50 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО Цела година уметничка дружба со актерот Мите Грозданов

ПО ПОВОД ЗЛАТНИОТ ЈУБИЛЕЈ – 50 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО

5 март 2017
На светскиот ден на театарот на 27 март на неговата матична сцена во Драмскиот театар од Скопје, Грозданов ќе има две изведби на монодрамата “Црв”, првата од 18 часот за учениците од средното училиште “Јосип Броз Тито ” од Скопје, а официјалната “десетка” и мини јубилеј е во вечерниот термин од 20 часот за сите љубители на театарот односно на монодрамата.

Еминентниот македонски актер Мите Грозданов годинава одбележува златна годишнина-50 години актерско творештво. По тој повод овој бард на македонското глумиште речиси цела година ќе ја анимира театарската публика стартувајќи веќе од денеска со настап преку монодрамата “Црв”, што по роман на Дејан Трајкоски ја адаптираше неговиот син Борче, и тоа во Домот на културата “Ѓорче Петров” во чест на Сојузот на пензионерите на Македонија.

На светскиот ден на театарот на 27 март со истото дело на неговата матична сцена во Драмскиот театар од Скопје, Грозданов ќе има две изведби, првата од 18 часот за учениците од средното училиште “Јосип Броз Тито ” од Скопје, а официјалната “десетка” и мини јубилеј е во вечерниот термин од 20 часот за сите љубители на театарот односно на монодрамата.

Патешествието на актерот не застанува тука, туку на 3 мај со монодрамски парчиња од легендарниот Митке од “Коштана” на Борисав Станковиќ, Грозданов ќе настапи пред пензионерите од Оптина Кисела Вода.

За 25. мај е закажан спектаклот “Историска хронологија” со учениците од ” Ј.Б.Тито” од Скопје во атриумот на гимназијата. Во чест на долгогодишната соработка со драмскиот аматерски фестивал во Кочани, Грозданов повторно ќе има монодрамски настап.

Во рамките на годишната прослава наесен се планираат претстави и во Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Струмица…

Завршницата е предвидена со театарскиот перформанс “Дибови глави” што според сопствен расказ ќе го адаптира Грозданов.

Прославата на овој редок актерски јубилеј се заокружува со филмската недела на Мите Грозданов што од 8. до 14. декември се планира да се одржи во Кинотеката на Македонија.

Инаку Мите Грозданов во својата богата кариера зад себе има оставено траг од шеесетина улоги, од кои повеќето главни на матичната сцена на Драмскиот театар од Скопје и уште четириесетина гостувања на сцените на МНТ, НТ “Антон Панов” од Струмица, НТ Штип, Албанскиот театар…, како и 9 монодрами, педесетина аматерски спектакли и претстави речиси низ целата република (Гевгелија, Кочани, Кавадарци, Тетово, Струмица…), но и стотици ТВ серии, ТВ филмови и радио драмски остварувања. Грозданов е основач и предводник на “Театар Македонија” првиот официјален приватен театар, каде се јавува и како режисер и како актер.

Мирјана Ристов, актерка

Во прво лице 

ЖИВОТОТ е Дар од Бога

  1. ЗА СЕБЕ: Неможам сама да кажам. Се плашам да не се преценам J
  2. ЗА ЉУБОВТА: Двигател во животот.
  3. ЗА ЖИВОТОТ: Убавини … подеми и падови… Дар од Бога.
  4. ЗА ТЕАТАРОТ: Животот J
  5. ЗА ДОБРОТО: Нека владее
  6. ЗА ЗЛОТО: Нека си оди
  7. ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: Мислам ги немам. Навреме се отргнати од мојот живот. – А ПРИЈАТЕЛИТЕ: Ги сакам колку себе си.
  8. ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: Големо НЕ
  9. ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: Алергија која ти предизвикува завист J
  10. ЗА КОЛЕГИТЕ: Си ги сакам сите до еден.
  11. ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: Што е мое ќе си дојде J
  12. ЗА ИДЕЈАТА: Најскапоценото нешто.
  13. ЗА СОНОТ: Сакам да сонувам… Таму немам граници.
  14. ЗА ЈАВЕТО: Горко и слатко.
  15. ЗА ВИНОТО: Ако се бара универзално мислење, асоцијацијата е: љубов, романтика, уживање. Лично мене: Гадење J Единствен пијалок кој неможам да го пијам, не дека не сакам, стомакот не ми го прима J
  16. ЗА СЕМЕЈСТВОТО: Мојот универзум… Мојата насмевка, мојата гордост, моето се.
  17. ЗА КРАЈ: Тркалото се врти

НАМЕСТО ХЕПИЕНД

проф.д-р Христо Петрески
КРАТКАТА ПРОЛЕТ И НАСОЛЗЕНАТА ЗАВЕСА

Пиесата “Минерва и девет музи“ е најпоучното литературно дело на Џинот. Таа е добро замислена и, може да се каже, добро исполнета. Идеите на просветувањето, а ние би рекле на просветлението, и издигнувањето на културното и здравственото рамниште на народот и патриотскиот порив за будење на нацијата попримиле книжевно-уметнички израз.

Џинот создавал пиеси и заедно со учениците подготвувал мали театарски претстави. Тие биле од отворен тип, односно можеле да присуствуваат и бесплатно да ги гледаат сите. Значи, неговите претстави биле оригинални и главно со патриотски содржини.

Јордан Хаџи Константинов – Џинот бил назначен во 1848 година за скопски учител од страна на Ѓорѓи Попович, угледен скопјанец и почесен конзул на Русија во Скопје.
Инаку, Џинот како учител во Скопје бил голем ентузијаст и развил разновидна и содржајна дејност. Тој прорповедал во куќата каде што живеел, проповедвал во црквите, проповедвал во училиштето, создавал пиеси, воведувал нови предмети во наставата, но и шишувал во весници. Неговите проповеди биле во врска со верата, народот, воспитувањето и однесувањето на луѓето. Џинот бил добар христијанин, пламен говорник и високо достоинствен човек и сакал сите да бидат како него.

TЕАТАРОТ КАКО МАСОВНА И ЕЛИТНА КУЛТУРА

 

Тихомир Стојановски

КУЛТУРОЛОШКИ ФЕНОМЕН НА ТЕАТАРОТ

И секако кога веќе дојдовме до котата на словото, на зборот, не можеме да избегаме од неговата боженственост нели: “Во почетокот беше словото и словото беше во Бога и Бог беше словото”10. Тоа македонскава земја ја прави како земја на словата, по доаѓањето на Апостолот Павле во Македонија, по сонот на Македонецот

ја покрстува првата христијанка во Европа, Лидија. Сонот на Апостол Павле во кој го сонува Македонецот кој му вели:”… премини во Македонија и помогни ни…”11. Потоа Господ ги испраќа Петар и Павле во светата земја да го шират евангелието.

На таа тема повеќепати веќе е пишувано и во други студии во последниве години. И ние сценските верници со театарот “Скрб и утеха” ја имаме играно таа сцена со Апостолот Павле и Лидија, во 1996, како пример дека се прекршуваат театарот и историјата. Ја поставивме во драмата “Ние”. Ја одигравме на “мајката сцена”. Ја споделивме со гладачите. Ја допревме точката на театарот и религијата, на театарот и историјата, и на театарот и самиот живот. Или на театарот и запишаниот збор, секако од Светото писмо, како дел од религијата. И ако потоа повлечеме културолошка линија меѓу словата и македонскава земја, секако не зборавајќи го театарот во кој се играат и озвучуваат во сценски дејства словата, би требало да ги споменеме Свети Климент со кирилицата, Свети Кирил со глаголицата, и секако митскиот македонски цар Орфеј кој бил “пронаоѓач на азбуката”12 како следственост, како запишана историја од претходниците. Како запис од животната драма на тлото на Македонија. Како запис за македонската историска, но и духовна драма. Барем така може да се прочита во напишаните книги. Во напишаните драми. И нели да споменеме уште една реплика запишана во животната драма и театар дека: “историјата ја пишуваат победниците”. И затоа историјата треба да ја разбереме како драма. Како театарско дело напишана од оној кој победил. Но, сепак и да ја бараме нејзината следственост во однос на македонската култура. На културата која се создавала на македонското тло. Со оглед дека нé има како култура и духовност. Дека именувањето Македонија и Македонци трае и денес. Не исчезнало како во случај на одредени антички именувања како Скити, Траки, Илири, Дардани, Пеонци кои исчезнале како именувања што не значи дека ги нема и како култура. За да се разбере историскиот запис и неговата врска со театарот. За да се разбере именувањто и историската, културолошка следственост.

ШТО СЕГА? посветено – Џемаил Максут

ШТО СЕГА?

Завесата се дигна,
спреми се.
Стави си ја маската,
соживеј се со улогата,
диши,
играј!
Завесата се спушта.
Бурни овации.
Маските паѓаат,
темнина,
празнина…
ШТО СЕГА?

од Осло една песна на поетесата
Рабиа Фета од книгата ‘ТЕАТАРОТ‘
посветена на Џемаил Максут

Хартија која живот значи

За писанијата на буквите и зборовите на хартијата која за многумина живот значи
Папирусот е
Папирусот претставува материјал за пишување и оправдано е мислењето дека со преработката на египетската билка всушност почнува историјата на книгата. Вештината за изработка на папирусот ја изумиле старите Египќани уште околу 2000 год. пр.Хр. и оттогаш папирусот наоѓа широка примена во другите цивилизации на Стариот свет каде што писменоста почнала да се развива во полн ек. Старите Грци го прифатиле овој материјал, од нив Римјаните. Називот папирус потекнува од речната мочуришна трска ciperus papyrus која растела во изобилство покрај наводнетиот брег на реката Нил во Египет. Зборот е египетски и во превод значи она од реката, а историчарот Херодот во своите историски записи го нарекува библос. Папирусот во антиката се задржал долго како и во средниот век, бил на цена, но подоцна во XI век бил потиснат од пергаментот. Римскиот историчар Плиниј Помладиот ни оставил сознанија за техниката на изработка на папирусот.
Во кратки црти производството се одвивало на следниот начин:
Стеблото на трската бидејќи било високо го сечеле во должина од 15 – 40см. Потоа срцевината била расцепувана на долги и тенки ленти со ширина од 2-3 см. Лентите биле редени една до друга врз камена подлога во вертикален и хоризонтален распоред под прав агол. Потоа лентите биле целосно посипувани со нилско блато или со лепило од пченично брашно со цел да се залепат и спојат во текстурата. Мазнењето на папирусот врз камената подлога се вршело со помош на рамни камени орудија. Следно, израмнетата површина се оставала на сончева топлина за сушење. Откако папирусот го добил својот тенок облик, заради заштита и лесно складирање бил свиткуван на свиток (rotulus) што го држат дрвени стапчиња (umbilici) на чиишто краеви се ставале мали рачки (cornua). Се пишувало со помош на каламус само врз една страна на папирусната површина. Каламусот бил цевче од трска зашилено на едниот крај. Подоцна го засекувале шилецот за да му дадат еластичност на цевчето при пишување на тенки и дебели букви. Мастилото што го употребувале се подготвувало од смола или гареж во вода. Во антиката се користела само црната боја.

Миа Кантарџиева актерка

Во прво лице

ВЉУБЕН СОНУВАЧ

ЗА СЕБЕ: – Вљубен сонувач…
2 . ЗА ЉУБОВТА: – Воздух (незагаден)

ЗА ЖИВОТОТ: – Еден е. ЖИВЕЈ!
ЗА ТЕАТАРОТ: – Прибежиште
ЗА ДОБРОТО: – Добредојдено е.
ЗА ЗЛОТО: – Да нема зло, не би знаеле за добро.
ЗА НЕПРИЈАТЕЛИТЕ: – Ги игнорирам.
– А, ПРИЈАТЕЛИТЕ? – Им се радувам.

ЗА ГЛУМАТА ВО ЖИВОТОТ: – Оправдана е само за живот на сцена!
ЗА СЦЕНСКАТА ПРАШИНА: – Влегува под кожа.
ЗА КОЛЕГИТЕ: – Учам. Како треба и како не треба.
ЗА НЕОДИГРАНИТЕ УЛОГИ: – Раце широко отворени
12 . ЗА ИДЕЈАТА – Често ме посетува, фала и’.
ЗА СОНОТ – Потреба, инспирација…
ЗА ЈАВЕТО – Понекогаш е добро, понекогаш лошо со мене.
ЗА ВИНОТО – Не сме баш пријатели, со пивото повеќе ми оди муабетот 🙂
ЗА СЕМЕЈСТВОТО – Душа давам.
За приказните – Наследство.

ЗА КРАЈ – Бај Бај 🙂