
Во светот полн со маски изместени вредности измислени и замислени цели до небо кренати таканаречени стандарди повторно театарот ја потврди улогата на “судија” за она што ни се случува и ќе ни се случува во не така розовата стварност.
Во овој контекст отварањето на 10. Јубилејни лица без маски, започнати од интузијастите Мио и Иги, алијас Миодраг Костиќ и Игор Ивковиќ, едниот директор, а другиот селектор, го продолжи и оправда постоењето на театарската алтернативе денес, овде и сега.
Ова линија на “отпор” кон реалноста продолжии на сцената со гостите од Косово и “Претставата со четири актери И неколку свињи…” и нивната приказна за приоритетната “касапница” наречена ЕУ. Во трка и потрага по новите стандарди и вредности човекот ги губи основните вредности како што се љубовта, меѓусебната комуникација и другарството. Преку завидно сценско темпо четворицата актери и двајцата музичари уште еднаш ни го поставија прашањето: Чуму трката по вредности кога основата е изгубена?!
Всушност ова како сублимат беше и поентата на Снежана Конеска- Руси, која го отвори официјално фестивалот. Само како надоврзување на популарната тетка Снешка, Миодраг Костиќ потенцираше дека нивното “дете” по име “Лица без маски” одново се раѓа веќе 10. пат, а и ќе се раѓа се додека има енергија во овие луѓе ентузијасти.
За жал преку театарска слика добивме едно огромно вистинито пано за тоа дека ерозијата на моралот, колку и да звучи оскиморонски…, е во подем. За час и половина го добивме одговорот или поточно преку одговорот сме натерани повторно да го размислиме и обмислиме своето постоење…. Затоа ако се суди по почетокот на јубилејните “Лица без маски” љубопитниците ќе имаат што да видат и за што да размислуваат во текот на петте фестивалски денови, а за тоа можност ќе имаат преку претставите “Претстава со четири актери и неколку свињи”, “Ноќ на огнот”, “Прво ќе ме земеш после ќе ме…”, “Скршена стомна”, “Се на маса”, “Да го поздравиш и да ми го бациш” и “Фармата” . (Б.Г.)
Вечерва “Прво ќе ме земеш после ќе ме…” и “Скршена стомна
Театарскиот фестивал “Лица без маски” продолжува вечерва со нови две претсави. Во Театар Комедија (20 ч) ќе биде одржана претставата “Прво ќе ме земеш , после ќе ме…” во продукција на Театар “Крик”- комедја и драма од Скопје и во режија на Ѓорѓи Ризески. Во претставата главните ликови се Ѓоко и Кети, тој изрод од мешан брак, таа старлета, пријавени во шоуто “Осакатени души”… Втората претстава е “Скршената стомна” на Интимен театар од Битола, во режија на Софија Ристевска, а ќе се држи во Конгресниот центар “Александар Македонски” (22 ч). Претставата е за изгубениот и заблудениот човек што нема капацитет да се бори, а секогаш го избира патот на финансискиот прогрес..