Вистината сепак ќе ја види светлината

ТЕАТАР

За премиерата на “Говорна мана” од Горан Марковиќ, најнов продукт на МНТ (Мала сцена)

Дали вистината ќе прогледа низ светлината на денот, дали нашите фрустрации (тетарски или не?!) ќе излезат до тесните рамки на битието, за жал, само наречено човек, и дали мора да бидеме врамено политичко битие за да разбереме дека лагата е патот, а љубовта и се останато се само маргинални сопатици?!

Овие теми и дилеми ги отвора пиесата “Говорна мана”, која српскиот автор Горан Марковиќ ги отвора пред точно две децении во едно време-невреме, време на погазено човечко битие, време кога достоинството било само мислена именка…

Сетоа ова би било во ред кога оваа пиеса – драма, поставена на малата сцена на МНТ не би била и тоа како и денес актуелна! Овие навидум безизлени (не)патишта и патешествија се поставени и “врамени# на релација театар – сцена – кутија со или без рамка сеедно, а низ визирот/визијата на режисерката Драгана Милошевски-Попова и базиран на изнпресивната и извонредна актерска енергија… А фактот и факторот за театарското постоење го потврдува фантастичниот Игор Џамбазов, кој преку одмереноста и точноста на секој изговорен збор, или создаден гест, ни докажува дека за некој веќе добронаученото мајсторство не се заборава, исто како што не се заборава возењето на велосипед, пливањето …. изгубеното величество актерот, низ несовршеноста во своите фрустрации и само човекот Мишел “професорски” го води популарниот Џамбаз.

Со сличните карактеристики, извонредно умешно се снаоѓа и ги доловува актерката Сашка Димитровска, преку нејзината Славица, таа не потсетува и на дилемата дали навистина е доволно добра причина да се жртвува се животно, па дури и нероденото дете, во името на улогата – сон?! Димитровска извонредно се справува со фрустрациите и несовршеноста на Савица, играјќи меѓу сонот и јавето, за кое и самата не е свесна…

Како пандан или контрапункт на вистината се испречува Петар политичарот, алијас Ивица Димитриевиќ, кој низ својата “џандарска” логика ја води и се води преку својата точност на современието, и “точноста” на лагата…

За да не е се така црно, тука се веселите актерки Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска, кои во својата синхронизираност убаво, прецизно и точно не опоменаа дека нашиот театар продолжува иако сме само публика, и надвор од кутијата -сцена … За оваа идеа “виновен# е драматургот Дејан Дуковски, се рабира надополнет со живиот импликативиен и иновативен мизасцен на триото сочинет од режисерот Попова.

За заокружување на овој тетараски чин кој бездруго треба да се види “виновници# се и костимограф и сценогаф Илина Ангеловска, која многу верно и концизно не лишува од непотребности на сцената и низ костимите, За уметничката фотографија која има внтрешна експресија кај актерите се погрижи Драган Гајиќ. Горан Трајковски чија музика не е само дополна ами и комплетен сопружник на наративот и прецизно издизајнираното светло на Илија Трчуговски.