“Животот е прекрасен” фестивал МИТЕМ Будимпешта

 ‚‚Македонски народен театар “Животот е прекрасен” фестивал МИТЕМ Будимпешта = Театарска лига на шампионите‚‚ како што го нарече овој фестивал Пројкоски

Претставата „Животот е прекрасен“ која Македонскиот народен театар вчеравечер, 19 април ја изведе на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта, предизвика бурен аплауз и овации кај унгарската публика…

Од МНТ информираат дека после средбата со публиката и критиката на тркалезната маса, претставата која е во режија на Александар Морфов, била оценета како висок естетски чин, а актерскиот ансамбл на МНТ бил истакнат за врвна актерската игра, во која секој актер својата улога ја креирал со измерени гестови до перфекција.

МНТ со оваа исклучителна претстава во режија на Александар Морфов, како што се посочува, беше во селективната програма во конкуренција на извонредни продукции од 11 земји, со најистакнатите уметници на театарот во Европа, врвни театарски куќи и претстави потпишани од светски познати режисерски имиња.

Во претставата играат Никола Ристановски, Николина Кујача, Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Александар Ѓорѓиоски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Александар Михајловски, Кире Ѓоревски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазиа Христовска…

”Вечерва во Будимпешта беше чест и гордост да се биде дел од Македонскиот народен театар. Колеги Ви благодарам на сите за креативноста, посветеноста, љубовта и вербата со која сите заедно ја одигравте Животот е прекрасен. Се останато за оваа вечер кажува аплаузот на публиката” напиша на својот фејзбук профил после завршувањето на претставата директорот Пројковски

МНТ годинава ќе биде дел од официјалната програма на МЕСС, а пота следуваат гостувања во Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.

 

По враќањето на екипата од Будимпешта во Скопје, следните изведби на претставата „Животот е прекрасен“ се на 23 и 24 април со почеток во 20 часот.