Сања Арсовска – актерка

 

Во прво лице 

 

СЕ МОЛИ ДОБРОТО ДА СЕ ЈАВИ, СВЕТОТ ГО БАРА!

 

  1. ЗА СЕБЕ: Ноктурно Дес-дур број 2 од опус 27 на Шопен

2 . ЗА ЉУБОВТА: Слобода!

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Долг фудбалски натпревар.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Е, тука се мачам да срочам нешто лирски, со љубов, миг, живот, ама не ми иде.
  3. ЗА ДОБРОТО: Се моли Доброто да се јави на главна каса, Светот го бара!
  4. ЗА ЗЛОТО: Производ на примитивна и неедуцирана багра.
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Не ми е гајле.

  – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?: Е, со нив сакам уште барем три животи време.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Тешка беда.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Беливе дробови ми знаат.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Доживотно приватно-јавно партнерство.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Може ќе дојдат, ама кој ќе ги режира…

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Само да е прогресивна, да не движи напред. Се она што не турка назад цивилизациски и не враќа во други векови има друго име, се вика глупост.

  1. ЗА СОНОТ: Да не си ми у сон…
  2. ЗА ЈАВЕТО: Му фали боја во последно време, на глобално ниво.
  3. ЗА ВИНОТО : Ми требаше 10 години да сфатам од што ме боли глава.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО : Најдобри и најверни другари.
  5. ЗА КРАЈ: Пушти си го Шопен и мижи си.

За Петко – пет +: Најкорисното нешто што го имам направено како актерка. Неизмерно задоволство е да си дел од неформално образование на некое дете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *