Тихомир Стојановски
Ако секој запишан збор може да се одигра, иако не е театар, ако може да се драматизира, тогаш од сé може да се создава сценска уметност. Се разбира, ако и дадеме духовен смисол. Во однос на македонската историска драма имаме три личности кои се запишани во неа како дарувачи на словата на Бога: Орфеј, Свети Кирил и Свети Климент. И секако македонската историска драма има култ кон словата и запишаниот збор. Тоа на нашава тема за театарот и дава дополнителна тежина и духовна вредност. Од тој контекст словата од елитност со обнародување доаѓаат до котата на масовноста, описменувањето, читањето, пишувањето и понатаму низ историската македонска драма. Словата добиваат обнародување и масовност со описменувањето од Орфеј, од Свети Кирил, од Свети Климент до денес.