Михаил Афанасјевич Булгаков ( 1891 – 1940 )

 

 

15 мај 1891 Киев, Руска империја (денес Украина)

Починал 10 март 1940 (воз. 48 г.) Москва, СССР (денес Русија)
Занимање романсиер, драматург
Националност Русин
Народност Русин[1]
Жанр сатира, фантазија, научна фантастика, историска фикција
Сопружник Татјана Лапа 1913-1924 (разведен)
Љубов белозерскаја 1924-1932 ( разведен)
Елена Шиловскаја 1932-1940 (негова смрт)

руски писател и драматург од првата половина на XX век. Најпознат е по своето дело Мајсторот и Маргарита

Биографија

Дете на руски родители, Михаил Булгаков бил роден во Киев, Украина. Михаил и сите негови браќа учествувале во редовите на Белата Армија за да после крајот сите освен Михаил се преселат во Париз. Михаил останал да работи како теренски доктор во кавкаскиот регион, каде подоцна започнал да работи и како новинар. Иако имал релативно поволна положба под советскиот режим на Јосиф Сталин, Булгаков имал забрана да емигрира или дури и да ги посети своите браќа на запад. Некои делови од биографијата на Булгаков се непознати и нејасни бидејќи тој бил особено таинствен за својот живот па дури си ги заколнал и сопствените сопруги на тајност.

Во 1913 Булгаков се оженил со Татјана Лапа. По избивањето на првата светска војна тој веднаш се пријавува за доброволец во Црвениот крст. Во 1916 дипломира на медицинската школа при киевскиот универзитет и потоа служи во Белата Армија. Кратко и присилно бил мобилизиран во Украинската Националистичка Армија. Во 1919 се решава да ја напушти медицината и да се занимава со својата голема љубов, литературата. Во 1921 со Татјана се преселува во Москва каде ја започнува својата писателска кариера. Три години подоцна, разведен од својата прва сопруга, се жени со Љубов Белозерскаја. Обајвил неколку дела во почетокот и средината на 1920 тите но веќе кон 1927 започнал да биде под удар на критичарите и бил оценет како анти-Советски настроен. До 1929 неговата кариера поради тоа била целосно уништена и ниедно од неговите дела повеќе не било изфавано поради цензура.

Во 1932 Булгаков се жени по трет пат за Јелена Шиловскаја, која ќе му послужи како инспирација за ликот на Маргарита од неговото најпознато дело Мајсторот и Маргарита, и со неа се населил во квартот Патријаршиски рибници во Москва. Во последната декада од својот живот работи на Мајсторот и Маргарита, пишува, драми, критики и приказни, Направил и неколку преводи и драматизации но тие останале необјавени.

Булгаков никогаш не го подржувал режимот и го исмејувал во многу од своите дела. Токму поради тоа, најголем дел од неговите дела останале заклучени во фиока барем уште неколку декади. Во 1930 напишал писмо до Сталин од кој побарал дозвола да емигрира доколку за него нема место во Советскиот Сојуз како сатиричар. Како резултат на писмото Булгаков добил телефонски повик од Сталин лично, кој го уверил токму во спротивното. Сталин уживал во делото на Булгаков Денови на Турбините па му нашол работа во некој мал московски театар а подоцна и во Московскиот Театар на Ументостите. Во многу биографии за Булгаков се наведува дека писмото го напишал од гнев и ментален немир и никогаш немал намера да го испрати. Понатамошната забрана од властите да го посети своето семејство во странство го натерало на драстични мерки. И покрај неговата нова работа, проектите на кои што работел во театарот биле неуспешни и тој постојано бил под стрес и бил многу несреќен. Работел кратко и во театарот Болшој но набрзо си заминал бидејќи неговите дела не биле објавувани.

Булгаков починал од вродена маана на бубрезите во 1940 и бил погребан на гробиштата Новодевичи во Москва.

Мајсторот и Маргарита

Михаил Афанасјевич Булгаков апсолутно е едно од најзначајните литературни остварувања на 20-тиот век! Денес секој би ја симнал капата пред ова даровито перо. Да! Но, лесно е тоа да се каже денес, да се даде соодветна оцена за делото на Булгаков, да се воздигне неговото име до небеските сводови на светската литература, но во времето кога е пишуван овој роман од 1929 до 1940 година е апсолутно незамисливо објавувањето на ова така силно ангажирано прозно четиво.
Со доаѓањето на Сатаната во Москва, олицетворен во странецот Воланд, мајстор на црната магија, паралелно се отвора и прашањето за постоењето на Бог среде атеистичка Москва. Авторот луцидно ја води приказната за вечната љубов на Мајсторот и Маргарита, кои стигнуваат дури до адот во име на љубовта, преплетувајќи ја оваа љубовна приказна со безброј алузии на тогашниот општествен и политички амбиент. Ликот на Мајсторот кој длабоко е поврзан со самиот Булгаков, неразбран и отфрлен, игнориран од општеството, фрустиран до болка од одбивањето на делото од издавачот одлучува да го запали и да се ослободи од бремето што уметникот го носи со себе. Многу слично на Мајсторот, по завршувањето на првата верзија на романот Булгаков ќе го запали сопственото, за неколку години подоцна повторно да го создаде. Ракописите не горат! Тоа е сигурно! Мислата го пронаоѓа својот пат на овој или на оној начин!

Така, Мајсторот и Маргарита во Русија за прв пат ќе биде објавен, и тоа со цензура во 1966 година, а дури по објавувањето во Франкфурт 1974 година во целина, критиката и читателите за прв пат ќе го доживеат раскошот на оваа комплексна нарација.

Извлечен од заборавот овој жанровски сложен, овој мно гуслоен роман обединувајќи ги елементите на сатира, фарса, фантастика, мистика, мелодрама, философска алегорија веднаш го сместува Булгаков рамо до рамо со великаните на руската литература. Ова е несекојдневен, но прекрасен пример на ракопис откриен во оставнината на еден веќе заборавен автор, пишуван во еден, а прочитан во друг контекст да изврши толку силно влијание во светската литература, и да фрли сосема поинаква светлина на првата половина на 20-
тиот век на планот на литературата.
Мајсторот и Маргарита обединувајќи ги најгорливите дилеми на првата половина на 20-тиот век, поставувајќи го прашањето за позицијата на уметноста во еден крут, тоталитарен систем и позицијата на уметникот наспроти силите на Светлината, или оние на Темнината станува дело кое нуди бескрајно длабоки уметнички планови, алузии, прочити. Оттука и потребата одново и одново да се препрочитува, да се поставува на театарските сцени, одново и одново да се нурка во длабочините на илузиите кои Булгаков ги претвора во реалност. Со секое ново поставување, страсно навраќање, гласно признание за уникумот на ова дело, одново се открива од принудниот заборав не само Мајсторот и Маргарита ами контекстите во кои овие силни теми имаа своја подлога.
Булгаков гласно шепотел во своето време, во Русија, но уште погласно зборува денес во светот!
Загорка Поп-Антоска-Андовска