Никола Ристановски 27 март 2010

 

ПРЕД 17 ГОД ЗА ДЕН НА ТЕАТАРОТ РЕКОЛ

 

актер од Македонскиот народен театар 

 

Далеку од мојата земја – ме прашуваат за мојот театар. Никогаш не сум имал доволно дистанца од него, за да знам се за него… Ја немам ни сега. Но, сигурен сум, дека спецификата на тој Театар – е детерминира на од поднебјето, од менталитетот, јазикот, насле-дството, опште ствениот момент… И се разбира – од поединци. – Индивидуи.. Некои Глумци, режисери… Живи луѓе.Во конкретниов случај – И со уште нешто – кое незнам како точно се нарекува – но силно го чувствувам. Нешто што не е правец – ниту вид. Нешто што не е систем – туку инстинкт. Нешто што не е естетика – туку антрпологија… Нешто што има свои подеми и падови. Но и свои длабо ки корени. Тоа е мојот Театар.Вечерва повторно ќе бидам дел од него – и сосема – инстиктивно ќе ја оставам пред неговите врати – целата таканаречена култура што ја создава современиот поредок,- користејќи ги технолошките митови од една страна, и прин-ципот на задоволување на физиолошките потреби – од другата.И повторно – како и секогаш – ќе ги затворам вра тите на сето она што го спречува – вистинско то поимање на човековата суштина и инди видуал-ност. Ќе ги оставам надвор – сите слатки вистини – бранети со бедеми од лаги, и сето она – што коренито ги навредува – сеопфатните и разно-бојни човечки искуства.Освен нив, во него ќе ги најдам – сите оние хумани вредностии – што сме ги подзаборавиле патем – силувани од оние кои владеат со светот надвор – со законот на посилниот, со поредокот, со принуди и награди и со привидот на обра-зованието.Тој Театар – силно ќе се спротистави на исто-ријата – затруена со митологија, ќе ја воспостави – сегашноста – како единствена возможна рамка за вистинска љубов, и – суптилно, чувствено и разумно – ќе ја насети смислата на нашата иднина и идентитет.Мојот Театар – вечерва – повторно ќе се пре-соблече во рувото на Дон Жуан, ќе ја отфрли бесмилата на апсурдот и погубноста на малогра-ѓан шти ната. И по којзнае кој пат – ќе се обиде да ги напипа -принципите за човечката несреќа, како и изворите на неговата бесконечна сила. Ќе се обиде да го спротивстави – убавото на грдото. Да го просее доброто од злото. Помислу-вам дека таквиот Театар би можел да биде – но ва Но ева барка….Далеку од дома – си ја допуштам себеси оваа Илузија, зашто – конечно – без илузии – во ова време на “чисти сметки” и ”реални нешта“ – ние се повеќе нема да бидеме во состојба да живееме како човечки суштества,Можеби затоа – сеуште верувам во луѓето – кои се во состојба да сонуваат преку Театарот. И да бидат негова суштина .Тие едноставно – понекогаш имаат талент – да го замислат оној Живот, – кој неличи – на животот што го живееме денес. И тие имаат моќ да го менуваат на подобро.