Римската комедија

 

Аристофан, Аристотел

Име на комедијата (гр. Κωμωδια, лат. Комедија) е соединение кое се претпоставува дека е изведен од грчкиот збор komos (гр. Κωμος) “весели поворка” и опиоиди (гр. Ωδη) песна. Терминот е наменета драмско дело весел содржини што се емитуваат за време на Големата или на Град Дионисиј во 5 век п.н.е. Во структурата на хорот го зазема важно место. Познато е дека во односниот вид на драма, која се разви околу 500. п.н.е. Литература во западните Грците во Сицилија (Epimarh), хорот не учествуваат. Овие се делата означени како драма (δραματα). Со текот на времето, хорот ја изгуби својата оригинална улога во античкиот комедија (4 и 3 век п.н.е.), а поимот комедија почна да се применува и весели драма без задолжително хорски дела (и оние кои еволуирале од стариот хорски комедија од Атина и весел nehorske драма произлезе од Атика). Во оваа смисла терминот комедија влегува во современата литературна терминологија.

фази во развојот

Тие се разликуваат во одредени фази во развојот на античката комедија:

(Nehorska) сицилијанската комедија,

стари (Атика) комедија

медиум (Атика) комедија

нови (Атика) комедија

Римската комедија.

Потеклото и развојот

Стариот антички комедија беше создадена во исто време како и на античката трагедија во транзицијата од 6-ти до 5-тиот век п.н.е. Сепак, задолжителен дел од церемонијата посветена на култот на Дионис станува половина век по трагедијата. Почнува да се покаже во Гранд или градот Дионисиј само 442 години. п.н.е. Број на учесници е ограничен на три. Хор, поделени во две poluhora, имаше 24 членови, кои се различно костимирани (од Аристофан во птици, жаби, оси).

Аристотел стави напред хипотезата дека стариот комедија дојде од фалички, ритуал, песни кои се пеат во поворки во кои тој врши фалусот како симбол на плодноста. Овие песни се разликуваат непристојни изрази и лични исмејување.

Постојат две теории кои се обидуваат да се објасни појавата на стариот антички комедија: сложено и унитарна.

Според поборниците на теоријата на композитни стариот сведување комедија беше создадена со комбинирање на елементи од различно потекло. Хорски централниот дел на parabazom и агонија може да се развива од Komoševa весел паради кои беа составен дел од царинското вегетативна култови. Учесниците на овие процесии маски на различни животни, пеејќи песни, исмејуван нагоре, се натпреваруваа во лага. Церемонијата заврши со прослава и радост. Оттука комедија eksodos добива некој вид на бучни радост. Епизодната дејствува сцена беа развиени по примерот на дорски фарса и Epimarhovu сицилијанската комедија.

Унитарци се сомневаат во влијанието на дорски фарса и сицилијанската комедија. Тие сметаат дека античките комедија спонтано се развива од ембриони Атика. Фолклор праисторијата ритуал предизвикани постојаното присуство на хорот во стариот комедија, појавата на стрипот агон, paraboze и eksodosa што се стари Komos. Komos, весели и на развод парада, за време на празниците (специјална церемонија посветена на култот на Дионис) шета пеење селото, подигрување и шеги. По тој повод, посебно се исмејуваат граѓаните, покажувајќи пцости. А личен invektiva, се обрнува големо внимание на познати современици политичари, филозофи, поети, музичари, типична карактеристика на стариот антички комедија. Само личен invektiva придонесе за предмет на античка комедија е сегашната каматна атински општествениот живот. Политичкиот и социјалниот живот ќе се обезбеди материјална поет да се создаде стрип заговор и изградбата на стрипот агон. Таквиот развој на античките комедија може да обезбеди само слободата на говорот постигнат во демократска Атина. Ограничување на слободата на говорот значеше и крај на стариот сведување комедија која се совпаѓа со падот на власта Атинскиот полис и последниот пораз во Пелопонеската војна. Стариот сведување комедија се занимава со сегашната реалност. Таа целосно се одразува на современиот живот на Атињаните. Предмет на нејзиниот интерес се јавни обичаи, дневна политика и севкупното образование (образование, филозофија, поезија, музика). Kratine прв меѓу поетите политика стане предмет на комедијата.

Претставниците на стариот сведување комедијата како Аристофан, Kratine, Eupolid. Зачувани само 11 комедии на Аристофан, а од други писатели имаме само фрагменти.

Социјални промени во Атина (самрак политичка моќ, доаѓа под влијание на македонската држава), исто така, да предизвика промени во стариот сведување комедија и развој на нови или средно сведување комедија (термин што веројатно се случи во хеленистичка ера). Централна комедија е термин кој се слуша по Аристотел. Овој термин вклучува комедии од периодот помеѓу 400 – 430 години. п.н.е. Најистакнатите писатели медиум комедии беа Aleksid, Anaksandrid, ANTIFAN, Eubulus и Тимок. Од работата на писатели средината комедија зачувани на наслови и фрагменти. Зачувани се само две комедии на Аристофан жените во Народното собрание и Plutos кои хронолошки припаѓаат на високо комедија.

Во политиката висок на античка комедија зазема помалку простор, хорот ја губи својата улога ја имаше во стариот дел на комедија и веќе не учествува директно во продавницата, хорски песни поздравни.

Монокл – Војдан Чернодрински

 

проф.д-р Христо Петрески

КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

Војдан Чернодрински во својот драмски текст “Македонска емиграција“, меѓу другото, вели: “Вистина е дека Младата македонска дружина не е за доверба… Нејзините членови никому не му се познати ни како дејци по македонските работи, нити пак како граѓани на Бугарија. И јас сум член, но право да речам, ич не ми се оди таму на состанок. Пак  особено во последно време, какви луѓе се примени за членови… Остави се! Фурнаџии, алваџии, бозаџии, мајстори… и какви уште не… Собрани кој од јаже, кој од колец… Не знаат зошто креваат рака, а зошто не… Пак ќе стане некој да зборува… Да умреш од смеа… Кога ќе зареди… море ова, море она, вака, така и не знаеш што уште! И некои од нашите студенти се смеат, други наведнале глави од срам, а трети пак зјапаат во нивните усти и ги слушаат како да им се професори…!

Да… Пак претседателот што е… Остај се… Редактор на весник е, но пази боже… Неписмен дури до таму! Да, убава е, убава е таа идеја на г-дата да се организира здружение од повлијателни лица… а не… И верувам новите членови ќе бидат богаташи, големи трговци, чиновници, учители, офицери… Ќе влезат шефовите на сите политички партии… така, тоа здружение ќе биде едно од најпопуларните. Јас задолжително ќе отидам, дотолку повеќе дека таму ќе се запознаам со повидни лица… Ќе отидам… А?! Ами што ќе стане со кружокот?!“ Зарежи го, запусти го! Јас можеби жалам дека малку повеќе разбирам, но кога повеќето од студентите се такви… Глупости!! Сме се собрале да правиме кружок чии членови ќе се зафатат со агитација… За ослободувањето на татковината! Но кога започнавме, цел еден состанок од 5-6 часа не ни стигна да го определиме изворното значење на зборот агитатор. Едни носат француски, други германски, трети англиски речници за да го побараат и најдат правилното значење на зборот  а г и т а т о р. Кружок… Е, што ми треба мене кружок! Ем сигурно за претседател ќе ме изберат. Па и клетва дадовме… Не знам во што сî се колневме…“

И така натаму, и така натаму, жестоки факти, забележувања и коментари. Како автентични историски сведоштва – тие се докази за еден изминат револуционерен пат, за свеста и совеста на Македонците во миграција, за здружувањата и здруженијата, за конкуренцијата, кариеризмот и нетрпеливоста, за личните интереси, борбата за власт, дискредитирањето на другите собраќа и слично.

Војдан Чернодрински е вистински и солиден хроничар на своето време, со релјефен израз на особините и карактерите на главните и најкарактерстични драмски протагонисти, а неговиот писателски ангажман не само што е евидентен, туку е мошне значаен и неменлив, провокативен, драгоцен и сî уште актуелен!

КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

Тихомир Стојановски

На театарот покрај значењето како “место за гледање” му се додава уште една дименизија во толкувањето. Како верски објект, место каде се случувала свадбата, место каде се правеле свадби, како верско-религиска институција. Секако, свадбата како што вели Хамонд во рамките на октомврискиот македонски фестивал била, кога се славела големата Дионисија (малата е во февруари кога се крои лозјето и денес христијанството го чествува Свети Трифун. Испреплетни верувања и адети од предхристијанско време влезени во христијанството имаме повеќе. И Свети Илија е старозаветен светец, пророк, а денес е култна слава кај Македонците), која почнувала со дарување и чествување на Боговите. Како уште една сознајна кота за феноменот на театарот на тлото на македонската земја. И денес, ако направиме анализа на свадбата кај Македонците како народна култура, на пример галичката свадба која е претворена во културна манифестација, од лична, семејна, во масовна свадба што, пак, нé води на патеката од елитност кон општост (масовност), со адетите: бричење на зетот, канење на сватовите, барање на невестата, обредните песни кои се пејат за секое дејство посебно, гледањето на невестата низ прстен на момчето за да го стави во своето срце, песната и орото, одредени реплики кои се кажуваат и се повторуваат за време на свадбата, ќе ја видиме врската на свадбата со театарот како многу подлабока, посуштинска отколку што на прв поглед може да се воочи. Небаре свадбата е цела една драма со пеење и плачење, со разделби и таги, со веселби, со хорски песни, со разделба на стариот и почеток на новиот живот. Велми и циклусите на славењето на Дионис, денес на Христовите празници, некогаш на неолитските светилишта како Кокино се врзани со стариот и новиот живот, речиси сите се врзани, поместени, стокмени на завршување на стариот и почетокот на новиот циклус на промена на сонцето и времето. Всушност, тоа е точката која на театарот му ја дава неговата повеќеслојност како верски, народен, духовен, културен, општествен феномен, кој опстојува неколку милениуми на македонскава земја, до сега и овде, кажано со театарски жаргон. Но, за тоа понатаму во едно од поглавјата на магистерскиов труд.

Но, ете да го споменеме и хорот. Од таа сознајност покрај играњето во театарот има и пеење. Имаме и хор, како антички елемент во драмите и како верски во светилиштата (црквите), но и хор за свадби како Дафина од Серез, од која С. Верковиќ запишал 270 песни, а која била водачка на хор за свадби и прослави16.

Стефан Вујисиќ актер

 

 

Во прво лице

ИДЕЈАТА Биг бенг

 

  1. ЗА СЕБЕ  Кула од карти, врвка од патика, џин во шпаиз, затишје пред бура, непрочитано писмо, слон без соба, ремарка, експресија во коцка..

2 . ЗА ЉУБОВТАСмисла, збор, дрога, двигател, мотиватор, анестетик, естетик, инспирација, алат..

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Прашања, прашања, прашања..
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Простор, контекст, изговор, патетика, стимуланс, алат..
  3. ЗА ДОБРОТО : Удобно. Кога е присутно сакаме да го делиме. Лесно се шверца. Го бараме под секој камен. Во име на тоа се бориме.
  4. ЗА ЗЛОТО : Тема на муабет. Кога си му непријател те прави добар. Те одбива, те бута, те моделира. Му се плашиме, го мразиме, понекогаш се плашиме да не не го мразиме
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТE Не ми текнува ништо

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? Бидете тука

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ : Потребна..
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА : Непотребна
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ : Премногу ги има
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ : Нека се случат што побргу

12 . ЗА ИДЕЈАТА : Биг бенг

  1. ЗА СОНОТ : Паметен, луциден и хиперреален
  2. ЗА ЈАВЕТО : Изморено, носталгично, незаситено
  3. ЗА ВИНОТО : Тамбз ап
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО : Најголема Поддршка
  5. ЗА КРАЈ : Крајот ќе се случи во секој момент, а тривијалниот фитбек е совршено шкорче што ќе допринесе да се случи најбрзо. На столчето ќе седи друг, а ти себично ќе ја славиш меморијата кога веќе ќе е касно.

 

 

КОМУ ПРИПАЃАШ – ТОА СИ

 

Кон премиерата на камерната претстава „ Копање “, во продукција на Македонскиот народен театар, во режија на Франц фон Штролхен

И токму кога Ивица ќе ја изговори вистинската причина за изроденото непријателство меѓу саканите пријатели, за нивното разединување долги години, се руши се.

Во пролетната понуда премиери во МНТ, од неодамна се наоѓа и текстот „ Копање“ , од австрискиот драмски автор , со хамбуршка адреса, Кристијан Винклер.  За нашата театарска јавност релативно непознат, а за потписникот на овие редови познаник од пред две години, со претставата „ Фиктивна состојба“, која низ современ, мултимедијален израз, ги толкува настаните кај нас, од 2001 година , потенцирајќи го клубскиот живот како  можна точка на обединување меѓу двете спротивставени страни (идентитети), во конфликтот. По премиерата во Хамбург, претставата се одигра кај нас, во МКЦ, а во неа меѓу другите актери, учествуваше Ивица Димитријевиќ, кој настапува и во новата претстава на МНТ, „ Копање“. И таа се занимава со прашањето на идентитетот на современиот човек, но низ поинаква приказна и израз, но со ист пристап на актерите кон креирањето на ликовите како во „ Фиктивна состојба“.

„ Копање “ ја режира Франц фон Штролхен , што е всушност уметнички псевдоним, под кој се крие авторот Кристијан Винклер кога самостојно ги поставува своите текстови. Накусо, тој е етаблиран и наградуван театарски уметник во Австрија и Германија , кој негува современа поетика и општествено ангажиран пристап.

Текстот „ Копање“ , а и претставата, се изградени целини од три дела, низ кои се раскажува приказна за двајца пријатели кои по шеснаесет години, повторно се среќаваат во родното село. Тој што доаѓа од градот, со себе за лична сигурност носи уште еден пријател, зашто постои недоверба и доза на нетрпеливост меѓу старите пријатели и покрај потребата одново да се сретнат. Накусо, претставата го тематизира прашањето за пријателствувањето денес во актуелниот социо- политички контекст .

Прв дел : Воведување

Претставата се игра на малата сцена. И не само на сцената, туку и во салонот, каде актерите , седат , стојат и играат меѓу публиката, пред камери, кои дејствието го пренесуваат во живо на сцената, врз насликаната реплика на Александровиот мозаик од локалитетот Помпеја во Италија, на кој е прикажан судир на војската на Александар Македонски со Персијците, предводени од Дариус Трети. На репликата што ја направија ученици од Средното уметничко училиште „ Лазар Личеноски“, претставено е и афтентичното оштетување на дел од мозаикот од вулканска лава, со која бил прекриен тој  при ерупција на вулканот, пред 2 000 години. За ова сценографско решение беше задолжен Андреа Коци. Тој е дел од интернационалната авторска екипата на претставата , која Кристијан Винклер ја донесе со себе во МНТ. На ниво на фабула, првиот дел е само приближување на завојуваните страни по многу време. Актерите , Гораст Цветковски, Ивица Димитријевиќ и Александар Ѓорѓиески ги користат сопствените имиња за имиња на улогите, иако во оригиналниот текст, ликовите имаат германски имиња. Таквото обраќање на самиот почеток го навестува играно-документаристичкиот клуч , во кој  е решен театарскиот чин, кој со тоа добива поголема интимност и исповедност со публиката. Сето прикажано, според режисерското барање на Винклер, актерите го играат на тенката линија меѓу вистината и лагата, меѓу себе си како ликови и како личности од реалниот живот,  делувајќи натуралистички. Со филмски дискурс,  на ( микро )игра пред камера, пренесена низ крупни планови на актерите и нивните лица на сликата на Александровиот мозаик, на сцената. Добар почеток, би се рекло.

Втор дел: Спогодување

Двајцата се договараат да играат  фудбал на мали голови. За заповедите на изричитиот Гораст и  задуманиот Ивица, извршител е Алек. Тој е и кочничар и оној што ја откочува нивната комуникација. Овој дел се игра подинамично од првиот. Се темели на аудитивниот израз, еден вид радиски пренос. Фудбалот се игра и коментира на еден микрофон, ликовите/актерите се физички поблиску еден до друг, а има и искричења меѓу нив . Се игра и говори текст со слушалки на ушите, пред микрофон . Позадината е прилично пригушена. Мозаикот речиси и да не се гледа. Во овој дел започнува  комплетното визуелното доживување на претставата, на кое работеше Стефано Коци, како уште еден член од тимот на Винклер. Натуралистичката игра меѓу Ивица и Гораст во еден момент се претвора во потивок приватен говор, но и тоа е дел од концептот на режисерот Штролхен. Исчекување што ќе каже секој од нив, драмски паузи, игра како по Станиславски, игра природна како во животот. Исчекување , што следува понатаму ?

Трет дел: Ископување

Копање . И реално копање земја ( за бунар, според текстот) и симболично, по душите на старите пријатели. Мачно, тешко, но започна и трае. Алек дефинитивно е тој што овдека ја откочува комуникацијата меѓу Гораст и Ивица. Дознаваме дека тој бара работа овде во селото зашто нема, а работел на проектот СК 2014 и дишел фосфор при поставувањето на стиропорните фасади. Сите тројца овдека вложуваат  физичка сила, копајќи земја , (во парче од сликата со мозаикот). Вдишаната прашина од земјата што се копа од отворената двослојна дупка на сцената, органски не поврзува со чинот. Моќни сцени кога животот и театарот сраснуваат во едно. По едно наговестување во првиот дел , оживува уште една асоцијација која не тера да замислиме дека Ивица и Гораст како ликови можеби биле и нешто повеќе од обични пријатели во минатото, а потоа нешто се случило. Но што? И зошто долго не комуницирале ? Тензијата и понатаму расте .

И токму кога Ивица ќе ја каже вистинската причина за изроденото непријателство меѓу саканите пријатели, за нивното разединување долги години, се руши се. Сета успешно изградена тензија во 1 час и скоро 20 минути, губи смисла. Или можеби на авторот на овие редови таа му изгледа прилично наивна и бесмислена, во споредба со жестокоста на темите што ги носи денешницата, сега, овде, а и надвор? Но, од друга стара, како да се разбере ваквиот исход во наративна смисла, кога авторот Кристијан Винклер најави дека на мета ниво претставата се занимава со поделеноста на светот денес меѓу левата и десната опција, алудирајќи и на нашите поделби како граѓани во комплетно партизираното општество? Најави ангажиран театар, а  претставата за „пукањето и на едно пријателство“  прикажува  една, од денешен аспект многу бенигна, прозаична, романтична и старомодна причина. Не дека тоа денес не постои и не се случува меѓу луѓето. Но, тоа влегува во редот на совладувањето на детските болести во љубовта и не е доволно уверливо како базичен проблем за развивање на најавениот поширок ангажиран контекст на макро план, во претставата. А , за што се работи? Кој ќе оди , ќе види!  Но крајниот резултат е амбициозна претстава која пред да блесне во полн сјај на крајот, ја губи својата смисла.

Да не се разбереме погрешно. Претставата има и пристоен текст и порака за идентитетот и припадноста денес. Таа има солидно обмислена и направена режија од Штролхен и музика од Горан Трајкоски . Добри и чесно креирани улоги во зададениот клуч, од Цветковски , Димитријевиќ и Ѓорѓиески. И драмска атмосфера што држи. Но има еден проблем. Неуверливата причина за главниот конфликт меѓу ликовите, за што е одговорен Кристијан Винклер.

 

Сотир Трајков

“Животот е прекрасен” фестивал МИТЕМ Будимпешта

 ‚‚Македонски народен театар “Животот е прекрасен” фестивал МИТЕМ Будимпешта = Театарска лига на шампионите‚‚ како што го нарече овој фестивал Пројкоски

Претставата „Животот е прекрасен“ која Македонскиот народен театар вчеравечер, 19 април ја изведе на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал „Митем“ во Будимпешта, предизвика бурен аплауз и овации кај унгарската публика…

Од МНТ информираат дека после средбата со публиката и критиката на тркалезната маса, претставата која е во режија на Александар Морфов, била оценета како висок естетски чин, а актерскиот ансамбл на МНТ бил истакнат за врвна актерската игра, во која секој актер својата улога ја креирал со измерени гестови до перфекција.

МНТ со оваа исклучителна претстава во режија на Александар Морфов, како што се посочува, беше во селективната програма во конкуренција на извонредни продукции од 11 земји, со најистакнатите уметници на театарот во Европа, врвни театарски куќи и претстави потпишани од светски познати режисерски имиња.

Во претставата играат Никола Ристановски, Николина Кујача, Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Сашко Коцев, Тања Кочовска, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Александар Ѓорѓиоски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Александар Михајловски, Кире Ѓоревски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Димитрова, Анастазиа Христовска…

”Вечерва во Будимпешта беше чест и гордост да се биде дел од Македонскиот народен театар. Колеги Ви благодарам на сите за креативноста, посветеноста, љубовта и вербата со која сите заедно ја одигравте Животот е прекрасен. Се останато за оваа вечер кажува аплаузот на публиката” напиша на својот фејзбук профил после завршувањето на претставата директорот Пројковски

МНТ годинава ќе биде дел од официјалната програма на МЕСС, а пота следуваат гостувања во Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.

 

По враќањето на екипата од Будимпешта во Скопје, следните изведби на претставата „Животот е прекрасен“ се на 23 и 24 април со почеток во 20 часот.

Голем успех за Битолскиот театар во Санкт Петербург

ГОСТУВАЊЕ ‚‚ Шекспир за ссекогаш ‚‚

Копродукцискиот перформанс, кој е прво меѓународно гостување на оваа национална установа во 2017 година, беше во изведба на актери од Битолскиот театар и од рускиот театар-домаќин “Вера Комисаржевскаја”.

Ансамблот на Народниот театар-Битола во театарот “Вера Kомисаржевскаја” во Санкт Петербург, со огромен успех пред тамошната публика го изведе музичко-сценскиот перформанс “Шекспир засекогаш”.

Копродукцискиот перформанс, кој е прво меѓународно гостување на оваа национална установа во 2017 година, беше во изведба на актери од Битолскиот театар и од рускиот театар-домаќин “Вера Комисаржевскаја”. Перформансот беше изведен во форма на маратонска актерска манифестација посветена на Шекспир.

Освен во музичко-сценскиот дел, битолската група “Фолтин” која настапува во перформансот, приреди и посебен концерт за руската публика. Во претставата настапија актери од Македонија и Русија, но како почесен гостин настапи и народниот актер, некои го нарекуваат и актерска икона во Русија, Ивак Краско, кој иако има 89 години, се уште е активен.

Заедно со актерите од Русија настапија и битолските актери Соња Михајлова, Катерина Аневска, Никола Пројчевски, Александар Димовски и други членови на ансамблот. Народниот театар-Битола оваа пролет, со поддршка на Министерството за култура, ќе настапи и во Канада.

Сања Арсовска – актерка

 

Во прво лице 

 

СЕ МОЛИ ДОБРОТО ДА СЕ ЈАВИ, СВЕТОТ ГО БАРА!

 

  1. ЗА СЕБЕ: Ноктурно Дес-дур број 2 од опус 27 на Шопен

2 . ЗА ЉУБОВТА: Слобода!

  1. ЗА ЖИВОТОТ: Долг фудбалски натпревар.
  2. ЗА ТЕАТАРОТ: Е, тука се мачам да срочам нешто лирски, со љубов, миг, живот, ама не ми иде.
  3. ЗА ДОБРОТО: Се моли Доброто да се јави на главна каса, Светот го бара!
  4. ЗА ЗЛОТО: Производ на примитивна и неедуцирана багра.
  5. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Не ми е гајле.

  – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ?: Е, со нив сакам уште барем три животи време.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Тешка беда.
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Беливе дробови ми знаат.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Доживотно приватно-јавно партнерство.
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Може ќе дојдат, ама кој ќе ги режира…

12 . ЗА ИДЕЈАТА: Само да е прогресивна, да не движи напред. Се она што не турка назад цивилизациски и не враќа во други векови има друго име, се вика глупост.

  1. ЗА СОНОТ: Да не си ми у сон…
  2. ЗА ЈАВЕТО: Му фали боја во последно време, на глобално ниво.
  3. ЗА ВИНОТО : Ми требаше 10 години да сфатам од што ме боли глава.
  4. ЗА СЕМЕЈСТВОТО : Најдобри и најверни другари.
  5. ЗА КРАЈ: Пушти си го Шопен и мижи си.

За Петко – пет +: Најкорисното нешто што го имам направено како актерка. Неизмерно задоволство е да си дел од неформално образование на некое дете.

 

Стојан Велков – Трн актер

 

 

Во прво лице

Колегите- спектар од најинтензивни бои!

  1. ЗА СЕБЕ: Сè повеќе и повеќе се обидувам да стигнам до себе. Рационално, но не ретко и интуитивно. Тоа е силна врска. И често успева.
  2. ЗА ЉУБОВТА: Умешноста е: после искрата, да се задржи пламенот.
  3. ЗА ЖИВОТОТ: Колку поинтензивно го живееш, толку повеќе си живеел. Ја имам среќата да живеам во село, во тесна врска со природата, па со тоа и шансата многу одблизу да го набљудувам (и партиципирам во) создавањето на божественоста на животот во сите можни форми кои ми се на дофат на сетилата и можностите.
  4. ЗА ТЕАТАРОТ: Една од најпотентните уметности. Вреди да се биде таму. Ама, исто така и вреди да има кој да те изменаџира добро. За жал, скоро сите театри во Македонија сме ампутирани од тоа наше право!
  5. ЗА ДОБРОТО: Постои! Го видов вчера во целото битие на еден старец. Купив овошки-садници од него. Убаво ми дојде.
  6. ЗА ЗЛОТО: За жал, и тоа постои. Дури пред неколку години сфатив што значеше она што нѝ го кажа професорот: „Хамлет мисли (и чувствува) дека светот е исчашен, излезен од своите зглобови.“. Скоро секој ден се обидувам (не само сам, се разбира) малку по малку да го наместам.
  7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Каде се?!

 – А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Тука се! За моја голема среќа. Тие се голем дел од моето интензивно живеење.

  1. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: (Иако во песната е во друг контекст, сепак:) „You can fool some people sometimes, but you can’t fool all the people all the time. – Bob Marley (& Peter Tosh).
  2. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Посакувам да ја снема! И наместо неа да има сценска тишина, за да може да се чујат оние што го вложуваат своето битие на сцена, за с а м о еден аплауз.
  3. ЗА КОЛЕГИТЕ: Спектар од најинтензивни бои! Доста често се валидно мерило за завршената работа. Најбитните соиграчи на сцена. Но, и во кафана. J
  4. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Сè уште не сум ги запознал. Се надевам дека еден ден најинтимно ќе ги запознаам.
  5. ЗА ИДЕЈАТА: Многу е битно да се биде у п о р е н  до реализација!
  6. ЗА СОНОТ: Треба да е мирен. А соништата… е тоа е веќе нешто друго.
  7. ЗА ЈАВЕТО: Освен тоа што работам најразлични работи, во јавето често с о н у в а м.
  8. ЗА ВИНОТО: Ако испиеш доволно, освен вистината, во него ќе ја запознаеш и лагата.
  9. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Највистинското и најкомплетното среќно патување низ животот. Пополнувач на празнината. Извор на убавини. Љубов.
  10. ЗА КРАЈ: Силно посакувам нашите потомци да живеат во склад со природата! И човечкиот род (кој би требало да е во својот зенит на совеста и свеста) да престане со теророт врз себе си и врз другите суштества на планетава. Само на тој начин би го избегнале крајот.

 

Епидаур – Epidaur Ἐπίδαυρος

 

 

 За античката населба на територијата на денешниот ден во Цавтат. Epidaurum

Epidaur Епидаур Ἐπίδαυρος

Основни податоци 

Земја    Грција

Периферијата Пелопонез

Префектура Argolida

Населението 4471 (2001) височина 0-100 m m

Координати   37 ° 29’N 23 ° 08’E / 37,483 23,133 ° ° EKoordinate N: 37 ° 29’N 23 ° 08’E / 37,483 23,133 ° ° N Е

Временска зона По централно европско време (UTC + 2)

– Лето (ЛСВ) Централна Европа летно сметање на времето (UTC + 3) на регистарска табличка АП

Официјален веб-сајт  www.epidavros.gr

. Епидаурус (грчки: Ἐπίδαυρος, Епидаур) е мал град во Саронскиот Залив на Пелопонез, Argolis. Најпознат е исто со името по античкиот грчки полис во близина на Asklepios На Епидаур, чија светилиште е прогласено за светско наследство на УНЕСКО во 1988 година.

Театарот на Епидаурус
Asklepios светилиште во Епидаурус
 под заштита на  – UNESCO
 Грција
Регистриран 1988. ( 12. заседавање на УНЕСКО)
Наслов Културно добро
Мерило i, ii, iii, iv, vi
Загрозеност не
Референца UNESCO

 

Историја

Епидаурус е независен од Аргос од главниот град, и не беше вклучен во провинцијата Argolis до Римската империја. Постојат два истоимениот грчки капитал, колонија Epidaur во Илирија (Цавтат) и колонија Epidaur (Limera) Лаконија [1].

Полис Epidaur околината била независна територија “Епидаурус”, која беше познат како родното место на син Аполон Асклепиј, богот на медицината. Асклепиј е почитуван во ова место во 6 век пред нашата ера. Кр. кога старите храмот на Аполон Maleatasa врвот Kynortion стануваат неефикасни. Епидаурус стана познат за храм на Асклепиј која во моментов се наоѓа 8 км од модерниот град. Како најпознатиот одморалиште на антиката, светилиштето е во 4-та и 3-тиот век пред нашата ера. Кр. претрпе голема зграда комплекс со монументални градби (храмот на Асклепиј, големиот STOA, Tolosa, стадион и театар). Неговата слава и напредок продолжува низ целиот хеленизам, а 87 ПР. Кр. не ограбен римскиот генерал и диктатор Сула, 67 ПР. Кр. пирати.

Во 2 век од страна на Римјаните биле делумно обновен, но била целосно уништена во 395 Готите. И покрај христијанизацијата на Грција и на постепеното распаѓање на грчки храмови, Епидаурус останал познат како одморалиште до катастрофалниот земјотрес во 522 и 551, но тогаш како христијанин одморалиште.

Француски археолози во 19-тиот век, прв ја истражуваше овој археолошки локалитет, грчки археолошки општество од 1870 година, во 1926 година. ископа повеќето од споменици. Ажурирање на кина започна помеѓу 1954 и 1963 година, комплетна реставрација на храмот Asklepijevog започна во 1984 година и се уште е во тек, под будното око на грчкото Министерство за култура. [2]

Музеј во Епидаурус – дел на лечилиште

Asklepios светилиште во Епидаурус

Asklepios. на Епидаур светилиште е еден од најголемите летувалишта на античкиот свет, особено за време на класичниот период на античка Грција. Пациентите аџилак тука и ја поминаа ноќта во големата сала на спиење (enkoimitiria), каде што нивните соништа божество даде совет што да направите за да се лекува. Археолошки ископувања најде куќа за гости со 160 соби за ноќевање. Во близина се наоѓаат извршен минерална вода која, најверојатно, се користат за лекување.

Театар во Епидаурус

Театар во Епидаурус, со дијаметар од 114 метри, на најголемиот грчки театар кои би можеле да се сместат 12.000 гледачи. Како дел Asklepijevog светилиште од 1988 година се наоѓа на листата на светското културно наследство на УНЕСКО. Тоа е дело на архитектот Policleto помлади од 350 година пред Христа. Кр. и е совршено сочуван. Тоа е предвидено дека драмата која се разви од извршувањето на хорската ода за време на дионизиските празнувања. За овие свечености Потребни се збиралиште за хор и публиката. Собранието, кое е пеење и танцување, настапи на бендови (кружни подиумот со олтарот во средината) композиција која е утврдена од страна на голем дел од понатамошниот развој на грчкиот театар.

Изворот 34 од ред седишта, Римјаните се прошири со повеќе Epidaurum 21. На клупата се прошири за повеќе од половина вртење околу бендови, а не се направени во согласност со стандарден радиус, со широк премин (parados) ги дели хоризонтално, а во горниот клупи се поостри од помал. Оваа ситуација се подобрува акустиката. Дискавери потврди научни студии во 2007 година научниците Деклерк и Ф. Ника Синди Декејсер Универзитетот за технологија во Џорџија, САД