ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕАТАРСКАТА СЦЕНОГРАФИЈА
Под поимот театарска сценографија се подразбира обликување и креирање на сценскиот простор во кој се игра драмската/балетската/оперската претстава. Поимот потекнува од старогрчкиот збор (скенографиа), сцена, цртање; што упатува на сликање на сценскиот декор, театарско сликање; сликање на предмети во далечина, перспективно сликање. Овој поим е интернационално прифатен театарски израз и се користат и поимите: сценограпхѕ / стагецрафт / сет десигн (анг.), сзенограпхие/ бüхненбилд (герм.), сцéнограпхие (франц.) и есценографíа (шпан.). Човекот што се занимава со креирање/создавање на сценографијата се нарекува сценограф. За различното гледање на поимот сценографија се изјасниле голем број сценографи. Дефинициите кои следат се дел од искажаните гледања за сценографијата на некои од најдобрите сценографи од светот, кои се поместени во книгата Šта је сценографија? од Памела Хауард. (стр. 11 – 15) – Жером Меклберг, Белгија: Прилагодување на дадениот простор за театарското случување; – Хозе Карлос Серони, Бразил: Просторно толкување на сцената; – Јозеф Свобода, Чешка: Взаемно дејствие на место, време, движење и светло на сцената; – Ги-Клод Франсоа, Франција: Уметност на создавање на оној вистински простор за игра за секој сценографски медиум; – Таурус Ва, Хонг Конг: Визуелна уметност и дизајн во различни медиуми; – Рони Торен, Израел: Облик, боја и светло претворени во нереална реалност; – Казуе Хатано, Јапонија: Живот на просторот и визија на човештвото; – Хамзах Мохамед Тахир, Малезија: Визуелна уметност која опфаќа елементи на драма, емоции и комуникација; – Јозеф Цилер, Словачка: Материјализација на фантазијата; – Џорџ Алекси-Мескишвили, САД: Свет на фантазија, место каде можам да патувам низ иднината и минатото и да го покажам сопствениот свет на сцената; – Јаго Перикот, Каталонија: Визуелизација на драмскиот текст – да се види значи да се верува; – Владимир Аншон, Естонија/Русија: Ова е игра на времето, просторот и чувствата во услови на некоја ситуација; – Ерик Кауенховен, Холандија: Наговестување на просторот кој во главата на гледачот се трансформира во што било; – Миодраг Табачки, Србија: Идејно решен визуелен простор на претставата кој е обликувам во физичка и архитектонска целина. Она што ги карактеризира и поврзува овие познати и реномирани светски сценографи во дефинирањето на оваа област се поимите: визуелна уметност, дизајн, простор, време, дејство, движење, светло, текст, боја, актер, режисер, гледач. Општо гледано, сценографијата е спој на ликовната уметност, скулптурата, архитектурата и дизајнот; неразделна е од оптиката, односно светлината. Таа во себе обединува неколку различни категории од кои зависи и кои се нејзини неразделен елементи: односот и читањето на текстот; визијата и гледањето на режисерот; видот и употребата на материјалите, бојата и светлото; костимот, движењето, ритамот и технологијата на изработка. Според сценографот Памела Хауард, сценографијата подразбира склоп на неколку аспекти, кои имаат иста тежина и значење во целата претстава и каде секој извира и зависи од претходниот. Сфаќањето на сценографијата започнува со разбирањето на потенцијалите на празниот простор во кој ќе биде изведена претставата. Потоа врз основа на текстот се истражува контекстот на претставата за да се одберат правите објекти, форми или бои кои треба да се вградат во просторната композиција што на текстот ќе му дадат виталност и визија. Според Хауард, просторот е мртов сé додека не го населат актерите кои ќе станат движечки елемент на сценските слики, толкувајќи ја приказната која се нагласува со употреба на тој простор. Соработката помеѓу театарските уметници понатаму е насочен кон режисерската визија, и сето тоа го оживува простор и го обликува во согласност со потребите на претставата. Конечниот елемент, кој го затвора овој кругот, е публиката која го исполнува заедничкиот простор на театарската зграда и која е онаа причина за која се создава делото. Сценографијата се подразбира онаква какво што е само ако овие седум аспекти имаат еднаква тежина и значење во целата театарска претстава, каде секој од нив извира од претходниот и зависи од него. (Хауард, 2002: 19) Шематски прикажан процесот на изработка на една сценографија може да се прикаже на следниов начин: ТЕКСТ РЕЖИЈА СЦЕНОГРАФ ЦРТЕЖ (ПРОЕКТ) технички цртежи избор на материјал ИЗВЕДБА Столарска работилница Декоратери Сликање/ боење ПОСТАВУВАЊЕ НА СЦЕНА СВЕТЛО МАЈСТОР АКТЕРИ.
Магистерски труд на Ивана Jарчевска