Процес (роман) – Франц Кафка

 

 
Автор Франц Кафка
Наслов на
оригиналот
Der Process
Земја Австрија
Јазик Германски
Жанр(ови) Филозофски роман
Издавач Курт Волф Ферлаг, Минхен
Издадена 1925

Во своето дело „Процес“, Франц Кафка ја опишува судбината на една обвинета личност во светот на институциите и нејзината агонија при талкањето низ лавиринтот наречен бирократија. Извонредна алегорија за апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на инсинуациите и шпекулациите кои се обидуваат да ја разградат личноста. Наметнување на вина за случај базиран на сплет од околности кои заедно креираат димензија на испланиран, координиран хаос. Преку најразлични психолошки методи, со обвинувања и заплашувања, се создава слика на безизлезна состојба во која некој мора да ја превземе одговорноста. Влијанието на насоченото јавно мислење станува фатален при пресметката на таа одговорност.

Значење на делото

Преку овој алегоричен романКафка kритикува бирократијата на Австро-унгарската власт, која била имуна на сѐ што е човечко и човекот го поистоветувала со формулар. Тој сметал дека тогашните судови биле премногу исполитизирани за да му овозможат да поединецот да се брани, па аналогно на тоа таквите институции не носеле правилни одлуки. Дел од литературните експерти ја поврзуваат пораката на „Процес“ со еврејското прашање, односно прашањето за вина е одредено според припадноста на поединецот во определена групација, нација или класа. Преку карактерот на Јозеф К. се согледува дека луѓето спротивно на своето достоинство им се додворуваат на властите како би ја придобиле нивната наклонетост.

Идејата на ова дело е немоќта на човекот како единка да ги разбере принципите и механизмите на власта, како и неможноста за отпор спрема неа. Кафка го кренал гласот против малите луѓе кои ја барале милоста на големите. Во идејата на романот некако потајно провејува нишка за апсурдноста на постоењето, што подоцна ќе ги инспирира Албер Ками и Жан Пол Сартр да ги постават темелите на егзистенцијализмот.[5] Што се однесува до темата, таа е пеколот на човековата интелектуална свест во борбата против бирократијата и злото кое го наметнува власта.

Театарски адаптации

  • Сценаристот и драмски режисерСтивен Беркоф приспособил неколку од романите на Кафка за сценска изведба. Неговата верзија на „Процес“ била премиерно одиграна во Лондон, 1970 год, додека во пишана форма верзијата била издадена 1981 год.
  • Грег Ален, драмски сценарист одЧикаго, направил доста успешна театарска претстава темелена на овој роман. Истата била на репертоарот на локалните театри неколку месеци.
  • Драмата Јозеф К. е напишана од Том Базден, која претставува современа верзија на култниот роман, а својата премиера ја доживеала во театарот воНотинг ХилЛондон.
  • Готфрид фон Еинемја создал операта Der Prozeß, што било прв случај некој да компонира музичко дело базирано врз дејството во романот.

Французинот Серж Ламот направил сопствена драмска преработка на „Процес“ во 2004 год., која одреден период се прикажувала низ театрите во Монтреал и Отава.

 

Филмски адаптации[