Тунел од книги

 ВО КИНА

Нејзиниот несекојдневен ентериер претставува вистинска атракција. Одвнатре изгледа како сцена од научно- фантастичниот филм Inception, во превод „Зачеток”.

Продавницата за книги Јанџоу Џунгшуг, во кинескиот град Џан Јуен, е дизајниран како голема оптичка илузија.

Нејзиниот несекојдневен ентериер претставува вистинска атракција. Одвнатре изгледа како сцена од научно- фантастичниот филм Inception, во превод „Зачеток”.

Главниот ходник, чиј под е прекриен со црни огледала, има форма на пештерски свод, со полици за книги. Рефлективната површина на подот и закривените форми на полиците создаваат впечаток дека се наоѓате во совршено кружна просторија.

Многу посетители се чувствуваат изгубени во таквиот простор.

Помош при движењето низ овој „искривен” простор, обезбедува раздалеченоста на таванот што е во форма на молња и чиј одраз може да се искористи како патека по која се стигнува до другиот дел од книжарницата.