Ана Батева, режисер

Во прво лице

ЉУБОВТА – СПАС НА СВЕТОТ…

  1. ЗА СЕБЕ – борец на долги патеки;
  2. ЗА ЉУБОВТА – полет на духот и спас за светот;
  3. ЗА ЖИВОТОТ – предизвик да се бидеш себе си;
  4. ЗА ТЕАТАРОТ – еден миг на возвишеното; еден миг на реинкарнација; еден миг на воздишка – створение на духовна неопходност, створение заради морална одговорност;
  5. ЗА ДОБРОТО што победува и променува;
  6. ЗА ЗЛОТО кое уништува или „хемороидот“ на денешницата;
  7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ – им простувам, тие не знаат што прават;
  8. – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Им благодарам што постојат!
  9. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ доделува убави улоги;
  10. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА или адреналинот што живот значи;
  11. ЗА КОЛЕГИТЕ соборци во битката наречена „Театар“;
  12. ЗА НЕНАПРАВЕНИТЕ ПРЕТСТАВИ или следниот стремеж на мојата имагинација;
  13. ЗА ИДЕЈАТА што те држи жив; причината да постоиш; причината да Си;
  14. ЗА СОНОТ кој го живееш!
  15. ЗА ЈАВЕТО кое инспирира!
  16. ЗА ВИНОТО споделено со семејството..
  17. ЗА СЕМЕЈСТВОТО.. најсигурно прибежиште на моето “Јас“..
  18. ЗА КРАЈ – да се стремиме да бидеме подобри.. заради едно подобро утро, заради еден посветол почеток!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *