Стефан Вујисиќ актер

 

 

Во прво лице

ИДЕЈАТА Биг бенг

 

  1. ЗА СЕБЕ  Кула од карти, врвка од патика, џин во шпаиз, затишје пред бура, непрочитано писмо, слон без соба, ремарка, експресија во коцка..

2 . ЗА ЉУБОВТАСмисла, збор, дрога, двигател, мотиватор, анестетик, естетик, инспирација, алат..

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Прашања, прашања, прашања..
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Простор, контекст, изговор, патетика, стимуланс, алат..
  3. ЗА ДОБРОТО : Удобно. Кога е присутно сакаме да го делиме. Лесно се шверца. Го бараме под секој камен. Во име на тоа се бориме.
  4. ЗА ЗЛОТО : Тема на муабет. Кога си му непријател те прави добар. Те одбива, те бута, те моделира. Му се плашиме, го мразиме, понекогаш се плашиме да не не го мразиме
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТE Не ми текнува ништо

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Бидете тука

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Потребна..
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА : Непотребна
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ : Премногу ги има
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ : Нека се случат што побргу

12 . ЗА ИДЕЈАТА : Биг бенг

  1. ЗА СОНОТ : Паметен, луциден и хиперреален
  2. ЗА ЈАВЕТО : Изморено, носталгично, незаситено
  3. ЗА ВИНОТО : Тамбз ап
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО : Најголема Поддршка
  5. ЗА КРАЈ : Крајот ќе се случи во секој момент, а тривијалниот фитбек е совршено шкорче што ќе допринесе да се случи најбрзо. На столчето ќе седи друг, а ти себично ќе ја славиш меморијата кога веќе ќе е касно.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *