пример галичката свадба која е претворена во културна манифестација, од лична, семејна, во масовна свадба што, пак, нé води на патеката од елитност кон општост (масовност), со адетите: бричење на зетот, канење на сватовите, барање на невестата, обредните песни кои се пејат за секое дејство посебно, гледањето на невестата низ прстен на момчето за да го стави во своето срце, песната и орото, одредени реплики кои се кажуваат и се повторуваат за време на свадбата, ќе ја видиме врската на свадбата со театарот како многу подлабока, посуштинска отколку што на прв поглед може да се воочи. Небаре свадбата е цела една драма со пеење и плачење, со разделби и таги, со веселби, со хорски песни, со разделба на стариот и почеток на новиот живот. Велми и циклусите на славењето на Дионис, денес на Христовите празници, некогаш на неолитските светилишта како Кокино се врзани со стариот и новиот живот, речиси сите се врзани, поместени, стокмени на завршување на стариот и почетокот на новиот циклус на промена на сонцето и времето. Всушност, тоа е точката која на театарот му ја дава неговата повеќеслојност како верски, народен, духовен, културен, општествен феномен, кој опстојува неколку милениуми на македонскава земја, до сега и овде, кажано со театарски жаргон. Но, за тоа понатаму во едно од поглавјата на магистерскиов труд.

Но, ете да го споменеме и хорот. Од таа сознајност покрај играњето во театарот има и пеење. Имаме и хор, како антички елемент во драмите и како верски во светилиштата (црквите), но и хор за свадби како Дафина од Серез, од која С. Верковиќ запишал 270 песни, а која била водачка на хор за свадби и прослави16.