ИВАН МАЗОВ ( 1923 – 1977 )

 

 

ИВАН МАЗОВ театарски критичар, публицист, писател

(07. 01. 1923, Кавадарци – 14. 02. 1977, Цеље).

Дипломирал на Високата политичка школа во Белград (1948). Бил прв главен уредник на „Млад борец“ (1944), главен уредник на „Трудбеник“, уредник на „Социјалистичка зора“, на Радио Скопје,на „Партиски живот“, на „Нова Македонија“, работел и на други општетсвени и културни должности. Од 1960 до 1977 пишувал театарска критика во „Нова Македонија“, објавувал во „Современост“,„Хоризонт“, „Вечерен репортер“, „Културен живот“, „Бирлик“, „Флака е влазнимит“, „Разгледи“, „Јехона“, „Политика“, „Вјесник“, „Око“, „Сцена“, „Позориште“, „Одјек“, „Вечер“, „Ослобоѓење“… Пишувал и проза, патеписи, текстови и трудови за современиот македонски јазик. Добитник е на наградите „Крсте Мисирков“ (1969), „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ (1973) за театарско-публицистичката работа. Бил член на разни одбори и тела за театар, потпреседател на Сојузот на театарските критичари и театролози на ИТИ за Југославија (1975/76/77), а од 1978 до 1988/89 овој Сојуз, во рамките на Југословенскиот театарски фестивал „Стериино позорје“ доделуваше награда „Иван Мазов – Климе“ за годишен критичарски опус. Автор е на четири книги со раскази и патеписи, застапен е во повеќе избори, а во четири книги (од Одбрани дела во шест книги) е поместен избор од неговите театарски критики („Култура“, 1982) со наслови: „Сцена на животот“, „Сцената – тврда почва на животот“, „Сцената и човекот“ и „Сцената и современоста“. Автор е на околу повеќе од три илјади текстови. Бил член на разни театарски и оценувачки комисии и претседател на жирито на МТФ “Војдан Чернодрински” (1970).

Во македонската историја од огромно значење се неговите патеписи, „По трагите на Евлија Челебија“, низ Бугарија, Грција и Албанија, во време кога за макледонското население во овие земји се молчеше, или на бикло кој од Македонија му беше речиси забранет пористап. Облавен се и во книгата под заебочки наслов „Размеѓани колепки“ („Современост“, 1978). Автор е и на изборот „Убавината на виното“, песни на поети од светот кои како гости на Струшките вечери на поезијата ја посетиле Тивешијата.

Познат е и како страстен почитувач и истражувач на македонскиот јазик за кое имаат пишувано и Блаже Конески и Трајко Статаовски.

Бил дописник на „Нова Македонија“ од Атина и дописник за Балканот од големата војна во Алжир.

Домот на културата во Кавадарци повеќе од три децении е именуван како „Иван Мазов-Климе“, а една улица во родното Кавадарци го носи исто неговото име.