Тихомир Стојановски
КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ
Нели во :
“… Гневот О Божице пеј го…” започнува самиот еп, односно започнува приказната. Со пеење. Или оној кој пее или пое -поет. За некој кој е писмен народот вели “дека е пеан”, односно описменет. Уште една реплика од животната драма. За врската на пеењето и сцената. Всушност, пеењето, играњето оро и хорот се основните елемнти на театарот кои и денес ги содржи современиот театар, пред сé, во драмската поезија, драмските дела во стихови. Всушност тие се највредните и веројатно ширум светот најпоставувани дела на сцената како: Шекспир, Молиер, Лорка, Ростан, Лопе де Вега, античките автори Еврипид, Софокле, Есхил, Аристофан, па дури и еповите се поставуваат на сцената како драмска поезија “Илијада”, “Махабрхарата”, “Сердарот и други.
И ете дојдовме до уште една допирна точка, која ја открива скриената природа на сцената. Пеење. Кога некој пее. Кога некому му се пее. Се опева одредена историја и случка. Или му се прави чест и му се пее. Се слави со песна. Или со музиката. Голем дел од историските македонски приказни се опеани во песни и се играат во ора. На сите видови на славење и одбележување. Нели и музите играат оро (да ја споменеме тетовската Менада како археолошко откритие – мома која игра оро), а нашиов народ го прави, го правел и ќе го прави истото. Играл, игра и понатаму ќе игра ора.
Во “Илијада” стр. 121 е поместено толкувањето за Менада како:
“… жена занесена од Бога и во занес донесена до палава состојба… занесена од Богот Бах или Дионис”14.
Се разбира, со тоа играњето повторно се доведува до Дионисовите слави како прапочеток на театарот на тлото во Македонија. Секако, како основа пракорен за македонскиот антички театар. Потоа, имаме дарување на леб и вино како култ, култура на сцената во македонската антика и секако ја имаме свадбата на ќерката на Филип Втори, македонскиот цар во театарот во Еге како крвна жртва за Диониса. Филип Втори е убиен на свадбата на својата ќерка Клеопатра со Александар Молсиски во театарот во Еге, старата македонска престолнина15. Се разбира повеќе за врската на театарот како верско место, храм, светилиште ќе зборуваме во втората глава на овој труд.